verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Реален приказ за дефицитарните технички кадри

on 9 - 02 - 2017       

kapital

[Рецензија: Фалат бравари, ѕидари, стругари… сè од техничките струки]

 

Текстот што го рецензираме дава реален приказ на состојбата со дефицитарните кадри во македонската економија. Низ бројки, примери, изјави, релевантни извори овој материјал ги прикажува проблемите што компаниите постојано ги посочуваат, а тоа е дека образованиот систем продуцира неквалификувани кадри, дека не можат да се најдат работници, а дефицитарни се и техничките струки. Написот е сеопфатен, содржаен и ги нотира сите горливи проблеми кои се поврзани со невработеноста, образованието, нелојалната конкуренција што ја имаат домашните компании со странските.

kapital.mk_falat-bravari-ziЛинк до оригиналниот напис: Фалат бравари, ѕидари, стругари… сè од техничките струки

Датум и време на објавување: 20.10.2016

Датум на рецензирање: 09.02.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

МНОГУ БРОЈКИ И ИЗЈАВИ

Текстот почнува со пример, во кој соговорничката (разбирливо) сака да остане анонимна, но сепак е легитимен начин да се долови проблемот за кој се пишува. Низ овој пример се дава приказ дека ситуацијата и условите за работа во одредена индустриска гранка се сменети (во случајот текстилната индустрија). Во овој дел од текстот постои обид да се урнат стеретипите кои важеа за текстилниот сектор дека платите се ниски, а условите за работа се катастрофални. За волја на вистината, конкуренцијата и странските инвестиции во областа на текстилното производство, сепак го подигнаа нивото на стопанисување во оваа дејност. Она што анонимната работничка го тврди во својата изјава за зголемување на платите, во текстот е поткрепено и со официјални бројки од Државниот завод за статистика за порастот на платите во текстилната индустрија.

„До пред неколку години во текстилната индустрија платите беа навистина мизерни, не дека и денес нема луѓе што работат за 7- 8.000 денари и повеќе од 10 часа на ден, но тоа се сега поретки случаи. Зголемената конкуренција предизвикана и со доаѓањето на странските инвестиции, како и одливот на млади луѓе од Македонија ги натераа работодавците да ги покачат платите и генерално да ги подобрат условите за работа. Сега сè потешко се наоѓаат работници “, вели Наташа. За себе вели дека стигнува и до 20.000 денари плата месечно, затоа што има поголемо искуство и веќе ѝ доверуваат поодговорни задачи во конфекцијата. Пониска плата од 12.000 речиси и да нема во конфекцијата кај што работам јас, вели таа“.

 

 

РЕЛЕВАНТНИ ИЗВОРИ

Потоа во текстот преку изјава на релевантен извор се опфаќа друг проблем кој сопствениците на македонските компании постојано го истакнуваат, а тоа е нелојалната конкуренција која ја имаат во странските инвеститори. Тие постојано укажуваат дека се во неповолна позиција во споредба со нив, бидејќи странските инвеститори имаат даночни олеснувања и ослободувања од плаќање придонеси за работниците, а преку оваа изјава тоа и се потврдува. Исто така, се опфаќа и друг проблем на кој нашите компании се жалат, а тое е дека, наместо странските инвеститори да ги вработуваат невработените од Агенцијата за вработување, тие го земаат веќе подготвениот кадар од македонските текстилни фабрики. Поради субвенциите, странците можат да понудат повисоки плати, што е уште една потврда дека тие се нелојална конкуренција за нашите компании.

„Вработени што работеле кај нас и по 20-тина години, во кои што сме вложиле многу, преку ноќ ни ги земаат странците за повисока плата. Тие може да понудат повеќе бидејќи се субвенционирани, не плаќаат придонеси и сл., а разликата помеѓу бруто и нето плата сите ја знаеме. Ние не можеме тоа да го спречиме, се разбира, уставно право на секој е да работи кај што ќе му понудат подобри услови, но ако странците користат привилегии, тогаш би требало да вработуваат луѓе пријавени во Агенцијата за вработување како невработени, да вложат во нивната едукација, а не нам да ни ги земаат искусните работници.“, рече Димитров на прес конференцијата за состојбите во текстилната индустрија одржана во Стопанската комора на Македонија пред неколку денови.“

Текстот обработува важен проблем во македонската економија: неквалификуван кадар и недостиг од струки на пазарот и притоа се темели на факти. Може да се потврди веродостојноста на наводите, бидејќи се користат повеќе релевантни официјални извори кои застапуваат повеќе страни и од повеќе аспекти се разработува проблемот. Станува збор за сеопфатен и содржаен текст, кој ги содржи сите елементи на добар новинарски производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести