verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Сомнително: Затвораат филијали на Балканот, откупуваат злато кај нас

on 8 - 10 - 2013       

Затвораат-филијали-на-Балканот-откупуваат-злато-кај-нас_resize_crop

Текстот почнува со сензационална констатација дека Балканот го тресе златната треска и дека поради тоа  во Босна и Херцеговина, Србија и Mакедонија се отворени стотици филијали на неколку компании што се бават со откуп на злато. Но, текстот се занимава само со една компанија „Голд ексчејнџ“ и со проблемот околу затворањето на нејзините канцеларии во БиХ и Србија, каде наводно вработените останале без плата, а од Србија наводно се изнесени околу 50 килограми злато проценето на 5 милиони евра.

Нема објаснување  за причините зошто се отворени толку откупни центри и зошто се затворени. Нема одговор што е тука сомнително и што е балканско, бидејќи се работи за само три бивши југословенски републики.

FireShot Screen Capture #032 - 'СОМНИТЕЛНО_ Затвораат филијали на Балканот, откупуваат злато кај нас – TELEGRAF MK' - www_telegraf_mk_aktuelno_44 Линк до оригиналниот напис: СОМНИТЕЛНО: Затвораат филијали на Балканот, откупуваат злато кај нас

Датум и време на објавување: 3.10.2013  16:01

Датум на рецензирање: 7.10.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Вистина е само дека таква компанија постои и дека е легално регистрирана или била регистрирана во сите земји кои се спомнуваат. Сѐ друго е шпекулација и обид да се направи сензација. Немаме информација што е сомнително, зошто се отворени па набргу затворени толку голем број на откупни пунктови и  за каков бизнис со злато, всушност, се работи. Не се спомнува дека во Македонија стотици златарски дуќани и компании со децении вршат откуп на злато и дека тука нема ништо сомнително. На крајот, авторот се префрла на сосема периферна тема, на ликот и делото на Лорис Десардо основачот на хрватската компанија „Ауро  домус“ и пренесува еден дел од афирмативниот текст за оваа компанија и интервјуто дадено за хрватскиот  весник „Јутарњи лист“. Информацијата ја става во погрешно одредена географска област – се зборува за Балкан, а се спомнуваат само три бивши југословенски републики со што го дезинформира читателот.

Извори на информации:  Освен извод од Централниот регистар на Македонија каде е регистрирана компанијата „Голд ексчејнџ“ и повикување на хрватскиот „Јутарњи лист“ од каде е  прераскажан дел од интервјуто на Лорис Десардо, сопственик на компанијата „Ауро домус“, а кој со темата нема директна врска, други валидни извори немаме.

Содржајност:  Целиот текст е конфузен и нејасен и не може да се детерминира за што, всушност, авторот пишува. За компанијата, за „сомнителни“ зделки со златото, за вработените во команијата во Србија и БиХ, кои наводно останале без плата и без работа, или за успешниот бизнисмен од Хрватска кој тргува со златото и го извезува во Европската унија.
Авторот се префрла од тема на тема, а ни за една немаме комплетен и содржаен одоговор на основните новинарски прашања. За Македонија, освен што спомнува дека и кај нас има откупни пунктови нема никаква друга информација. На пример, колкав е интересот на граѓаните да го продадат златото кое го поседуваат во форма на накит, по која цена се откупува таквото злато, зошто го продаваат, дали економската криза на тоа ги прсилила, дали можеби сакаат да инвестираат пари во нешто друго, има ли кај нас берза на злато… Авторот спомнува златна треска, а не објаснува во што таа се огледа и колкави се нејзините димензии. Најавува дека работата е сомнителна, а никаде немаме информација што е сомнително. Вели дека случајот е балканкси, а го ограничува на само три држави. Нема минимално ниво на сеопфатност.

Оригиналност/Плагијат: Иако информацијата е потпишана, таа е сублимат на разни пренесени информации од други медиуми, кои авторот не ги наведува, и од делови на интервјуто преземени од хрватскиот „Јутарњи лист“. Од она што е презентирано не можеме да добиеме впечаток дека авторот се потрудил и сам нешто да истражи околу темата. Целиот напис не може да се третира како оригинално дело.

Квалитет на насловот: Насловот е несоодветен и го дезинформира читателот. Сугерира текст во кој се зборува за некакви сомнителни работи на Балканот, а всушност внатре во текстот нема ништо сомнително. Најавува информација за откуп на златото во Македонија, а во текстот многу повеќе внимание обрнува за вработените во компанијата во БиХ и Србија.

Фотографија: Насловната фотографија може да ѝ нанесе штета на компанијата, бидејќи е направена во Македонија, а во насловот најавува дека се работи за нешто сомнително што во текстот не го докажува. Другите две фотографии се преземени и со легенда која објаснува за што се работи.

Заклучок:  Не може да се забележи дека е вложен неопходниот труд да се истражи и појдовната информација за присуството на компанијата која врши откуп на злато и во Македонија и текстот да се збогати со дополнителна вредност.  Да немало веднаш залетување по некаква лажна ексклузивност и сензационализам, можело да се направи исклучително интересна и убава истражувачка сторија за феноменот на трговијата со злато кој е сѐ поприсутен во целиот свет.
Не е вложен творечки напор и не е добиен производ од кој би можел да се забележи присуство на креативен труд. Во пишувањето е тргнато со желба да се крене адреналинот кај чителот со констатацијата „Балканот го тресе златната грозница“, да се влијае врз неговите чувства, но на крај тој останува рамнодушен и измамен. Ова е типичен случај кога на појдовната информација, со малку истражување, можело да ѝ се даде дополнителна вредност, но тоа не е сторено. Можело да се прошета низ Старата чаршија, да се види дека стотици дуќани вршат откуп на злато и дека тука нема ништо сомнително, бидејќи на секој излог пишува „Вршиме откуп на злато и сребро“. Требало да се поразговара со сопствениците на дуќаните, со луѓето кои го продаваат златото и да се дознае цената по која тоа се откупува. Со ништо не се докажани тврдењата од најавата дека има нешто сомнително.
Референтни информации можело да се добијат и во Трезорот на Народната банка на Македонија, каде што ќе се добиело објаснување дека и менувачниците можат да откупуваат злато и дека златото, покрај тоа што е  берзански производ, има и функција на валута. Можело да се консултира било кој брокер или брокерска куќа во Македонија, бидејќи и тие можат да тргуваат со злато.
Причината за затоврање на откупните пунктови можела да се истражи и да се открие и на неколку сајтови што имаат соджини и на македонски јазик како Bullion VaultFX Lider и Bloomberg. Така можело да се утврди дека во ноември минататa година, кога масовно се отворени пунктови во наведените три држави, цената на златото на берзата била 64.000 евра килограм, а денес е 33.000 евра, значи двојно пониска. Тука можело да се дознае и како светската екононмска криза влијаела врз цената на златото на берзата и дали тоа било причина за зголемување на откупот и високата цена.
Има многу прашања на кои во текстот нема одговори, а единствената причина тој да изгледа вака како што изгледа на мошне интересна тема е желбата за сензација. Со еден збор, не е задоволен квалитетот на најавениот медиумски производ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести