Рецензии

Рецензија: ФОТО: Изгледот на новите банкноти од 200 и 2000 денари

на 4. 10. 2013 | |
Класичен пример за манипулација, кој во фото веста, посебно во насловот, дезинформира, прикажува дека наводно таков ќе биде изгледот на македонските банкноти, новите деноминации од 200 и 2.000 денари, за во единствената реченица што им се нуди на читателите да биде кажано дека некој читател на порталот, всушност, предлага така да изгледаат планираните нови банкноти. Порталот не се потрудил барем во една реченица да каже дали Народната банка на РМ веќе одлучила како ќе изгледаат банкнотите или барем основната информација до каде е процесот со издавање на банкнотите и кога тие би се појавиле во платниот промет на земјата. Крајно манипулативна информација која со понудената фото вест и особено со понудениот наслов им сервира наводна вистина на читателите. Линк до

Рецензија: Зоран Заев во Скопје, а Струмица се дави во поплави

на 3. 10. 2013 | |
Уште од самиот наслов „Зоран Заев во Скопје, а Струмица се дави во поплави“ е евидентна намерата не да се известува за состојбата со поројниот дожд во Струмица, туку да се пишува за „ликот и делото“ на струмичкиот градоначалник. Самата содржина на написот тоа впрочем и речито го потврдува. Написот нема амбиции да информира, приказот на штетите од поројните дождови е даден на самиот крај, во последниот пасус од текстот, како нешто што е најмалку важно во целата работа. Но, затоа во поднасловот стои дека „Дождови ја поплавија Струмица, а Зоран Заев од Скопје молчи и за штетите и за јавните набавки“ со што и несвесно е прикажан вистинскиот мотив за пишување на овој напис – да биде дел од

Рецензија: Совети за девојките како среќно да се омажат

на 3. 10. 2013 | | sq
Иако оваа сторија, објавена во рубриката „Магазин“ на порталот, не спаѓа во новинарските жанровски стандарди кои се предмет на анализа на проектот „Сервис за проверка на факти од медиумите“ во делот на рецензии, сепак одлучивме да ја земеме предвид зашто има една тенденција, овој и слични вакви текстови да се промовираат како вести. И во овој случај, како и во неколку претходни, правиме исклучок од правилото и рецензираме напис од друг жанр со цел преку типски примери да им укажеме на граѓаните како се манипулира со нив. Линк до оригиналниот напис: Совети за девојките како среќно да се омажат Датум и време на објавување: 01.10.2013 Датум на рецензирање: 02.10.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост:  Оваа сторија не може да претендира на

Рецензија: Ексклузивно: Жерновски трошел милиони за реклами

на 3. 10. 2013 | |
Во овој текст се објавени документи, кои, според порталот, треба да бидат доказ дека Општината Центар потрошила “милионски суми” за рекламирање, иако од објавените документи се гледа дека се потрошени 950.000 денари. Оваа сума не е мала, но според она што може да се види од документите, порталот си се демантира самиот себеси, бидејќи од нив се гледа дека едноставно не станува збор за “милионски суми”. Истовремено, се напаѓа Општината Центар дека ги корумпира медиумите но никаде во текстот не се наведува дека рекламирањето во медиумите е проблем со кој Македонија одамна се соочува и дека поради тоа е критикувана во извештаите на меѓународните организации. Без докази се обвинуваат и фирмите кои склучиле договор со Општината Центар како блиски до

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ-Заев и пратениците на СДСМ испумпувале пари преку тендери во Струмица

на 3. 10. 2013 | |
Во текстот се објавени нови обвинувања за непотизам и судир на интереси на адреса на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Експлицитно е пренесена изјaвата на Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ, со обвинувања на сметка на Заев, без презентирање докази. На реакцијата на СДСМ, пак, е посветена една реченица: „Продолжуваат со обвинувањата за Мијалков, Јанкуловска и Груевски“. Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ – Заев и пратеници на СДСМ испумпувале пари преку тендери во Струмица Датум и време на објавување: 30.09.2013, 17:37 Датум на рецензирање: 1.10.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Прилогот – пренесен говор на политичар – може да се доведе под сомневање, бидејќи се базира само на изјавата на претставник на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која притоа

Рецензија: Скараџиите низ цела Македонија измамени од германски производител

на 2. 10. 2013 | |
Информациите за квалитетот на храната што ја јадеме подеднакво ги засегаат сите категории граѓани од разбирливи причини – здравјето е на врвот од приоритетите на секој човек. Оттука и информацијата дека отровна хемикалија била користена за чистење на популарните скари низ Македонија, дека имало поплаки од граѓаните кои почувствувале оти нивното јадење имало непријатен вкус и добиле болки во стомакот, како и дека инспекцијата реагирала соодветно, е нешто на што секој медиум би му отстапил време и простор. Сепак, во конкретниот случај, работата не е докрај завршена и пласиран е материјал (ТВ прилог и текст на веб-страната) кој ги нема клучните информации – за која хемикалија се работи, кој ја користел во процесот на приготвување на храна и кога тоа

Рецензија: Од полноќ можна финансиска блокада на американската Влада

на 2. 10. 2013 | |
Поради неусогласените ставови на републиканците и демократите во американскиот Сенат, нема да биде донесен буџетот на земјата за идната година. Тоа ќе предизвика финансиска блокада на Владата со што некои суштински институции нема да работат. Додека не се разреши проблемот многу вработени ќе одат на привремен одмор. Нема да работат најпосетуваните музеи, галерии, национални паркови. Линк до оригиналниот напис: Од полноќ можна финансиска блокада на американската Влада Датум и време на објавување: 30.09.2013  17:57 Датум на рецензирање: 1.10.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Порталот  тргнал од актуелноста на темата и нејзиното присуство во сите светски и регионални медиуми и едноставно од некаде ја ископирал без да наведе извор или направил компилација од неколку текстови. Извори на информации: Нема конкретен извор на

Рецензија: Лезбејка активистка си кажа јасно и гласно: Нашата крајна цел е да се разори и уништи семејството

на 2. 10. 2013 | |
Напис во кој е пренесена стара изјава на руска активистка, искористена за дискредитација на целото ЛГБТ движење. Текстот е објавен со една и пол година задоцнување, во време кога во Македонија се водеше дебата за уставни измени кои би го дефинирале бракот како заедница на еден маж и една жена. Линк до анализираниот напис: Лезбејка активистка си кажа јасно и гласно: нашата крајна цел е да се разори и уништи семејството Датум и време на објавување: 25.09. 2013,  20.39 Датум на рецензирање: 29.09.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост на факти: Написот е базиран на изјава на руско-американската новинарка и активистка за ЛГБТ права, Маша Гесен, дадена на Sydney Writers Festival во Австралија во мај 2012, во која таа изразува свои ставови

Рецензија: Филмски и вооружен грабеж во „Кам маркет“ во Скопје

на 1. 10. 2013 | |
Оваа вест, и покрај тоа  што е техничка, го нема минималниот степен на медиумски стандарди. Линк до оригиналниот напис: Филмски и вооружен грабеж на „Кам Маркет“ во Скопје Датум и време на објавување: 28.09.2013, 12:42 Датум на рецензирање: 30.09.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Веста може, и најверојатно е вистинита, зашто е препис на полициски извештај. Но, многу лош препис. Извори на информации: Со оглед на тоа што е препис, има само еден извор на информации. Другите извори се во маркетот во населбата Чаир, каде што е извршен грабежот за кој се пишува во веста. Чаир мора да е многу далеку? И, како сега да се побара контакт или да се оди во компанијата што е сопственик на синџирот маркети „Кам

Рецензија: Влатко Ѓорчев: СДСМ најави истополови бракови и посвојување деца

на 1. 10. 2013 | |
Ова е уште еден пример за текст во кој она што го има во излогот (насловот) го нема во продавницата (текстот). Текстот, кој бил замислен како краток извештај од собраниска седница, завршил како проширена вест со коментаторски елементи, пред сѐ, конфузна, нејасна и неточна вест. Линк до оригиналниот напис:  Влатко Ѓорчев: СДСМ најави истополови бракови и посвојување деца Датум и време на објавување: 24.09.2013 Датум на рецензирање: 1.10.2013 Рецензент: Катерина Блажевска Вистинитост: Текстот не се темели на факти, туку на редакциска интерпретација (а не цитирање на клучниот став од кој, наводно, е извлечен насловот) на изјава на пратеникот Ѓорчев, со што се извртува вистината и се создава поинаква перцепција за настанот. Единствената цитирана изјава на Ѓорчев гласи: „Нашиот став е