Рецензии

Рецензија: Албанците не се за балканска унија, но главен град да биде Тирана

на 9. 10. 2013 | | sq
„ Албанскиот премиер Еди Рама во вторникот попладне ја одржа својата прва онлајн-конференција, на која одговори на многу прашања поставени од граѓаните. Најголемо внимание во албанските медиуми предизвикаа одговорите на прашањата за формирањето на балканската унија, составена од Македонија, Србија, Албанија, Kосово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, која според албанската јавност е ризичен проект за оживување на Југославија и проект што ги провоцира Албанците. Премиерот на Албанија истакна дека проектот за нова Југославија не постои и ја негира вмешаноста на Сали Бериша во ова прашање, кој според црногорското МНР дал согласност за ова при една тајна посета на Црна Гора. ’Нема ваков проект. Претходната влада има многу вини, но не и оваа’ – рече Рама.“ Уште еден напис на

Рецензија: Тесла бил против ГМО: патентирал природен начин да ја нахрани планетата

на 8. 10. 2013 | |
Се работи за уште еден текст кој е целосно пренесен од еден од српските портали, без притоа да се наведе од кој извор е пренесен, ниту, пак, е наведено дека станува збор за целосна, преведена копија. Текстот се занимава со дел од откритијата на американскиот научник од српско потекло, Никола Тесла, поточно за неговите размислувања околу решавањето на некои од најгорливите проблеми на човештвото, меѓу кои е производството на здрава храна. Како дел од целината што се преведува, оставен е и насловот на оригиналниот текст, иако за генетски модификуваната храна, фактички во текстот воопшто не станува збор. Мотивот за такво нешто, иако може само да се претпостави, би бил тоа што темите за ГМО храна во последно време добиваат на

Рецензија: Сомнително: Затвораат филијали на Балканот, откупуваат злато кај нас

на 8. 10. 2013 | |
Текстот почнува со сензационална констатација дека Балканот го тресе златната треска и дека поради тоа  во Босна и Херцеговина, Србија и Mакедонија се отворени стотици филијали на неколку компании што се бават со откуп на злато. Но, текстот се занимава само со една компанија „Голд ексчејнџ“ и со проблемот околу затворањето на нејзините канцеларии во БиХ и Србија, каде наводно вработените останале без плата, а од Србија наводно се изнесени околу 50 килограми злато проценето на 5 милиони евра. Нема објаснување  за причините зошто се отворени толку откупни центри и зошто се затворени. Нема одговор што е тука сомнително и што е балканско, бидејќи се работи за само три бивши југословенски републики.  Линк до оригиналниот напис: СОМНИТЕЛНО: Затвораат филијали на

Рецензија: ХОЛАНДИЈА: Педофилите бараат легализација на секс со деца од 12 години

на 8. 10. 2013 | | sq
Холанѓаните се држава во која педофилијата ќе биде дозволена! Ова е заклучок кој неупатен читател ќе го извлече од текстот на порталот „Телеграф“, чиј што наслов тврди дека во Холандија постои партија која се залага за легализирање на сексуални односи со деца од 12 години, како и можноста тие да користат лесни и тешки дроги. “Во Холандија групата „Мартјин“, која во периодот од 2006 до 2010 година дејствувала и како регистрирана политичка партија, се борела за легализирање на сексуалниот однос со деца, како и да можат да користат лесни и тешки дроги.» Овој поднаслов е шокантен со цел да ја прикаже во негативно светло Холандија, земјата каде употребата на лесните дроги како марихуаната се легализира.  Здружението “Мартејн”, иако навистина се

Рецензија: Миланскиот едик не важи за МПЦ-ОА

на 7. 10. 2013 | |
Оваа вест има сериозен проблем зашто целата своја теза ја гради на невистини и неточности во врска со устројството и односите меѓу канонските православни цркви од што произлегуваат правилата според кои една црква се стекнува статус на автономност или автокефалност. Оваа тема е една од оние отворените во врска со статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и затоа е важна за јавноста во Македонија. Но, не на начин

Рецензија: ЕЕЗ и од Бугарија и од Хрватска барала да ги објаснат договорите со Русија

на 7. 10. 2013 | |
„Енергетската заедница побара од македонската Влада појаснувања за одделни делови од договорот за кои сака да види дали се во согласност со Третиот енергетски пакет, односно со обврските што земјава ги има преземено со него. Во Владата одговорија дека го добиле писмото од ЕЕЗ и дека ќе го анализираат и ќе се изјаснат за сите моменти“. Една од потенцијално најкоруптивните активности на Владата, за која се подигна прав во Собранието,  по повод изјаснувањето Спогодбата со „Газпром“, дневниот весник се обидува да релативизира и тоа го прави на два начини: се минимизира интересот на ЕУ за оваа Спогодба и се дозволува портпаролот на Владата да ги толкува чекорите на Брисел. ЕУ тука е присутна само рутински, а опозицијата стои дури во

Рецензија: Геноцидот во Сребреница никогаш не е докажан

на 7. 10. 2013 | |
Веста каква што е „Геноцидот во Сребреница никогаш не е докажан“, е податлив материјал за поука како не треба да се пристапува набрзина кон информации кои се поврзани со настани што, без оглед на временската дистанца, секогаш се потенцијал за повреда на нечии лични и колективни чувства, но и потенцијал за повреда на новинарските правила, а посебно и етичките норми. Линк до оригиналниот напис: Геноцидот во Сребреница никогаш

Рецензија: САД го ослободи Роберт Николовски осомничен за убиство

на 4. 10. 2013 | |
Нецелосна и несеопфатна вест на која и недостасуваат најмалку три  елементи – точното место каде се случува настанот, времето на случувањето и изворот. Со оглед на тоашто местото на настанот погрешно наведено, читателите на оваа вест, всушност, се дезинформирани, а поради несеопфатноста и збунети. Линк до оригиналниот напис: http://lokalno.mk/sad-go-oslobodi-robert-nikolovski-osomnichen-za-ubistvo/ Датум и време на објавување: 01.10.2013 Датум на рецензирање: 02.10.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Веста има факти, но дел од нив се неточни. Точно е дека некој бил ослободен од обвинение за убиство. Но, притоа недостасува точното место на настанот – промашена е државата. Наместо Нов Јужен Велс во Австралија, уште во насловот е напишано дека станува збор за Соединетите Американски Држави и дека станува збор за државата Јужен Велс, која,

Рецензија: Ќерката на Цеца во блага порнографска фотографија (ФОТО)

на 4. 10. 2013 | |
Се работи за куса вест, која всушност е опис со коментар на фотографија каде е прикажана малолетна девојка за која медиумот пишува дека е ќерка на познатата српска пејачка Цеца. Веста е куса, несеопфатна, со сензационалистички наслов кој навестува дека целта на овој напис е дискредитација на личноста, а не информирање на јавноста. Целта на рецензијата е да се посочи на етичките норми при ваков вид известување и објавување на фотографии на малолетници, како и да се потенцира одговорноста на медиумот, кој обелоденува идентитет на малолетно лице (чија фотографија е споделена со нејзини пријатели), а прикажана е во контекст на коментар јавно достапен за сите. Во веста се посочува на сексуалниот аспект, со што малолетничката се става под ризик од

Рецензија: ФОТО: Џиновски ракови во Охридско езеро

на 4. 10. 2013 | |
Информативен текст во кој се пишува за необична појава во Охридското езеро, за присуство на нов вид џиновски ракови, но без да се обезбедат минимум информации кои ќе му дадат на читателот јасна слика за откритието. Посочувањето дека биолозите не знаат за каков вид се работи не дава јасна слика за тврдењето, ниту сериозен новинарски пристап за поголемо истражување, што може да ја направи веста интересна, читлива и погодна за цитирање или пренесување во други медиуми. Во ситуација кога во Охрид постои Хидробиолошки завод надлежен за животинскиот и растителниот свет во езерото, не може да биде доволен податокот дека биолозите не знаат ништо за џиновските ракови, а не се презентира податок од официјална институција: што ќе преземе таа, кој може