verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: За закани за Бакрачевски притвор , а за Села што ?

on 22 - 07 - 2013       

Легитимна новинарска поента невнимателно спакувана во нејасен и разводнет текст.

Рецензија: За закани за Бакрачевски притвор , а за Села што ?Линк до оригиналниот напис: За закани за Бакрачевски притвор , а за Села што ?

Датум и време на објавување: 28.06.2013, 06.51

Датум на рецензирање: 29.06.2013

Рецензент: Соња Здравеска

Вистинитост: Написот делумно се темели врз факти – односно прераскажува една верзија на настан, кој го потврдиле официјални извори (полицијата). Веродостојноста на наводите авторот ја прикажува како утврдена, иако се работи за обвинувања на едната страна во приказната.

Извори на информации: Написот почнува со опис на настан, без да се атрибуира, односно да се наведе кој е изворот на информациите. Подолу во текстот се насетува дека изворот е струшкиот градоначалник, но тоа не е јасно наведено во веста. Дури во четвртиот пасус авторот се повикува на полицијата, која потврдила дека градоначалникот пријавил закани. Иако главна личност во написот е Дилавер Бојку и објавени се две негови фотографии, во текстот нема негова изјава. Ова и дава на веста тон на едностраност.

Содржајност: За да биде сеопфатна, во оваа вест недостига изјава на Бојку. Начинот на кој е напишан текстот претпоставува дека сите наводи и обвинувања против него се точни, без да ја пренесе неговата страна на приказната. Понатаму, во текстот се алудира дека МВР покажува двоен аршин во својот однос кон двата случаи. Оваа теза на авторот е поставена, но не е доволно разработена во текстот, а во него нема прашање до МВР за наводните двојни аршини.

Пристрасност: Текстот нема намера да биде наклонет кон едната страна, туку да укаже на слабости и двојни стандарди во работата на полицијата. Сепак, со тоа што не ги претставува подеднакво сите засегнати страни во приказната, написот станува неизбалансиран.

Коментирање: Текстот завршува со коментар на авторот, кој не е јасно издвоен од фактите.

Квалитет на насловот: Насловот е нејасен, односно може да биде информативен само за читателите кои добро се запознаени со темата. Во него авторот прави паралела меѓу два случаи на закани против градоначалници, во Охрид и во Струга, кои премногу слободно ги изедначува за да ја поткрепи сопствената теза.

Фотографија: Објавени се две фотографии на Дилавер Бојку, без да биде наведен изворот или авторот. Фотографиите се стари (едната го прикажува Бојку уапсен во придружба на полицијата) и несоодветни за конкретниот случај.

Говор на омраза: За да ја поткрепи својата теза , авторот корист сензационалистички и навредливи изрази како „газда на проституцијата“ и „познат струшки нарко бос“. Иако е точно дека Бојку е осудуван за вакви кривични дела, тоа не значи дека автоматски е виновен за заканите кон струшкиот градоначалник.

Заклучок: Авторот сакал да постави една сосема легитимна теза – дека полицијата во двата случаи на закани кон градоначалници постапува според двојни стандарди. Сепак, поради едностраниот и премногу слободен пристап во споредувањето на двата случаи, резултатот е недоволно разработен и донекаде неизбалансиран напис.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна

можеби

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно

нема

нема

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има

интегрирани

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

не

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

има

нема

не потикнува

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни

нема

делумно уреден

не

Претплатете се за најнови вести