Рецензии

Рецензија: UPS, Presidente!!!

на 1. 10. 2013 | | sq
Желба за сензационализам и многу невкус може да се спознае од оваа фотографија проследена со краток новинарски текст. Фото-информацијата, исто така, е објавена на насловната страница на дневен весник. Линк до оригиналниот напис: UPS, Presidente!!! Датум и време на објавување: 26.09.2013 Датум на рецензирање: 30.09.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите во објавената информација се точни. Новинарскиот текст е извлечен од фотографијата, но акцентот е ставен на детал кој суштински не е поврзан со главниот настан. Редењето на фактите според нивното значење се одвива со извртена, пакосна, логика. Извори на информации: Во кратката вест е потенцирано дека информацијата ја „пренесуваат албански портали“. Не е нагласено името на порталите (изворите), ниту дали станува збор за портали од Република Албанија, или портали кои

Рецензија: ФОТО: Пејачот Наум Петрески предизвикал сообраќајка и побегнал?

на 1. 10. 2013 | |
Пример за манипулативен текст, посебно во потенцирањето „фото“ дека покрај текстот се понудени фотографии кои би го поткрепиле тврдењето дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувал фолк пејачот Наум Петрески, а по несреќата побегнал. Понудените фотографии, сообраќаен полицаец со палка в раце и полициско возило со ништо не покажуваат дека се фотографирани на местото каде што се случила несреќата ниту има детали од неа, со што, на најбрутален начин се манипулира со читателот. Текстот е преземен од локален портал кој веста ја пласирал во прашална форма во насловот „Дали пејачот предизвикал несреча и побегнал“, но ниту авторот, ниту копирајтерите не се обиделе да добијат потврда од пејачот, кога во самиот текст наведуваат дека охридската полиција не го потврдила идентитетот

Рецензија: Изјавите на Шеќеринска ги радуваат Грците

на 1. 10. 2013 | |
СДСМ и Грција имаат исти ставови за спорот со името и ја оцрнуваат Македонија во грчките медиуми и меѓународната заедница. Ова е манипулацијата на овој напис за интервјуто на потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска дадено за грчката верзија на интернет сајтот Еурактив, кое потоа е преведено на англиски и француски јазик. Изјавите на Шеќеринска, во кои таа ја анализира политичката ситуација и ставовите на Македонија и Грција за спорот со името, се подведени под насловот „Груевски го користи името за да создава внатрешни непријатели”. Може да се каже дека станува збор за валкан текст кој се обидува интервјуто на Шеќеринска да го претвори во напад врз сопствената земја, а неа и СДСМ за главни виновници за комплексната ситуација во која

Рецензија: Скандал во Центар: Каде завршуваат огромните пари од реклами

на 30. 09. 2013 | |
„Освен печатените отчети на Општината Центар кои беа делени по домовите, општината е присутна и на интернет просторот преку повеќе динамични банери кои се наоѓаат на ударно место, а кои е познато дека се најскапите за рекламирање. Ваквиот начин на работење отвора повеќе прашања кои остануваат неодговорени и кои фрлаат светло на нов скандал во оваа општина“. Општината „Центар“, со која градоначалникува Андреј Жерновски, од страна на медиум кој себеси се смета за влијателен и високопребаруван, е осудена на тоа да дели летоци по домовите и да не користи поскапи форми на рекламирање. Освен тој совет, текстот кој го пренесоа сите провладини медиуми, се повикува на наводна висока сума која била дадена за оваа намена, потоа утврдува дека селекцијата на

Рецензија: Кој му ја подлегна (подметна) Тања, на Атанaско Mихаилов од ВМРО-ДПМНЕ

на 30. 09. 2013 | |
„Која е причината за несмасниот медиумски и партиски гаф на Атанско Михаилов со извесната Тања и приватниот емаил? Според едни, во занесот на граѓанското движење наречено дпмне, во иднина секој ќе може да испрати партиско соопштение доколку е дел од движењето? Според други, Атанско ја заборавил адресата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ па повикал пријател(ка). Според трети, Атанаско немал доверба во целото членство на ОК на ВМРО-ДПМНЕ па дури ни во партиското огледало па од тука, во иднина информациите ќе бидат креирани и испраќани до медиумите по сигурен женски канал од Тања (алиас ОК на ВМРО-ДПМНЕ)“ Една политичко-дебатна тема е преселена на личен план и притоа е изнесен еден важен личен податок за лице кое нема никаков официјален политички статус (објавен

Рецензија: Балканот под ударот на Chemtrails – не прскаат како комарци, а сите медиуми молчат за тоа

на 29. 09. 2013 | |
„Многумина веруваат дека се работи за интензивно “запрашување” на населението на оваа планета од воздух со биолошки отрови од страна на тајни организации кои се сопственици на политички, па дури и воени институции. Chemtrails-те се задолжителни со влез во НАТО, пропратна појава без исклучок.
Фактот е дека тоа се специјално модифицирани, непознати, нерегистрирани авиони кои летаат на голема надморска височина и кои , пред сè, на ниту една воздушна служба не даваат отчет – затоа што се на војската.
Хемискиот состав на овие агенси дејствуваат на штета на човечкото тело и имунолошкиот систем. Населението е поболно, послабо, ја убива можноста за дејствување и активирање на способноста на размислување и револт против манипулацијата. Покрај тоа, фармацевтската индустрија си го зима својот

Рецензија: СДСМ со Алистер Кембел ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ!?

на 29. 09. 2013 | | sq
Шпекулацијата на МАКТЕЛ за вклучувањето на познатиот британски новинар и моќен ПР експерт, Алистер Кембел, во тимот на опозиционата СДСМ очигледно беше доволно атрактивна провокација таа и на овој портал да се пренесе во целост, иако стануваше збор за шпекулација од само еден анонимен извор и тоа од конкурентската ВМРО-ДПМНЕ. Непроверената и со ништо непоткрепена шпекулација со сугестивен наслов „СДСМ со Алистер Кембел ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ!?“ набргу беше демантирана од страна на самата личност за која станува збор, а со тоа сериозно е доведена во прашање кредибилноста на медиумот кој објавува непроверени информации и користи нерелевантни извори. Линк до оригиналниот напис: СДСМ со Алистер Кембел ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ!? Датум и време на објавување: 24.09.2013, 18:58 Датум на рецензирање:

Рецензија: Фатен на дело – кумановец на диво ловел риба

на 29. 09. 2013 | |
Оваа вест се обидува да ни соопшти дека некој 36 годишен  И.К. од Куманово заработил кривична пријава, бидејќи е фатен во риболов и кај него се пронајдени 7 килограми и 360 грама риба. Линк до оригиналниот напис:  Фатен на дело – кумановец на диво ловел риба Датум и време на објавување: 26.09.2013-13:17 Датум на рецензирање: 27.09.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Не може да се утврди веродостојниост на наводите. Извори на информации: Нема. Содржајност: Веста нема содржина од која читателот би можел реално и потполно да биде информиран за настанот. Пристрасност: Нема. Коментирање: Нема никаков коментар Оригиналност/Плагијат: Не може да се утврди, вест не е потпишана како авторска. Квалитет на насловот: Некреативен и непотребно долг. Фотографија: Несоодветна. Говор на омраза: Нема.

Рецензија: Кирил Поп Христов со влошено здравје пренесен на клиника?

на 29. 09. 2013 | |
Читањето на текстот не дозволува да се дознае дали актерот Кирил Поп Христов е сѐ уште во притвор или, пак, бил пренесен во болница со нарушена здравствена состојба. Според текстот, болнички и судски извори велат дека тој е во болница, додека семејството тврди дека тоа не е точно. Наводите на семејството се наведени подолу во текстот чија цел е очигледно да го натера читателот да верува дека актерот е во болница, но не ја открива вистината за настанот. Линк до оригиналниот напис: Кирил Поп Христов со влошено здравје пренесен на клиника?  Датум и време на објавување: 24.09.2013, 18.56 Датум на рецензирање: 25.09.2013 Рецензент: Светлана Јовановска Вистинитост: Неопределени “болнички и судски извори” наведуваат дека актерот е во болница. Истото се однесува

Рецензија: Клеопатра ја предвиде смртта на Дуле

на 26. 09. 2013 | | sq
  Дали може да се поврзе тоа што не се поврзува? Може ли врската да е природна и да им дава нова димензија на две неповрзливи работи. Ако не е таква врската, тогаш сте поврзале нешто што не се поврзува и добивате мутант. Таков мутант од новинарски текст, или новинарски текст без врска, е токму овој. Линк до оригиналниот напис: Клеопатра ја предвиде смртта на Дуле Датум и време на објавување: 24.09.2013, 21:45:14 Датум на рецензирање: 26.09.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Овој текст можеби и нема проблеми со вистинитоста зашто сосема е можно „најпознатата балканска јасновидка“, според критериумите на овој интернет портал, да предвидела смрт на некоја ѕвезда од македонската естрада. Но, ниту има линк до таа изјава дадена „неодамна“ како