Рецензии

Неетичка и оцрнувачка објава

на 17. 02. 2017 | |

[Рецензија: ЕВЕ ЗОШТО ЗОРАН ПОПОВСКИ Е ОЧАЕН КАДАР НА ДПМНЕ И КАБИНЕТОТ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО]

  Материјалот пред нас е неетички и оцрнувачки, наликува на евтина чаршиска приказна која не заслужува да биде пласирана како новинарски текст. Објавата нема ниту еден елемент на професионално новинарско информирање, таа изобилува со неосновани навредливи коментари насочени кон дискредитација на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, но и на други личности кои се споменуваат во содржинскиот дел. Линк до оригиналниот напис: ЕВЕ ЗОШТО ЗОРАН ПОПОВСКИ Е ОЧАЕН КАДАР НА ДПМНЕ И КАБИНЕТОТ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО  Датум и време на објавување: 13.02. 2017 Датум на рецензирање: 17. 02. 2017 Рецензент: Димитар Тануров    

НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА

Политички спин спакуван во божемна грижа за амбасадорите

на 17. 02. 2017 | |

[Рецензија: Соросоиди брутално против странските дипломати кои не се во нивна служба]

  Овој текст е класичен пример на пропаганден текст маскиран во новинарски производ, напишан во манирот на замена на тези и, како таков, подметнат на читателите, односно на гледачите, наместо информативен материјал. За шлагворт е земен неодамнешниот случај на кривична пријава за 34-годишен скопјанец, обвинет дека преку „Фејсбук“ му се заканувал на амбасадорот на САД, на неговото семејство и на соработниците, за на него да се накалеми спинот дека за божемната загрозеност на странските дипломатски претставници во Македонија се виновни „соросоидите“, поточно медиумите и цивилниот сектор кои не се под капата на власта. Но, и покрај наброените неколку случаи во кои новинари кои не се со провладина

Погодена тема, промашен пристап

на 17. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Жителите на Шутка не сакаат базен, бараат гинеколог

Скопје, 10 февруари – Општина Шутка има околу 8.000 жени, но ниту еден гинеколог да им служи, се жалат жителите на оваа општина, кои се револтирани со владиниот план да се потрошат 700.000 евра за изградба на базен во оваа општина. „Ние имаме толку многу проблеми, што да се има базен не претставува никаква предност. Парите потрошени за базенот може да се користат за да се решат многу поакутни проблеми, како што е, на пример, вработување на еден гинеколог“, велат од Женската иницијатива на Општина Шутка, пренесува „Журнал“. Бремените жени од оваа општина често се породуваат во домашни услови и смртноста на новороденчињата е многу повисока отколку кај другиот дел

Спин со „докази“ од „Фејсбук“

на 17. 02. 2017 | |

[Рецензија: Американската амбасада финансира и организира тајни координативни средби на соросоидните организации]

  Имаме текст кој со употреба на неофицијални извори на информации прави обид за спин со јасна цел – дискредитација на невладина организација, дипломатско претставништво и на политичка партија. Недостигот од официјални ставови од посочените институции укажува на несеопфатност, а коментарите што се поврзуваат без конкретни докази укажуваат на едностраност со силен сомнеж за политичка пристрансост. Линк до оригиналниот напис: Американската амбасада финансира и организира тајни координативни средби на соросоидните организации
Датум и време на објавување: 16.02.2017, 11:15 Датум на рецензирање: 16.02.2017 Рецензент: Александар Пешев    

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Насловот е видно тенденциозен и обвинувачки. Во текстот, наместо факти, имаме пример за класично спинување на информации објавени од нерелеватни

Тенденциозни обвинувања без факти

на 17. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Кокаланов во одбрана на „албанската платформа“ преку исмевање на реакциите на Македонците]

  Текстот што го рецензираме го дискредитира новинарот Сашо Кокаланов, претставувајќи го како предавник на македонскиот народ. За ваквите сериозни обвинувања написот не нуди докази и аргументи ниту, пак, прецизно го посочува  изворот на информациите. Навредливиот говор кон Кокаланов, најверојатно, е испровоциран од некоја негова колумна, но тоа во оваа медиумска содржина не е јасно кажано, а нема ниту атрибуиран линк за да можат читателите изворно да прочитаат и да донесат свои заклучоци за изнесените ставови на авторот. Во текстот има произволни интерпретации и коментари, без да се има директен увид во тоа што точно кажала личноста што се оцрнува. Линк до оригиналниот напис: Кокаланов во одбрана

Нема лек за непрофесионален напис

на 17. 02. 2017 | | sq

 

Напис: ДУИ бара услуга од ВМРО: Уништете ја Беса!

Резултатите од изборите од 11 декември им ги расипаа сите есапи и на ВМРО, но и на нејзиниот партнер, албанската партија ДУИ. Заедничка точка на овие две партии и нивната борба полна со инает е кон Движењето Беса. На ВМРО ѝ пречи редефинирањето на Беса, а на ДУИ ѝ пречи сè што има врска со Беса, затоа што Беса ѝ нанесе голема штета на партијата на Ахмети не само на терен, туку насекаде. Сега, ДУИ на Али Ахмети спасот го бара кај „брат“ Никола, молејќи го да ја уништи Беса што побргу. Народот вели: Од овие можеш да очекуваш сè и сешто! ДУИ заедно со ВМРО можат да монтираат лажни

Цело е кога има втора страна

на 16. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: (ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија има проблем со веродостојноста. Не е консултирана втората страна, а нема ниту поткрепа на тврдењето кое е содржано во насловот, дека „директорката на еден од државните Студентски домови со сила спречила снимање за долг на домот од 70 илјади евра“. Изворите се еднострани, а тоа не е доволно за читателите да добијат целосна и јасна слика за напишаното. Линк до оригиналниот напис(ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра Датум и време на објавување: 14.02.2017 Датум на рецензирање: 16.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска     „Даниел

Текст за броење кликнувања преку промоција на суеверие

на 16. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Вечерва земете ловоров лист и кажете го ова за да се збогатите]

  Написот што го рецензираме ниту информира ниту, пак, третира тема што е корисна за граѓаните. Притоа, нема извор за изнесеното тврдење ниту, пак, потврда  за вистинтоста, а поводот е природна појава, како што е случајот со полната месечина. Насловот е сензационалистички заради привлекување на поголем број на читатели и кликнувања. Текстовите кои спаѓаат во категоријата занимливости, исто како и информативните, треба да ги задоволуваат новинарските стандарди и правила што важат за другите написи, без разлика што третираат забавна тематика. Линк до оригиналниот напис: Вечерва земете ловоров лист и кажете го ова за да се збогатите Датум и време на објавување: 13.02.2016 Датум на рецензирање: 15.02.2017 Рецензент:

Партиско соопштение пласирано како новинарски текст

на 16. 02. 2017 | |

[Рецензија: Психолози, педагози и дефектолози ќе вработи новата Влада, времето на Ристовски заврши!]

  Текстот е копија од партиско соопштение. Не е спорно да се пренесуваат информации од политички партии, но доколку не се направи соодветна атрибуција, со написот медиумот ги присвојува партиските ставови. Линк до оригиналниот напис: Психолози, педагози и дефектолози ќе вработи новата Влада, времето на Ристовски заврши!
Датум и време на објавување: 13.02.2017 Датум на рецензирање: 15.02.2017 Рецензент: Александар Пешев  

ПОЛИТИЧКА ОБОЕНОСТ

Пренесувањето партиски ставови во новинарски текст подразбира задолжително посочување на фактот дека тие мислења се на политичка партија, а не на самиот медиум. Во случајов, имаме едноставно копирање на партиско соопштение, а притоа во ниту еден дел од текстот не е посочено дека станува

Навредлива медиумска содржина

на 16. 02. 2017 | |

[Рецензија: (ФОТО) К****ните на Стојменов не губат време за РАЗДОР И ЦЕНТРИФУГА НА МОЗОКОТ КАЈ РАЈАТА, уште рано наутро на Канал 5 РОКААТ СЕРИЈАЛ ОД ТЕМАТА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ во Македонија!]

  Текстот е навредлив, коментаторски и непоткрепен со факти. Во оваа недолична објава целосно затаиле професионалните стандарди кои треба да ги почитува еден коректно сработен новинарски производ.

Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) К****ните на Стојменов не губат време за РАЗДОР И ЦЕНТРИФУГА НА МОЗОКОТ КАЈ РАЈАТА, уште рано наутро на Канал 5 РОКААТ СЕРИЈАЛ ОД ТЕМАТА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ во Македонија!
Датум и време на објавување: 13.02. 2017 Датум на рецензирање: 14. 02. 2017

Рецензент: Димитар Тануров    

НЕДОЛИЧЕН ТОН

Насловот е предолг, особено ако се има предвид големината на