verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Од полноќ можна финансиска блокада на американската Влада

on 2 - 10 - 2013       

24vesti_mk_od-polnokj-mozhna-finansiska-blokada-crop-resize

Поради неусогласените ставови на републиканците и демократите во американскиот Сенат, нема да биде донесен буџетот на земјата за идната година. Тоа ќе предизвика финансиска блокада на Владата со што некои суштински институции нема да работат. Додека не се разреши проблемот многу вработени ќе одат на привремен одмор. Нема да работат најпосетуваните музеи, галерии, национални паркови.

FireShot Screen Capture #028 - 'Од полноќ можна финансиска блокада на американската Влада I 24 ВЕСТИ' - www_24vesti_mk_od-polnokj-mozhna-finansiska-blokada-na-amerikanskata-vladaЛинк до оригиналниот напис: Од полноќ можна финансиска блокада на американската Влада

Датум и време на објавување: 30.09.2013  17:57

Датум на рецензирање: 1.10.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Порталот  тргнал од актуелноста на темата и нејзиното присуство во сите светски и регионални медиуми и едноставно од некаде ја ископирал без да наведе извор или направил компилација од неколку текстови.

Извори на информации: Нема конкретен извор на информации, нема повикување на изјава.

Содржајност: Текстот е содржаен, на моменти пренесува драматичност од новонастанатата ситуација.  Го објаснува детално новиот миг во политичкиот живот на САД и последиците кои ќе произлезат од  финансиската блокада на американската Влада. Сепак, на текстот му недостасува бекграунд  дека САД биле во идентична ситуација и пред 17 години во времето на претседателот Бил Клинтон кога финасиската блокада траеше три недели.

Коментирање: Пред крајот на написот има коментаторски сегмент.

„Една од работите за кои граѓаните вероватно нема да протестираат многу е најавата на даночната служба ИРС дека во случај на блокада на Владата ќе престане да врши нови истраги за даночни прекршоци. Но, сепак, граѓаните и натаму ќе мораат да плаќаат даноци.“

Оригиналност/Плагијат: Написот не е потпишан, нема, автор, нема извор и може да се смета за плагијат.

Фотографија: Текстот има само една фотографија која го прикажува американскиот Сенат. Таа нема легенда и нема извор.

Заклучок: Во трка со времето да биде прв и ексклузивен во преземањето информација од светските или регионални медиуми, порталот „заборавил“ да стави извор на информацијата. Не се потрудил во целата информација барем малку да има бекграунд, да внесе и своја креативност.

Кога веќе укажува дека нема да работат музеи и национални паркови, галерии, можело да се побараат дополнителни информации на интернет и да се наведе колку луѓе од целиот свет ги посетуваат овие знаменитости (дневно или месечно, на пример). Вака, особено што нема никаков извор на текстот, се добива впечаток како да станува збор за типичен пример на копи/пејст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

нема повикување на извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести