verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: САД го ослободи Роберт Николовски осомничен за убиство

on 4 - 10 - 2013       

sad-go-oslobodi-robert-nikolovski-osomnichen-za-ubistvo-crop-resize

Нецелосна и несеопфатна вест на која и недостасуваат најмалку три  елементи – точното место каде се случува настанот, времето на случувањето и изворот. Со оглед на тоашто местото на настанот погрешно наведено, читателите на оваа вест, всушност, се дезинформирани, а поради несеопфатноста и збунети.

FireShot Screen Capture #027 - 'САД го ослободи Роберт Николовски осомничен за убиство - Локално _ Локално' - lokalno_mk_sad-go-oslobodi-robert-nikolovski-osomnichen-za-ubistvo

Линк до оригиналниот напис: http://lokalno.mk/sad-go-oslobodi-robert-nikolovski-osomnichen-za-ubistvo/

Датум и време на објавување: 01.10.2013

Датум на рецензирање: 02.10.2013

Рецензент: Теофил Блажевски

Вистинитост: Веста има факти, но дел од нив се неточни. Точно е дека некој бил ослободен од обвинение за убиство. Но, притоа недостасува точното место на настанот – промашена е државата. Наместо Нов Јужен Велс во Австралија, уште во насловот е напишано дека станува збор за Соединетите Американски Држави и дека станува збор за државата Јужен Велс, која, пак, се наоѓа во Англија.

Извори на информации: Во текстот нема наведено извори. Оттука сметаме дека тие се анонимни, а бидејќи станува збор за несеопфатна вест во која не е објаснет ниту основниот контекст, не може да се одреди ниту релевантоста или евентуалната едностраност на изворот или изворите.

Содржајност: Бидејќи е несеопфатна и нема наведено извори, во веста можеби и се прикриваат информации.

Пристрасност: Не може да се утврди дали има спин. Точно е наведен фактот дека некое лице било ослободено од обвинение за нарачано убиство на друго лице. Ниту еден друг детал не е наведен, така што не може да се оцени ниту дали има наклонетост и ако има од каква природа е наклонетоста.

Оригиналност/Плагијат: Во потрагата по оригиналната вест и споредбата извршена потоа, може да се дојде до логичен заклучок дека станува збор за делумна копија на оригиналната вест, која нема наведено извор и која не потпишана, ниту, пак, е наведен линк од каде е преземена. Оригиналот е проширена вест – извештај со цитирани извори и е потпишана.

Квалитет на насловот: Насловот на оваа вест е главниот елемент кој ги дезинформира  читателите. Промашен е цел континент како место на случување. Насловот, покрај тоа, не е креативен, но е јасен.

Фотографија: Повторно во споредба со оригиналот и други вести за истиот настан може да се заклучи дека фотографијата е соодветна и дека информира. Нема авторство на фотографијата, која е објавена и на други портали.

Заклучок: Ова е вест во која не биле запазени новинарските стандарди, поради што на крајот имаме производ кој е нецелосен и несеопфатен и што е најважно ги дезинформира читателите.

Во веста недостасуваат следниве елементи: кога се случил настанот , кој кажува, т.е. кој е изворот и каде се случил настанот. Третиот елемент формално го има, но е целосно погрешен со што читателот се дезинформира, но и се збунува. Еве и зошто. Во насловот како место на случување се наведени Соединетите Американски Држави:

„САД го ослободи Роберт Николовски осомничен за убиство.“

Во главата на веста пак е наведен Јужен Велс:

„Обвинителството во Јужен Велс го ослободи Македонецот, Роберт Николовски,  кој беше осомничен.“

Вистинското место на случување на настанот е Нов Јужен Велс. Станува збор за три различни локации во светот, кои се прилично оддалечени една од друга, а на кои единствена допирна точка им е англискиот јазик. Поради сето ова веста дезинформира и збунува.

Има уште еден елемент кој при ваков тип на вести не е задолжителен, но е пожелен. Тоа е поширокиот контекст или барем основен бекграунд. Другите вести за истиот настан, како на пример оваа презентирана овде, го содржи овој елемент, поради што на читателите им е јасно во општи црти што е тоа што се случувало со субјектите наведени во веста – кој и зошто бил обвинет и зошто  е ослободен од обвинение.

Оттука, без оглед што станува збор за настан оддалечен илјадници километри од нас, без оглед што ликовите ни се малку или нималку познати, без оглед што е настан од рубриката која популарно ја нарекуваат „Црна хроника“, упатно би било новинарите да се потрудат да направат јасна и сеопфатна вест која нема да се задржува само формално на основните новинарски прашања.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

нерелевантни

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести