verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Клеопатра ја предвиде смртта на Дуле

on 26 - 09 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

 Клеопатра-ја-предвиде-смртта-на-Дуле-Либертас foto 001

Дали може да се поврзе тоа што не се поврзува? Може ли врската да е природна и да им дава нова димензија на две неповрзливи работи. Ако не е таква врската, тогаш сте поврзале нешто што не се поврзува и добивате мутант. Таков мутант од новинарски текст, или новинарски текст без врска, е токму овој.

Клеопатра ја предвиде смртта на Дуле - ЛибертасЛинк до оригиналниот напис: Клеопатра ја предвиде смртта на Дуле

Датум и време на објавување: 24.09.2013, 21:45:14

Датум на рецензирање: 26.09.2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Овој текст можеби и нема проблеми со вистинитоста зашто сосема е можно „најпознатата балканска јасновидка“, според критериумите на овој интернет портал, да предвидела смрт на некоја ѕвезда од македонската естрада. Но, ниту има линк до таа изјава дадена „неодамна“ како што пишува порталот, ниту има попрецизна назнака што е тоа неодамна. Сепак, да прифатиме дека јасновидката навистина пророкувала вакво нешто и тука вистинитоста завршува зашто пророштвата никако не можат да бидат предмет на докажување на вистинитост, бидејќи тие се такви какви што се – недокажливи. Но, овој текст се обидел да го поврзе пророштвото со еден многу вистински и многу реален настан, каков што е погребот на еден член на македонската естрада, односно една позната, јавна личност. Зошто? Тоа само авторот на овој текст го знае.

Извори на информации: Текстот се повикува на изјава на јасновидката Клеопатра во ТВ емисијата „Фаци“ без да ја поврзе таа изјава со линк, доколку е тоа можно. Доколку не било можно, секако треба да се прецизира датумот на изјавата и контекстот за да бидеме уверени во релевантноста и во веродостојноста на оваа изјава. Се разбира дека се согласуваме оти оваа изјава не може да се провери од независен или експертски извор. Вториот дел од текстот е сосема коректен од овој аспект, но ја нема врската со првиот дел, односно со пророштвото. 

Содржајност: Овој текст во првиот дел, оној за пророштвото, не е сеопфатен зашто реално нема можност да „консултира повеќе искуствени, официјални и експертски извори, во зависност од нивната објективна достапност“. Другиот дел е сеопфатен и вон рамките на она што значи воздржано новинарство кога станува збор за известување од вакви настани.

Оригиналност/Плагијат: Овој текст е многу оригинален.

Квалитет на насловот: Насловот е со „јадица“, но само за првиот дел на текстот. Тоа го прави несоодветен. Но, навистина би скале да видиме јунак кој ќе смисли наслов за мутант текст составен од два неповрзливи текста.

Фотографија: Двата неповрзливи текста се илустрирани со соодветни фотографии. За првиот дел ја имаме фотографијата од јасновидката Клеопатра. Некаков скриншот или нешто слично, но секако неквалитетно. За вториот дел има три фотографии од погребот за кои нема податоци кој ги направил. Ако земеме предвид дека овој портал секогаш ги брендира сопствените фотографии, тогаш најверојатно станува збор за позајмени, но без наведен извор.

Заклучок: Текстот е пример како може некој, без преходно да направи добра, разумна и рационална проценка, да си поигра со новинарските стандарди и правила. Убаво е тие да се кршат и унапредуваат, но само тогаш кога даваат нови и добри резултати и кога не злоупотребуваат туѓи стандарди и очекувања – особено оние кои спаѓаат во сферата на приватноста. Погребот на најблиските е еден крајно приватен чин, а погребот на јавните личности е толку јавен колку што тоа го дозвовлува достоинството на починатите и болката на нивните најблиски. Да си поигруваш со тие чувства со алузии за некакви пророштва е крајно неодговорно. Кога на овој мутант од новинарски текст би му ја „одсекле главата“ ќе имавме стандардно известување од ваков настан. Но, се чини, некој немал храброст!  


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти за пророштвото, има за погребот

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести