verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Селективно и наменски скроена изјавата на Жбогар

on 13 - 02 - 2017       

press 24

[Рецензија: Жбогар: Што побрзо да се формира влада – не е важно кој ќе биде во неа]

 

„Секогаш ќе има парцијални гледишта и секогаш има приказна зад приказната која сè уште не излегла на виделина. Која било форма на новинарство со која се занимавате треба да биде против пристрасни аспекти и делумно знаење“. (Маргарет Атвуд, канадска писателка)

Во овој напис ни се нуди токму спротивното – селективност во пренесување на изјава на врвен европски дипломат акредитиран во земјава. Како да се оди преку трупа, да се претрча преку настапот на Самуел Жбогар и неговата значајна порака за тоа каква влада и треба на Македонија. Плус, дозволено е преслободно толкување на неговите зборови пишувајќи дека не е важно кој ќе биде во владата.

 111Линк до оригиналниот напис: Жбогар: Што побрзо да се формира влада – не е важно кој ќе биде во неа

 Датум и време на објавување: 07.02.2017  13:56

 Датум на рецензирање: 08.02.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

„СЛОБОДЕН ПРЕПЕВ“

Кус напис, куса рецензија. Затоа, накусо, селективноста извира од овој материјал составен од само три реченици. Во текстот само се нафрлени елементи, парчиња од изјавата на ЕУ-амбасадорот, најверојатно избрани по нечија „мерка“, кои потоа се вообличени во некаков слободен препев дека за Брисел е небитно кој сè ќе биде во новата влада.

„За Македонија неопходно е што побрзо да се формира Влада, без оглед на тоа кој се ќе биде во истата, а се со цел земјата да продолжи на патот кон интеграција во европската унија, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој вели дека политичките партии сами треба да одлучат каква Влада ќе формираат, важно е истата да биде силна, но и поддржана од опозицијата, без разлика која политичка партија ќе биде опозициона. Ние не можеме и не сакаме да се мешаме во тоа кој ќе формира Влада, изјави евроамбасадорот одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Прилеп“.

А еве што, всушност, изјави евроамбасадорот во Прилеп:

„’Со нетрпение очекуваме формирање на новата влада. Гледаме дека сите политички партии во земјата ја поддржуваат агендата на ЕУ. Веруваме дека токму оваа ЕУ-агенда е центарот или ткивото кое би ги обединило сите политички партии во земјата и таквата агенда секогаш ќе има потреба од широка поддршка, не само од партиите кои се на власт, туку и од опозицијата. Токму на тој начин или во тој контекст ние гледаме една силна влада која ќе притиска или ќе работи на имплементација на ЕУ-агендата и ќе направи прогрес, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање што да се очекува и какви пораки ќе испрати еврокомесарот Јоханес Хан кој се најави дека в четврток ќе дојде во посета на Македонија.

На прашањето дали широка коалиција ќе ја надмине политичката криза во земјава, Жбогар рече дека создавањето коалиција или каков било вид влада што ќе се формира е одлука на политичките партии.

Тоа е работа или одлука на политичките партии во Парламентот да одлучат каков вид коалиција, каков вид влада сакаат да формираат. Ние како ЕУ немаме никаков став или гледиште во врска со тоа прашање. Меѓутоа, тоа што е во наш интерес е да се формира една силна коалиција во поширокиот контекст, во контекст на тоа без разлика дали партиите се на власт или опозиција, сите да дадат поддршка на реализација на ЕУ-агендата, рече евроамбасадорот Жбогар при денешната посета на Прилеп“. (А1он, 7 февруари 2017)

Значи, Жбогар, гледано низ новинарска диоптрија, пренел неколку пораки, како, на пример, дека е потребна силна влада со широка поддршка и со јасна ЕУ-агенда која и би била нештото што ќе ги поврзува сите политички партии и дека Брисел сака да види вистинска посветеност на реформите. Оттука, јасно се гледа курсот што ЕУ го посакува за Македонија. Така што, насловот: „Жбогар: Што побрзо да се формира влада – не е важно кој ќе биде во неа“, е несоодветно симплифицирање на материјата.

Но, можеби тоа и било целта – поедностави и објави.

Како да се заборавило на што нè обврзува Кодексот на новинари: Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести