Рецензии

Тенденциозни и непоткрепени тврдења

на 3. 02. 2017 | | sq
[Рецензија: Сорос контролира 65% од шведските евро-парламентарци] Премногу непоткрепени тврдења има во оваа медиумска содржина. Затоа не можеме да ги наречеме ниту информации, бидејќи, на крајот излегува дека не се тоа. Да одиме по ред за да бидеме систематични во нашата оценка: Текстот почнува со заклучок, изведен од некое истражување, дека „шведските евро-парламентарци се најлојални соработници на мултимилијардерот Џорџ Сорос“. Ајде што самиот текст вели  дека овие информации се стари неколку месеци, без да  наведе колку точно, туку и ги опишува како – „интригантни.“ Значи, првиот сомнеж во врска со оваа содржина се јавува кога ќе се соочите со фактот дека за овие тврдења нема извор. Нема ниту линк до друг медиум кој може да го потврди

По секоја цена да се стави партиски знак на СЈО

на 3. 02. 2017 | |

[Рецензија: Заев на гости дома кај Ленче од СЈО да ѝ дава инструкции (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)]

  Текстот што го рецензираме не нуди никакви докази за тврдењето дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил кај обвинителката Ленче Ристоска од 22 часот до 1 часот по полноќ. Напишаното без аргументи наликува на измислена приказна, во која  лидерот на СДСМ се претставува  близок со Специјалното јавно обвинителство, со што истовремено се дискредитира и работата на СЈО. Наводната средба во доцните часови ја демантираа и обвинителката Ристоска  и Заев. Линк до оригиналниот напис: Заев на гости дома кај Ленче од СЈО да ѝ дава инструкции (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Датум и време на објавување: 02.02.2017 Датум на рецензирање: 03.02.2017 Рецензент: Силвана Жежова    

ИЗМИСЛЕНИ НАСТАНИ

Информација завиткана во сјајна шарена хартија

на 3. 02. 2017 | | sq
[Рецензија: Пратеници од ВМРО ДПМНЕ го молат Заев да направи влада!] Интегритетот на новинарот е најсветото нешто што треба да го чува и да го негува медиумскиот професионалец. Во таа смисла, за да го одржи тоа, неопходни се само неколку правила, чие практикување нема да дозволи одговорниот новинар да си ја загрози професионалната чест. Искушенија има многу. Едно од најважните правила е автентичноста и веродостојноста на изворите на кои се повикува авторот на медиумски содржини. Доколку некој направи компромис околу овој принцип, се доведува во прашања сериозно да си го наруши сопствениот углед. Има една изрека во новинарскиот свет која вели „ Ако мајка ти вели дека те сака, провери!“ Оваа „ектремна“ илустрација сака да ни каже дека медиумските професионалци

Текст со двојни аршини

на 3. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Иванов повторно ќе му го додели мандатот на ВМРО-ДПМНЕ?]

  Продолжение на сагата „Кому Иванов да му го даде мандатот“. Во морето написи на оваа тема, конкретниот текст ни пласира една невидена хипокризија, целосно занемарувајќи ги случувањата во изминатите три седмици – бара од СДСМ да покаже дека има мнозинство во парламентот за да го добие мандатот за формирање влада. Притоа, целосно се пренебрегнува фактот дека на 9 јануари шефот на државата, на невидено, без доказ дека има поддршка од 61 пратеник, мандатот му го даде на Никола Груевски?!  Линк до оригиналниот напис: Иванов повторно ќе му го додели мандатот на ВМРО-ДПМНЕ? Датум и време на објавување: 30.01.2017, 11:06 Датум на рецензирање: 31.01.2017 Рецензент: Владимир Мирчески    

 НАМЕНСКО ТОЛКУВАЊЕ НА

Ако министерот „спие“, новинарот не мора да паѓа во „делириум“

на 2. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани

Полициската станица во Берово поднела кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење на сомнеж за вршење кривично дело – загрозување на животот, пренесува „Тетова1“. Во вторник обвинетата преку пораки испратени од мобилен телефон му се заканила на директорот на училиштето во кое учи нејзиниот внук. Обвинетата го извршила ова дело поради тоа што наставниот совет одлучил нејзниот внук да се префрли од една во друга паралелка. /Тетова 1/  

[Рецензија: Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани]

Еден извор не е доволен за да се напише еден новинарски производ. Професионалните новинари секогаш се повикуваат на сите страни спомнати во написот, за нивниот пристап

Крвавиот плен не е рекорд за пофалби

на 2. 02. 2017 | |
 

[Рецензија: Нов рекорд во Македонија: Ловџиите совладаа 19 диви свињи во Преспа (ФОТО)]

  Оваа фото-вест предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради својата содржина и насловот. Имено, се работи за информација дека група ловџии отстрелaле 19 диви свињи и со тоа се пофалиле на јавноста, фотографирајќи се со својот плен. Вообичаено, вести за исход од нечиј лов ретко го наоѓаат својот пат до медиумите освен кога се работи за некаков рекорден улов или за отстрел на таканаречен „штетен дивеч“, најчесто волци кои нападнале нечии стада овци. Во овој случај се работи за невообичаено голем број убиени животни за време на отворена ловна сезона. Она што боде очи е лошо срочениот наслов, кој изгледа цинично и несоодветно, а во

Дезинформирање со непроверени информации

на 2. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Али викнал полиција циркузи пред амбасадата на САД?]

  Написот е шпекулативен и се темели на непроверени информации, што е спротивно на новинарските стандарди. Не е запазена новинарската форма ниту, пак, јазичниот стандард. Насловот е сензационалистички и има цел да привлече читатели. Истовремено, тој е нејасен и не дава целосна претстава за што конкретно се однесува текстот, а јазичните грешки и недостигот од соодветна интерпункција доведуваат до поголема конфузност. Линк до оригиналниот напис: Али викнал полиција циркузи пред амбасадата на САД? Датум и време на објавување: 27.01. 2017 Датум на рецензирање: 30.01.2017 Рецензент: Димитар Тануров    

ЧИСТ СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ

Написот почува со назнака дека веста е добиена од читател и дека треба да се земе со резерва, но според

Клеветнички текст против Мето Колоски

на 1. 02. 2017 | |
 

[Рецензија: Коловски од ОМД цврсто по тактот на СДСМ, сее магла и манипулира]

  Ова е еден од низата текстови (објавени деновиве во повеќе медиуми) во кој  се напаѓа  претседателот на Обединетата македонска дијаспора во САД – Мето Колоски,  дека е „приврзок на СДСМ“, без да се посочи за какви конекции се работи. И без да се почитува основниот демократски постулат дека совпаѓањето на одредени размислувања на некој човек со друг или со група луѓе, па и партија, е дел од суштествувањето на политиката. Линк до оригиналниот напис: Коловски од ОМД цврсто по тактот на СДСМ, сее магла и манипулира http://kurir.mk/makedonija/vesti/kolovski-od-omd-tsvrsto-po-taktot-na-sdsm-see-magla-i-manipulira/ Датум и време на објавување:  22.01. 2017  – 10:25 Датум на рецензирање: 29.01.2017 Рецензент: Љубомир Костовски  

Фејсбук-статус не е вест

на 1. 02. 2017 | | sq
 

[Рецензија: ТИ СИ ЕГО МАНИЈАК: Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев]

  Текстот што го рецензираме е политички мотивиран и има цел да ја дискредитира најголемата опозициска партија во земјава, нагласувајќи дека старите партиски членови, наводно, биле многу незадоволни од нејзините политики. Линк до оригиналниот написТИ СИ ЕГО МАНИЈАК: Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев Датум и време на објавување: 26.01.2017 Датум на рецензирање: 01.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска  

САМОПОСЛУЖУВАЊЕ ОД „ФЕЈСБУК“

Проблемот во овој напис е што ги генерализира работите, а неговата основа, всушност, е фејсбук-статус на една личност. „Не стивнува незадоволството од членовите и симпатизерите на СДСМ за политиките кои ги води нивниот

Нерелевантна вест со потценувачка заднина за Орхан Ибраими

на 1. 02. 2017 | | sq

Напис: Еве што прави сега поранешниот пратеник на ДПА, Орхан Ибрахими

Поранешниот најгласен пратеник на ДПА од претходниот мандат, Орхан Ибрахими, кој не успеа да собере доволно гласови за уште еден мандат, сега остана невработен. Тој една година ќе добива апанажа (плата) од Собранието на Македонија. Дотогаш има време да ја игра познатата албанска игра „ОКЕЈ“.  

[Рецензија: Еве што прави сега поранешниот пратеник на ДПА, Орхан Ибрахими]

Веста честопати зборува и меѓу редови. Доколку прашањето за кое информираме опфаќа повеќе димензии, постои ризик да се изгуби смислата на веста. Текстот што го рецензираме, на прв поглед (од насловот), изгледа дека навистина информира за дејност на спомнатиот поранешен пратеник. Меѓутоа, во текстот има тенденција и се пренесува друга порака. „Поранешниот