verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Тарчуловски и Мијалков на кафе во „Пелистер“ (фото)

on 19 - 07 - 2013       

Откако се врати од отслужувањето затворска казна, Јохан Тарчуловски е будно следен од македонските медиуми, кои известуваат за секоја негова активност надвор од семејниот дом, а посебно за неговите средби со личности кои имаат одредена политичка или државна функција.

Еден таков пример е и оваа фото-вест за кафето што Тарчуловски го пиел со директорот на УБК, Сашо Мијалков. Иако во самата вест нема елементи на политичка обоеност, освен манирот Тарчуловски да се титулира со „бранител“, што е својствено на дел од македонските медиуми, самиот негов третман како јавен лик од примарен ранг (во кој обично спаѓаат ВИП личности – највисоките носители на државни функции, односно крунисани владетели, личности на чело на меѓународни институции од светски калибар или, пак, најпознатите личности од шоу-бизнисот) укажува на поклопување на ставовите на овие редакции со официјалниот став на македонските власти во врска со Јохан Тарчуловски.

Рецензија: Тарчуловски и Мијалков на кафе во „Пелистер“ (фото)Линк до оригиналниот напис: Тарчуловски и Мијалков на кафе во „Пелистер“ (фото)

Датум и време на објавување: 09.07. 2013, 17:45

Датум на рецензирање: 15.07.2013

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Кај фото-веста параметрот на вистинитост најчесто е лесно проверлив веќе од самата содржина на фотографијата, каков што е случајот и со оваа вест.

Извори на информации: Се работи за актуелна и неофицијална фотографија, направена на јавно место, но со знаење на субјектите кои се фотографирани.

Содржајност: Несеопфатноста на фото-веста произлегува од тоа што јавноста се информира за нешто што е очигледно –  дека двајцата се сретнале и разговарале, иако тоа можеме и самите со свои очи да се увериме, но изостана информацијата ЗА ШТО разговарале, што всушност е вистинската вест во овој случај.

Со оглед на профилот на соговорниците, дилемата дали веста прикрива информации, е истовремено и легитимна, но и намерно пласирана од медиумот кој ги објавува фотографиите за да ја заскокотка читателската публика.

Пристрасност: Наклонетоста може да се лоцира како во именувањето на Тарчуловски како „бранител“, така и општо,  во трендот на детално следење на неговиот социјален живот во актуелниов момент.

Тешко е да не се добие впечаток на политичка наклонетост ако се има предвид изнасиленото промовирање на Тарчуловски во кое секој негов чекор помно се следи: пие кафе со лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, избран како еден од 25-те коњаници на 2 Август, Илинден, работи на обединување на здруженијата на бранителите, го бакнува знамето на Лавовите, се поклонува пред споменикот на Гоце Делчев, пишува книга, го полага првиот испит на Земјоделскиот факултет, итн. Вакво внимание и известување за секоја постапка не добива безмалку ниедна друга јавна личност во земјава.

Оригиналност/Плагијат: Наведен е авторот на фотографиите, но не и авторот на веста која нив ги објаснува.

Квалитет на насловот: Насловот ги исполнува професионалните стандарди за овој новински жанр, иако не е креативен.

Фотографија: Фотографиите ја носат веста и, иако би требало да претставуваат таканаречени „папарацо“ фотографии, впечаток е дека се направени со знаење на субјектите кои се сликани.

Заклучок: Објавувањето на фото-вести за „спонтани“ кафе-пиења на јавни личности често е наменето за интригирање на јавноста, но и за испраќање на одредени политички пораки. Притоа, главно и  не се забележува  обид медиумот да пласира нешто повеќе за самата содржина на средбата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

точни

веродосотојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има

неофицијални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна

можеби

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно

нема

наклонетост

политичка

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема

издвоени

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

да

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема

нема

не потикнува

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни

нема

уреден

да

Претплатете се за најнови вести