Рецензии

Наменско толкување на Уставот

на 8. 02. 2017 | |

[Рецензија: Претседателот Иванов ја фрли бомбата]

  Непоткрепеност и произволност се основни карактеристики на овој материјал. Во него се забележуваат обиди за некаква одбрана на претседателот Ѓорѓе Иванов и на неговата одлука за условување на тоа кому ќе го додели мандатот. Кога ќе се додаде и наменското толкување на Уставот, тогаш ситуацијата станува дури урнебесна, особено по објаснувањето што значи „мнозинство“.  Линк до оригиналниот напис: Претседателот Иванов ја фрли бомбата  Датум и време на објавување: 02.02.2017, 12:00  Датум на рецензирање: 06.02.2017  Рецензент: Владимир Мирчески    

ДА СЕ ОДБРАНИ НЕОДБРАНЛИВОТО

 В раце држиме одбрана на неодбранливото, попусто потрошени зборови за некакво оправдување на двојните стандарди на Ѓорѓе Иванов при решавањето кому и дали ќе го додели мандатот за составување влада. Интересно, целото

Политичката острастеност е канцер за новинарството

на 8. 02. 2017 | | sq
[Рецензија: СДСМ ги почна преговорите со ДУИ – преговараат само со своите!] Текстот што е предмет на оваа рецензија, ќе беше сосема во ред доколку го прочитавме во категоријата „Мислења“. Така ќе беа прифатливи сите коментари и оценки. Па дури и квалификациите и осудувањата на ставовите и на постапките на личностите што се спомнуваат во текстот ќе беа прифатени како лични оценки, иако и тоа е недолично во јавната комуникација. Особено како во овој пасус: „Тоа е како СДСМ да преговара сам со себе, а патем овие луѓе спаѓаат во најкорумпираниот дел од ДУИ“. Членот 11 од Кодексот на новинарите јасно препорачува: Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните

За „тајните“ на Али Ахмети се потребни факти, а не иронија

на 8. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Каква „тајна“ има Али Ахмети што не мрда од место кога го спомнува Билал Касами!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Зиг-заг“, кога и да го спомнеше името на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, се помрднуваше од своето столче. Според коментарите по социјалите мрежи, Ахмети можеби го фаќа немир кога го спомнува Касами, затоа што него го „плаши“ успехот на Беса. https://www.facebook.com/gostivari24/videos/1528235563883185/  

[Рецензија: Каква „тајна“ има Али Ахмети што не мрда од место кога го спомнува Билал Касами!]

Ова е една вест, која е на граница да наликува на вест. Ваков е текстот што го рецензираме. За лоша среќа на читателите, написот не содржи ништо важно. Кој и да мислел дека со овој краток текст

„Fake news“? Да, повелете!

на 8. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Последна вест – Груевски ја прифаќа aлбанската платформа

Се очекува Македонија да ја состави својата нова влада по постигнување договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги прифатил условите на Демократската унија за интеграција и Платформата на Албанците, пренесува „Тетовасот“. Груевски ги прифатил сите барања на албанската страна, вклучувајќи го и барањето за албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија и негова употреба на сите нивоа на администрацијата./Тетовасот/  

[Рецензија: „Последна вест: Груевски ја прифаќа албанската платформа“]

Трендот што во последно време на големо се дискутира меѓу научниците што се занимаваат со проучување на медиумите cе „fake news“ или лажните вести. Причината за ова е што со масовизацијата на новите медиуми (не само во нивното

„Алтернативните факти“ не помагаат

на 7. 02. 2017 | | sq

 

[Рецензија: Сорос исплаќал милиони пред избори на невладините во Македонија]

  Најважно за еден новинарски извештај од настан е во себе да содржи нешто ново. Да посочи дека организаторите на тој настан ѝ соопштиле на јавноста нешто што претставува новина. Нешто дотогаш непознато. Или, барем, да открие нов контекст на познатите факти и така тие да добијат нова вредност. Тоа е основното правило од кое произлегува и должноста на новинарите. Кога внимателно ќе се прочита оваа содржина, ќе се соочите со фактот дека правилата за тоа што ја прави една информација вредна да биде вест, да биде новина, воопшто не се  испочитувани. Вусшност, новинарскиот извештај што е пред нас, е само рециклирање на веќе познатите тези и намери на

Јанева на „тапет“ поради распитот на Јанкуловска

на 7. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Јанева ги исполнува наредбите – почна да повикува функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ]

Спин за почеток, пристрасност во продолжение и заокружување на текстот со јасна едностраност. Написот употребува сопствени коментари, како и коментари од други медиуми за да го претстави Специјалното јавно обвинителство како политички пристрасна институција. Токму ваквите обвинувања се совпаѓаат со критиките што ги упатува ВМРО-ДПМНЕ на адреса на СЈО. Линк до оригиналниот напис: Јанева ги исполнува наредбите – почна да повикува функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 06.02. 2017 , 12:51 Датум на рецензирање: 07.02.2017 Рецензент: Александар Пешев    

СПИНЕРСКА КОНСТРУКЦИЈА

Написот почнува коментаторски, а веста се презентира во третата негова реченица: „Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше

Неосновани напади за дискредитација на амбасадорот Бејли

на 6. 02. 2017 | |

[Рецензија: КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ: Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД!]

  Коментаторски и сензационалистички текст кој тенденциозно се обидува да ја дискредитира работата на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и да го обвини за нешто без потврда, докази и без аргументи. Написот користи недоличен и навредлив говор. Истакнати личности се нарекуваат „паразити“ кои се „хранат од дојката на УСАИД и Сорос“. Линк до оригиналниот напис: КОМПЛЕКС НА ОПШТЕСТВЕН ПАРАЗИТ: Група соросоиди закачени на дојката на УСАИД со иницијатива да го бранат Бејли од Конгресот на САД! Датум и време на објавување: 02.02. 2017 Датум на рецензирање: 05.02.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА

Тенденциозен наслов демантиран во текстот

на 6. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Весел Мемеди верен на Али Ахмети

Лидерот на НДП, Весел Мемеди, го подржува Али Ахмети за формирање на новата влада, само ако Ахмети влезе во составот на новата влада со заедничката платформа потпишана во Тирана во присуство на Еди Рама. За Весел Мемеди не е важно кој ќе ја состави новата влада, ВМРО или СДСМ, туку важно е да се оствари заедничката платформа потпишана од албанските лидери. „Голем дел од албанските политички партии составија заедничка платформа или заедничка изјава околу неопходните потреби на Aлбанците кои мора да се остварат, без разлика кој ќе ја состави новата влада“, пишува Мемеди. Мемеди, за „Тетовасот“ се изјасни дека стои зад тоа што го изјави вчера на „Фејсбук“, каде што напиша дека

Критика преку „Фејсбук“ не е секогаш вест, а ниту е доказ за „тензиите во ДУИ“!

на 6. 02. 2017 | | sq

Напис: Тензично во ДУИ

Џезаир Шаќири, поранешен „командант Хоџа“, пишува дека ситуацијата во ДУИ е многу тензична.  Пратениците од оваа партија имаат мака со својот лидер, бидејќи тој по секоја цена сака да формира коалиција со Никола Груевски. „Тензично во ДУИ. И тие малку пратеници кои имаат патриотски чувства, имаат мака со Али Ахмети. Му велат: Али, ако формираме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгубиме локалните избори, ќе бидеме изолирани од меѓународната заедница и Албанците. Но, Али Ахмети решително вели: „Дури и да ги изгубиме локалните избори и меѓународната заедница, влада ќе правиме со ВМРО и за тоа одлучувам јас“. Оваа решителност на Али Ахмети да жртвува сè поради ВМРО, не може да се објасни поинаку освен дека ВМРО-ДПМНЕ ги

„Југохром“ е затворен заради непоставување филтри на оџаците и заради ништо друго

на 6. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Македонци и Албанци останаа без работа од Југохром, а Тетово е повторно најзагаден град]

  Текстот што го рецензираме има селективен пристап кон проблемот со загадувањето, така што како пример е земен градот Тетово, а притоа не се зема предвид, на пример, дека и жителите на други загадени градови, како и на Скопје, во текот на минатата година дишеле загаден воздух со високи концентрации на ПМ1- честичките меѓу 145 и 177 денови. Слична е состојбата и со другите градови, но во текстот нивните градоначалници не се повикани на одговорност, како што е повикана градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Линк до оригиналниот напис: Македонци и Албанци останаа без работа од Југохром, а Тетово е повторно најзагаден град Датум и време