Рецензии

Судски инцидент (зло)употребен за политичко-партиска пресметка

на 15. 02. 2017 | |

[Рецензија: Насилникот на СДСМ од Основен суд заработи обвинение]

  Веќе видено: судски случај искористен за политички цели. Нетрпеливост, дали лична дали професионална, меѓу двајца вработени во Основниот суд Скопје 1, која, според обвинението, кулминарала со физички закани, е злоупотребена за на целиот настан да му се даде партиски предзнак. Нормално, „минусот“ е за опозицијата, зашто, како што се тврди, насилникот бил на СДСМ!   Линк до оригиналниот напис: Насилникот на СДСМ од Основен суд заработи обвинение Датум и време на објавување: 14.02.2017,  09:58  Датум на рецензирање: 14.02.2017  Рецензент: Владимир Мирчески    

ДАЛИ НЕКОМУ НА ЧЕЛО МУ ПИШУВА ЗА КОЈА ПАРТИЈА Е?!

Зошто еден навистина непријатен инцидент на работно место веднаш се спинува во политичка приказна? Новинарска причина нема, ама партиска

Во новинарството нема место за лажни вести

на 15. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: ЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА: Прифаќаме двојазичност на цела територија!]

  Текстот што го рецензираме е чиста манипулација и невистина и има цел да го деградира лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев. Самиот наслов на написот „Заев потврдил на хартија: Прифаќаме двојазичност на цела територија!“ е еден голем спин и лага, а е пренесен на начин да изгледа како вистина и како да е извлечен од сигурни и добро проверени извори. Но, кога ќе го отворите текстот, ќе видите дека напишаното не е точно. Линк до оригиналниот написЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА: Прифаќаме двојазичност на цела територија! Датум и време на објавување: 13.02.2017 Датум на рецензирање: 14.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска    

ИСКРИВЕНА СЛИКА

Прво, написот се повикува

Нафрлени податоци без ниту еден извор

на 15. 02. 2017 | |

[Рецензија: Квалитетно високо образование достапно за сите]

Освен мислењата, коментарите, уредничките белешки, објавени во соодветни рубрики, ниту една друга новинарска форма не може да се прави без извори. Тоа е во основата на новинарството. Зборот „медиум“, всушност, тоа значи: посредувач, пренесувач. Новинарите се вешти, оспособени професналци кои знаат да идентификуваат, да изберат, да им дадат збор на најдобрите, најовластените, најстручните… иматели на информации, сведоци на настани, кои низ новинарската методологија и низ медиумските форми, ќе му пренесат на корисникот на нивните услуги веродостојна, објективизирана, непристрасна информација. Ако нема извор, медиумската содржина ги губи сите овие атрибути: веродостојна, објективизирана, непристрасна информација. Тоа му се има случено на овој текст. Тој не е професионално новинарски одработена информација бидејки нема извори. Како може

Шпекулација скриена зад наводни дипломатски извори

на 15. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: ДОАЃА КУРЦ СО ПОРАКА ДО ГРУЕВСКИ ЗА НЕГОВА ОСТАВКА И СПАС НА ВМРО-ДПМНЕ?!]

  Написот пренесува соопштение за посетата на австрискиот министер за надворешни работи, но потоа ги коментира наведените информации и изнесува дополнителни непотврдени податоци, повикувајќи се на неименувани извори. Линк до оригиналниот напис: ДОАЃА КУРЦ СО ПОРАКА ДО ГРУЕВСКИ ЗА НЕГОВА ОСТАВКА И СПАС НА ВМРО-ДПМНЕ?! Датум и време на објавување: 09.02. 2017 Датум на рецензирање: 12.02.2017 Рецензент: Димитар Тануров  

СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧКИ НАСЛОВ

Самиот наслов е коментаторски и сензационалистички, особено со интерпункцијата која се користи. Со него не се дава конкретен одговор, само се наведува читателот да ја кликне веста, која, наводно, треба да понуди конкретен одговор. Главата на веста пренесува дел од официјалното соопштение (најверојатно од

Политички пристрасен и сексистички текст

на 14. 02. 2017 | |

[Рецензија:  (ФОТО)БРУКА: Државниот секретар во МВР од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сања Димитриевска, на доделувањето на донацијата од ЕУ се појави во минич ДО****АК во стилот на ЅВЕЗДЕ ГРАНДА!]

  Написот е недоличен, во него целосно затаиле новинарските етички и професионални стандарди. Целта на текстот не е да информира, туку да навредува и да го урне дигнитетот и кредибилитетот на државниот секретар во МВР, Сања Димитриевска. Линк до оригиналниот напис:  (ФОТО)БРУКА: Државниот секретар во МВР од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сања Димитриевска, на доделувањето на донацијата од ЕУ се појави во минич ДО****К во стилот на ЅВЕЗДЕ ГРАНДА! Датум и време на објавување: 12.02. 2017 Датум на рецензирање: 14. 02. 2017 Рецензент: Димитар Тануров    

НЕВКУС

Вулгарниот наслов навестува

Забот падна, невкусот остана

на 14. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Ѝ ПАДНА ЗАБОТ ДОДЕКА ПЕЕШЕ: Водителката на која сите покажуваат со прст (ВИДЕО)]

  Насловот на овој напис доволно речито зборува зошто е предмет на оваа рецензија. Во него е содржан груб коментар на една непријатност која ѝ се случила на одредена личност за време на јавен настап, што е навредливо и некултурно. Ништо подобра не е ниту содржината на самиот напис – таму потсмешливо се коментира дека видеозаписот од настапот на водителката за време на кој се случило да ѝ испадне заб додека пеела, се споделува на социјалните мрежи и сите ја исмеваат. Линк до оригиналниот напис: Ѝ ПАДНА ЗАБОТ ДОДЕКА ПЕЕШЕ: Водителката на која сите покажуваат со прст (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 12.2.2017, 15:39

Манипулација преку фотомонтажа

на 14. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Груевски: Сценаристот на СДСМ сакаше да ги придобие Албанците на емоции]

  Манипулација, но преку фотографија, поточно преку фотомонтажа. Интервјуто на експремиерот, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во кое тој „истури“ еден „тон“ обвинувања за мешање однадвор во домашната политика, како и за начинот на кој опозицијата добила гласови од албанската заедница, е илустрирано со крајно несоодветна фотoграфија. Или како што некој би кажал, лепена, сечена, монтирана.   Линк до оригиналниот напис: Груевски: Сценаристот на СДСМ сакаше да ги придобие Албанците на емоции  Датум и време на објавување: 11.02.2017  20:54  Датум на рецензирање: 12.02.2017  Рецензент: Владимир Мирчески     НЕПРОВЕРЕНО, ПРИСТРАСНО, ТЕНДЕНЦИОЗНО Еден политичар јавно може да каже што сака зашто на крајот тој самиот одговара за тежината на изнесеното како и

„Милионски“ наслов без професионален текст

на 14. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Кому понудија 5 милиони евра за да состави влада со Никола Груевски?!

На едниот од лидерите на албанските партии кои добија помалку пратеници на изборите од 11 декември, му се понудени 5 милиони евра, плус платформата на албанските партии без Јавното обвинителство, за да состави влада со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, дознава ИНА. Името на лидерот на партијата е познато за редакцијата и се знае дека средбата се случила во еден од луксузните хотели во Скопје. „Понудата е дадена кога лидерот на оваа партија бил повикан од еден висок функционер на ДУИ за да присуствува на средбата, на која потоа се појавил и еден од главните челници на ВМРО-ДПМНЕ, и при тоа му е ветено дека ги прифаќаат сите

Кула од карти изградена врз друга кула од карти

на 13. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Република најави а медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС потврдија: СЈО тргнува во политичка пресметка по наредба на Заев]

Стари коментари се употребуваат како основа за нижење на нови коментари и се врамуваат со тендециозен наслов. Непотврдените информации не се атрибуираат како нечие мислење, а факти едноставно нема. Се користи само еден извор на информации и не е наведено дали засегнатите страни, кои се дискредитираат, се побарани за изјава. Линк до оригиналниот напис: Република најави а медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС потврдија: СЈО тргнува во политичка пресметка по наредба на Заев Датум и време на објавување: 08.02.2017, 17:41 Датум на рецензирање: 13.02.2017 Рецензент: Александар Пешев

 НЕИЗДРЖАНИ ТВРДЕЊА

„Како што Република најави минатата недела, СЈО тргна во

Бројки за хомосексуалци извадени од ракав

на 13. 02. 2017 | |

[Рецензија: Хомосексуалци- политичари, полицајци, лекари свештени лица…]

  Текстот што го рецензираме, врамен со тенденциозен и сензационалистички наслов, не нуди докази за бројките што ги прикажува за застапеноста на хомосексуалците во МВР, АРМ, бизнисот, медиумите, свештенството. Истражувањето нема јасен извор, па не се знае дали бројките за хомосексуалците во наведените професии се вистинити. Исто така, дискутабилна е и наведената бројка од 5.056  хомосексуалци  меѓу студентите, бидејќи воопшто нема никаков доказ за ова тврдење. Линк до оригиналниот напис: Хомосексуалци- политичари, полицајци, лекари свештени лица… Датум и време на објавување: 11.02.2016 Датум на рецензирање: 13.02.2017 Рецензент: Силвана Жежова  

ВИСТИНИТОСТА ПОД ГОЛЕМ ПРАШАЛНИК

Написот почнува со (дез)информацијата дека невладините организации во Македонија ги пребројувале хомосексуалците и, наводно, таа бројка изнесувала околу 200.000.