verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Исповед на малолетна проститутка: Наутро на училиште, попладне со богаташи

on 25 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Исповед-на-малолетна-проститутка-crop-resize

Вест со сензационалистички наслов кој го манипулира читателот да помисли дека се работи за настани што се случиле во Македонија. Со повеќекратно преземање и копирање од еден на друг портал, веста губи важни елементи и овде ја имаме „осакатена“ и неверодостојна, но подеднакво сензационална.

Исповед-на-малолетна-проститутка-Наутро-на-училиште-попладне-со-богаташиЛинк до оригиналниот напис: Исповед на малолетна проститутка: Наутро на училиште, попладне со богаташи

Датум и време на објавување: 18.11.2013

Датум и време на рецензирање: 23.11.2013

Рецензент: Соња Здравеска

Вистинитост: Од информациите содржани во веста може само да се претпостави дека тие се точни – се зборува за судот во Рим, за некаков ланец на малолетна проституција, но во текстот нема никаква референца (освен „италијанските медиуми“), ниту линк до извор кој би можел да ја зајакне веродостојноста на веста.

Извори на информации: Текстот најпрво се повикува на психијатар, кој пренесува изјава на малолетничка вклучена во проституција, дадена во истрага. Подолу во текстот се спомнува „истражител“, па е нејасно дали се работи за истиот човек, каква истрага е во прашање и кога се случила. Се добива впечаток дека користените изјави се неофицијални – дури кога ќе се провери оригиналната вест која потекнува од агенцијата АНСА, станува јасно дека изворот е всушност италијанската полиција, која објавила дел од сведочењето на девојката.

Содржајност:  Веста е пренесена непотполно и површно – занемарени се „здодевните“ информации за изворите и времето кога настаните се случиле, а акцентирани и прецизно пренесени се деталите од случајот со малолетничка проституција.

Пристрасност: Вистинитоста на веста ја нарушува насловот, во кој не е наведено дека ова се случило во Италија, што го манипулира читателот и му наметнува впечаток дека се работи за настани што се случиле во Македонија.

Коментирање: Написот е пренесена вест и не содржи коментари.

Плагијат: Ова е целосно копирана агенциска вест, во која нема ниту линк до оригиналниот напис, ниту е наведен извор на информациите.

Квалитет на наслов: Клучниот проблем на оваа вест е насловот, во кој авторот, веројатно во обид да привлече повеќе луѓе да ја прочитаат веста, ја изоставува клучната информација – настанот се случил во Италија. Ова претставува манипулација со читателите.

Фотографија: Објавена е фотографија на две девојки на улица, облечени во провокативна облека, која треба да илустрира проституција. Фотографијата е стереотипна, а и несоодветна – девојките за кои се зборува во текстот не заработувале, барајќи клиенти на улица.

Говор на омраза: Текстот не дискриминира, но преку изборот на фотографијата се наметнува одреден стереотип за сексуалните работнички.

Заклучок: Ова е пример како една легитимна вест со невнимателно пренесување (копирање), се претвора во сензационалистички напис со нарушена веродостојност. Веста ја пренесоа повеќе македонски портали, но само еден од нив го наведува изворот, додека во исто време, пикантериите за малолетничката што била дел од ланецот проституција се пренесуваат прецизно и детално. На веста е ставен сензационален наслов, кој треба да привлече „кликови“ без да се наведе дека тој се однесува на вест од странство, што е недозволена пракса, но, за жал, честа во македонскиот интернет простор.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести