verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тони Димков

Рецензија: ВИДЕО: Одвратно! Ларва живеела во увото на една жена

на 17. 03. 2014 | |
Секој обид објавената содржина да биде ставена во некакви професионални новинарски рамки, за жал, остана безуспешен. Рутински поглед врз Кодексот на професионалните новинари укажува дека ниту еден член не е прекршен. Одговорот на прашањето зошто е тоа така е многу едноставен – во овој случај не станува збор за новинарски производ и токму затоа Кодексот тука не важи! Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Одвратно! Ларва живеела во увото на една жена (Внимание: вознемирувачка содржина!) Датум и време на објавување: 12.03.2014, 04.30 Датум на рецензирање: 15.03.2014 Рецензент: Тони Димков Ако, сепак, се придржуваме до „новинарскиот устав“, тогаш клучните принципи кои излегуваат на површина, а би можеле да се однесуваат на оваа објавена содржина, се јавниот интерес, етичките вредности, угледот и достоинството

Рецензија: Гробот на Александар Македонски е кај Свети Николе?

на 30. 12. 2013 | |
Написот изобилува со претпоставки и шпекулации. Егзактното е измешано со метафизичкото. Математички, астрономски и геометриски пресметки се толкуваат со метафизички и митолошки аргументи. Самопрогласени експерти се претставуваат како самостојни истражувачи без да се провери нивното професионално портфолио. Недостига аналитички пристап во третирањето на темата. Место објективно информирање на јавноста предноста им е дадена на шпекулациите на соговорниците кои се извори на информациите. Линк до оригиналниот напис: Гробот на Александар Македонски е кај Свети Николе? Датум и време на објавување: 18.12.2013, 17:31 Датум на рецензирање: 26.12.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Меѓу апстрактното и реалното, позбунети од читателите изгледа дека се самите толкувачи/изложувачи на аргументите. Во исказите на соговорниците нема јасна граница кои се реални, а кои се митолошки претпоставки во нивните

Рецензија: Како да препознаете нарко зависници

на 19. 12. 2013 | | sq
Основен проблем на написот е што ги генерализира симптомите поврзани со корисниците на дроги и истовремено врши стигматизација врз група граѓани. Написот нема форма на новинарски текст, туку со повеќе точки, групирани во три групи, дава одговори на прашањето – како да осознаете дали вашето дете или пријател користи дрога? Нема извор од каде се преземени објавените одговори. Линк до оригиналниот напис: Како да препознаете нарко зависници Датум и време на објавување: 05.12.2013, 11.30 Датум на рецензирање: 18.12.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Генерализацијата по која било основа секогаш треба да се избегнува. Во овој случај, симптомите што се карактеристични за користењето на еден вид дрога не мора да се појавуваат кај корисниците на друг вид дрога. Оттаму, наводите што се

Рецензија: Женска тепачка на плоштад Македонија – три лица завршија во болница

на 22. 11. 2013 | | sq
Написот е илустриран со несоодветна фотографија. Нагласена е родовата припадност со што е нарушен принципот на еднаквост меѓу половите и информацијата во целост е преземена од полициски извештај. Тоа се клучните забелешки за овој напис, кој не би можел да се нарече новинарски производ, туку информација поставена на огласна табла. Линк до оригиналниот напис: Женска тепачка на плоштад Македонија – три лица завршија во болница Датум и време на објавување: 16.11.2013 Датум на рецензирање: 22.11.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите врз кои се темели написот се добиени, препишани или само пренесени од извештај на полицијата. Нема причина да не веруваме во нивната веродостојност. Извори на информации: Единствениот извор кој може да се евидентира во написот е полицијата. Информациите од изворот

Рецензија: ФОТО: Работник се измоча во фонтаната Воинот на коњ?!

на 12. 11. 2013 | | sq
Објавениот напис е класичен пример за непрофесионално известување на јавноста. Новинарскиот кодекс е грубо прекршен. Обидот за извртување на вистината е очигледен и, за среќа, лесно препознаен од читателите, што се гледа од коментарите објавени под написот. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Работник се измоча во фонтаната Воинот на коњ?! (написот е тргнат од сајтот, но неговата содржина ќе ја пронајдете во скриншотот приложен со оваа рецензија) Датум и време на објавување: 06.11.2013, 11.04 Датум на рецензирање: 11.11.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Написот не се темели на факти, туку на претпоставка со која новинарот отвора дилема за читателите. Единствениот вистинит факт употребен во написот е дека дејството се случува на фонтаната „Воин на коњ“. Според етичкиот и професионалниот

Рецензија: Сузана Ал Сакини во облаци…

на 5. 11. 2013 | |
Фотомоделката и учесничка на Мис на светот во 2009 година, Сузана Ал Сакини (Салкини), често е присутна на страниците на печатените и електронските медиуми. Имајќи предвид дека станува збор за јавна личност чија најсилна карактеристика е нејзината убавина, сосема е разбирливо зошто таа го предизвикува интересот на медиумите. Проблемите се појавуваат кога за неа се објавуваат написи во кои нема нови информации и кога, дури и во таквите вести, ќе се употреби непрецизна терминологија. Линк до оригиналниот напис: Сузана Ал Сакини во облаци… Датум и време на објавување: 03.10.2013 Датум на рецензирање: 04.11.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите поврзани со личноста на Сузана Ал Салкини се точни и веќе познати. Написот само потврдува нешто што веќе е познато. Извори на

Рецензија: Фото: Вака се протестира во Русија

на 21. 10. 2013 | |
Непотребна и сосема погрешна аналогија е направена со констатацијата додадена на информација пренесена од други медиуми. Главната вест е објективно, но не и целосно пренесена во написот. Не е јасно што го инспирирало авторот да направи споредба со протестите, коишто цели две години беа организирани во македонскиот главен град, по повод убиството на Мартин Нешковски, а случајот беше затворен со судска завршница. Линк до оригиналниот напис: Фото: Вака се протестира во Русија Датум и време на објавување: 15.10.2013 Датум на рецензирање: 19.10.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите пренесени во главната вест се точни и нивната веродостојност може лесно да се провери, бидејќи информациите за протестите се пренесени во голем број светски медиуми. Извори на информации: Авторот на текстот не наведува

Рецензија: Фото: Наша матурантка во црна чипка и подвезици заедно со нејзините родители

на 14. 10. 2013 | |
Објавената фото вест го отвора прашањето кој е интересот на јавноста да дознае како една матурантка е облечена на својата прослава на матурата. Во текстот нема индикации дека станува збор за јавна личност. Според наводите, фотографијата е преземена од профил на приватна мрежа. Објавувањето информации преземени од таквите профили без одобрение на сопственикот претставува навлегување на приватноста на одредена личност. Објавената фотографија дополнително е проследена со морализаторски коментар. Линк до оригиналниот напис: Фото: Наша матурантка во црна чипка и подвезици заедно со нејзините родители (Напомена: написот во меѓувреме е тргнат од порталот. Горниот линк повеќе не важи. Веста можете да ја видите преку отворање на скриншотот (сликата лево) од страницата каде што беше објавена.) Датум и време на објавување: 08.10.2013

Рецензија: UPS, Presidente!!!

на 1. 10. 2013 | | sq
Желба за сензационализам и многу невкус може да се спознае од оваа фотографија проследена со краток новинарски текст. Фото-информацијата, исто така, е објавена на насловната страница на дневен весник. Линк до оригиналниот напис: UPS, Presidente!!! Датум и време на објавување: 26.09.2013 Датум на рецензирање: 30.09.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите во објавената информација се точни. Новинарскиот текст е извлечен од фотографијата, но акцентот е ставен на детал кој суштински не е поврзан со главниот настан. Редењето на фактите според нивното значење се одвива со извртена, пакосна, логика. Извори на информации: Во кратката вест е потенцирано дека информацијата ја „пренесуваат албански портали“. Не е нагласено името на порталите (изворите), ниту дали станува збор за портали од Република Албанија, или портали кои

Рецензија: Сите ќе умрете, некои после, некои сега!

на 18. 09. 2013 | | sq
Прикриената намера за цензура на уметничко дело може да се открие дури и при најповршно читање на објавениот текст. Место да трага по причините кои го иницирале создавањето на делото, авторот на текстот трага по начините со кои поставеното дело најлесно и најбрзо ќе може да се тргне од јавните површини. Притоа, како заклучок, во текстот е посочен пример на веќе цензурирано уметничко дело. Линк до оригиналниот напис: Сите ќе умрете, некои после, некои сега! Датум и време на објавување: 17.09.2013 Датум на рецензирање: 18.09.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите користени во написот се точни и веродостојни. Нема обид за извртување на нивната вистинитост, но сомнеж може да предизвика  пристрасниот избор на „вознемирените“ граѓани, чии реакции се повод за објавување

Претплатете се за најнови вести