verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Лезбејка активистка си кажа јасно и гласно: Нашата крајна цел е да се разори и уништи семејството

on 2 - 10 - 2013       

recenzija-masha-gessen_resize_crop 001

Напис во кој е пренесена стара изјава на руска активистка, искористена за дискредитација на целото ЛГБТ движење. Текстот е објавен со една и пол година задоцнување, во време кога во Македонија се водеше дебата за уставни измени кои би го дефинирале бракот како заедница на еден маж и една жена.

recenzija-masha-gessen-screenshotЛинк до анализираниот написЛезбејка активистка си кажа јасно и гласно: нашата крајна цел е да се разори и уништи семејството

Датум и време на објавување: 25.09. 2013,  20.39

Датум на рецензирање: 29.09.2013

Рецензент: Соња Здравеска

Вистинитост на факти: Написот е базиран на изјава на руско-американската новинарка и активистка за ЛГБТ права, Маша Гесен, дадена на Sydney Writers Festival во Австралија во мај 2012, во која таа изразува свои ставови за бракот како институција.

Говорот на Гесен е познат и тој предизвика внимание во светот во времето кога беше одржан. Оттаму, од овој аспект нема дилеми околу точноста и веродостојноста на пренесените изјави. Но, начинот на кој авторот ги пренесува, произволно додавајќи зборови и тези кои одговараат на неговите гледишта, е крајно проблематичен.

Извори на информации: Единствен извор користен за написот е изјавата на Гесен. Авторот не наведува дека говорот е одржан пред една и пол година, со што читателот добива погрешен впечаток дека тоа е нова и актуелна изјава. Текстот е пренесен од српскиот портал Васељенска, каде веста исто така „доцни“ една година, а и таму нема временска одредница за изјавите на активистката.

Содржајност:  Изјавата на Маша Гесен е пренесена непрецизно и тенденциозно – авторот произволно толкува и додава дека активистката се залага за „разорување“, „уништување“ и „демонтажа“ на семејството, што не е точно. Гесен во својата изјава не го спомнува зборот „семејство“. Понатаму, во текстот нема дополнителни информации или линкови кои на читателот би можеле да му понудат контекст и да ги прошират перспективите околу самата изјава и нејзината авторка. Текстот, исто така, не дава одговор на едно од петте прашања, кои секоја вест треба да ги содржи, односно не соопштува кога се случил настанот.

Пристрасност: Прикажувајќи ја еднострано изјавата на Гесен,  авторот спинува, користејќи ги наводите на еден човек како аргумент на тезата дека целата светска ЛГБТ заедница има „таен план“ да ја уништи институцијата брак. Со оглед на тоа што текстот е објавен во време кога во земјава се водеше дебатата за измени на Уставот и дефинирање на бракот како заедница од еден маж и една жена, во него е видлива политичка пристрасност.

Коментирање: Текстот не содржи коментари, освен во насловот, каде стои дека руската активистка „јасно и гласно“ кажала дека сака да се укине бракот. Со оваа одредница новинарот покажува дека зазел страна по ова прашање и го наведува и читателот да го стори истото.

Квалитет на насловот: Насловот на овој напис е тенденциозен – покрај забелешката дека руската активистка „јасно и гласно“ се залага за укинување на бракот, авторот ги искористил и изразите „разори и уништи“, кои Гесен не ги употребува во својата изјава. Насловот не е соодветен за текстот на кој се однесува, затоа што од говорот на активистката може да се заклучи дека таа се залага за укинување на бракот како институција, што не е исто со „разорување и уништување на семејството“.

Говор на омраза: Ова е пример за дискриминирачки текст, во кој отворено се зазема страна против борбата за права на луѓето со поинаква сексуална ориентација и се манипулира со информациите за да се дискредитира целата ЛГБТ заедница.

Заклучок: Користењето изјави на поединци за да се дискредитира цела група на која тие припаѓаат е една од најстарите и најупотребуваните техники за манипулација на јавното мислење. Овде е одлучено да се преведе и пренесе бајата вест, во која една изјава со изнесен личен став лажно се претставува како тенденција и „таен план“ на голема група луѓе. Веста стара една и пол година е пренесена токму во деновите кога траеше дебатата за уставните измени за дефинирање на бракот во Македонија. Оттаму, се насетува тенденциозност и политичка пристрасност во написот.

Сето ова е неспојливо со професионалното и одговорното вршење на новинарската професија. Во Кодексот на новинарите јасно е наведено:

Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…);


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести