verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Соња Здравеска

Рецензија: Двајца Македонци на листата на најзначајни личности во историјата на човештвото

на 17. 12. 2013 | | sq
Разбирањето на новинарството како средство за одбрана на национални интереси и натаму често се среќава во македонскиот, но и во балканскиот медиумски простор. Според оваа „школа“, кога се брани националната кауза дозволени се сите средства – па и манипулацијата со читателите. Ваквата пропаганда, маскирана како објективна информација, е спротивна на сите основни новинарски принципи. Линк до оригиналниот напис: Двајца Македонци на листата на најзначајни личности во историјата на човештвото
Датум и време на објавување: 10 декември 2013 Датум на рецензирање: 15 декември 2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Факт е дека книгата, односно листата на која се повикува авторот на текстот постои, односно дека е објавена. Сепак, кусо пребарување на интернет открива дека книгата „Кој е поголем? Како навистина се рангирани

Рецензија: Докажано: Македонците се директни потомци на Александар Македонски!

на 6. 12. 2013 | |
Новинарите прашуваат, информираат, анализираат – тоа е нивната работа. Но, понекогаш е многу полесно да се препише. Една силно обоена информација, објавена во друг медиум пред две и пол години и дискутабилна по сите основи, овде комплетно се препишува и се пренесува како актуелна. Реобјавениот текст е субјективно и површно, сензационалистичко четиво што задира во многу чувствителна и сложена историска и политичка  тема. Самата вест е толку бајата и рециклирана толку многу пати, што нејзината информативна вредност е речиси никаква. Од друга страна, темата и натаму има потенцијал да се „преџвакува“ и сервира – а целта да не биде информирањето, туку голата провокација, можеби и манипулација. Линк до оригиналниот напис: Докажано: Македонците се директни потомци на  Александар Македонски! 
Датум и

Рецензија: Исповед на малолетна проститутка: Наутро на училиште, попладне со богаташи

на 25. 11. 2013 | | sq
Вест со сензационалистички наслов кој го манипулира читателот да помисли дека се работи за настани што се случиле во Македонија. Со повеќекратно преземање и копирање од еден на друг портал, веста губи важни елементи и овде ја имаме „осакатена“ и неверодостојна, но подеднакво сензационална. Линк до оригиналниот напис: Исповед на малолетна проститутка: Наутро на училиште, попладне со богаташи
Датум и време на објавување: 18.11.2013 Датум и време на рецензирање: 23.11.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Од информациите содржани во веста може само да се претпостави дека тие се точни – се зборува за судот во Рим, за некаков ланец на малолетна проституција, но во текстот нема никаква референца (освен „италијанските медиуми“), ниту линк до извор кој би можел да ја зајакне

Рецензија: Лезбејка активистка си кажа јасно и гласно: Нашата крајна цел е да се разори и уништи семејството

на 2. 10. 2013 | |
Напис во кој е пренесена стара изјава на руска активистка, искористена за дискредитација на целото ЛГБТ движење. Текстот е објавен со една и пол година задоцнување, во време кога во Македонија се водеше дебата за уставни измени кои би го дефинирале бракот како заедница на еден маж и една жена. Линк до анализираниот напис: Лезбејка активистка си кажа јасно и гласно: нашата крајна цел е да се разори и уништи семејството Датум и време на објавување: 25.09. 2013,  20.39 Датум на рецензирање: 29.09.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост на факти: Написот е базиран на изјава на руско-американската новинарка и активистка за ЛГБТ права, Маша Гесен, дадена на Sydney Writers Festival во Австралија во мај 2012, во која таа изразува свои ставови

Рецензија: Американски рапери воодушевени од македонската убавина снимаа спот во Скопје

на 26. 09. 2013 | | sq
Куса видео-вест во која авторот преку селективно претставување на информациите се обидува да му го наметне на читателот своето воодушевување од еден настан. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Американски рапери воодушевени од македонската убавина снимаа спот во Скопје Датум и време на објавување: 23.09.2013 15.20 Датум на рецензирање: 25.09.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Написот ги црпи информациите од видеоспот на американска музичарка објавен на Јутјуб. Очигледно е дека спотот е снимен во Скопје, покрај спомениците и градбите од „Скопје 2014“, но тука завршуваат сите факти кои можат да се утврдат во текстот. Извори на информации: Текстот целосно се повикува на објавеното видео, односно на официјалниот канал на американската музичарка Кола Ди на Јутјуб. Изворот може да се смета за легитимен

Рецензија: СДСМ подготвува кампања „Сечи мајсторе”, а Шекеринска е одговорна

на 18. 09. 2013 | | sq
Напис заснован на озборувања во кој авторот се обидува на духовит начин да пишува за сериозна политичка тема, но успева само да исмева и дискредитира. Линк до оригиналниот напис: СДСМ подготвува кампања „Сечи мајсторе”, а Шекеринска  е одговорна  Датум и време на објавување: 06. 09. 2013 Датум на рецензирање: 12. 09. 2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Написот се темели врз изјави на станарите од зградите во близина на седиштето на СДСМ , чија веродостојност не може да се утврди. Понатаму, се спомнуваат „пишувањата на некои македонски медиуми“, без да се спомнат конкретните написи и изворите во нив. Извори на информации: Авторот на текстот се потпира главно врз кажувањата на анонимни жители на зградите на „Павел Шатев“. И покрај тврдењето: „нашите

Професионална новинарска дистанца

на 29. 08. 2013 | | sq
Кога новинарите забораваат на професионалната дистанца, најсериозна последица е губењето на довербата на публиката кон новинарството во целина и кон сите новинари       Пишува: Соња Здравеска   За новинарот да обезбеди објективност и непристрасност во своето известување, како основен предуслов за правилен пристап кон работата, тој мора да се „изолира“ од темата за која пишува и да ја пренесе онаква каква што е, односно без да биде наклонет

Рецензија: Забранет влез за Роми во новиот Аква парк

на 10. 08. 2013 | |
Напис со сензационална содржина, премногу  едностран за да биде веродостоен. Линк до оригиналниот напис: Забранет влез за Роми во новиот Аква парк Датум и време на објавување: 31.07.2013 17:11 Датум на рецензирање: 05.08.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Факт е дека настанот за кој се жалат граѓаните во овој напис, се случил. Но, авторот целосно ја следи нивната верзија на настанот, без да ги истражи сите околности и да консултира други извори. На читателот му е презентирана само едната страна на приказната, што ја подрива веродостојноста на написот. Извори на информации: Целиот текст се темели на изјавите на граѓанин и неговата ќерка, кои се жалат дека биле дискриминирани поради нивната етничка припадност.  Клучен проблем на овој напис е тоа што во

Рецензија: Македонски девојки се проституираат на црногорски јахти

на 25. 07. 2013 | |
Вест која во насловот изнесува груба шпекулација, без да се обиде да ја истражи и поткрепи нејзината веродостојност. Линк до оригиналниот напис: Македонски девојки се проституираат на црногорски јахти

Датум и време на објавување: 18.07.2013 Датум на рецензирање: 22.07.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Написот е пренесен од српски „Блиц“ . Во оригиналната вест се зборува за проституција на јахти во Црна Гора, но не се спомнуваат девојки од Македонија. Авторот во насловот изнесува тврдење, чија веродостојност не ја поткрепува со никакви докази. Извори на информации: Текстот се темели на изјави на анонимна малолетничка и на извршната директорка на една „сигурна куќа“, каде што малолетничката се обратила за помош. Изјавите не се соодветни на насловот на веста: „Македонски девојки се проституираат

Рецензија: За закани за Бакрачевски притвор , а за Села што ?

на 22. 07. 2013 | |
Легитимна новинарска поента невнимателно спакувана во нејасен и разводнет текст. Линк до оригиналниот напис: За закани за Бакрачевски притвор , а за Села што ? Датум и време на објавување: 28.06.2013, 06.51 Датум на рецензирање: 29.06.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Написот делумно се темели врз факти – односно прераскажува една верзија на настан, кој го потврдиле официјални извори (полицијата). Веродостојноста на наводите авторот ја прикажува како утврдена, иако се работи за обвинувања на едната страна во приказната. Извори на информации: Написот почнува со опис на настан, без да се атрибуира, односно да се наведе кој е изворот на информациите. Подолу во текстот се насетува дека изворот е струшкиот градоначалник, но тоа не е јасно наведено во веста. Дури во четвртиот

Претплатете се за најнови вести