Рецензии

Рецензија: Прилепчанец фатен со хероин

на 14. 10. 2013 | | sq
Класичен пример на несоодветно избрана фотографија за која не може да се тврди дека би требало само да ја илустрира информацијата дека е фатен прилепчанец со хероин. Во текстот се вели дека полицијата ја пронашла дрогата закопана во дворот на пријавениот, а на фотографијата имаме лице кое е фатено како пренесува дрога скриена во долна облека. Оваа фотографија е толку карактеристична и се однесува на конкретен настан и лице, што не може да служи како „општа“ фотографија која би се употребила во вакви ситуации. За илустрација на текстот, медиумот би можел да постави архивска фотографија на која би се гледала запленета дрога, но не вака експлицитна од друг карактеристичен случај, со што се доведува во прашање сериозноста на медиумот и

Рецензија: Акцијата „Претседавач“ е именувана според функцијата на Шиповиќ во „Машинопромет“

на 14. 10. 2013 | | sq
„Тврдењата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев дека по името на акцијата „Претседавач“ може да се заклучи дека акцијата е политички мотивирана, се невистина и претставуваат замајување на јавноста, велат извори од МВР.“ Повикувајќи се на неименувани извори во полицијата текстот настојува да го одржува во живот тврдењето на власта дека потерата по првиот човек на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ не е политички мотивирана, туку дека се работи за „подгревање на стара манџа“.
Имаме кусок на извори на информации за еден проблем, кој барем во една димензија е доста стручен, но воедно и лесен за покривање, а тоа е прелистување на Законот за трговски друштва. Недостасува и содржајност, бидејќи тврдењата на опозицијата се нецелосно дадени

Рецензија: Газдата на Миравци ги тепал своите фудбалери зашто не му ја додавале топката на – син му!

на 14. 10. 2013 | | sq
„Јавно истакнувам дека без да ме смени јас ќе си заминев од клубот бидејќи на средбата со Локомотива, на која не успеавме да победиме во текот на целиот меч, вулгарно ги пцуеше играчите и на крајот од самиот натпревар дојде и го го удри Томче Мижоров . Причина – затоа што не проигрувал со неговиот син Дарко Штерјов. Со ова тотално ја наруши атмосферата во екипата и тоа е единствената причина за недоразбирањето и што јас си заминувам од клубот”, вели за ’Спортефе’ Штерјовски“. Порталот „мкд.мк“, кој има голема понуда на спортски вести, покажува дека има добри конекции со т.н. провинција и умее да извлече атрактивни теми и онаму каде најголем дел од другите портали не наоѓаат ништо интересно или

Рецензија: ФОТО: Во Македонија бубрег се продава за 80.000 евра

на 13. 10. 2013 | | sq
Уште еден пример на сензационалистички пласирана информација, илустрирана со несоодветна фотографија и неистражаена до крај, што ја прави несериозна и ја доведува во прашање и нејзината вистинитост. Веста нема автор, но новинарот кој ги разгледувал огласите на сајт за рекламирање, морал да обезбеди повеќе информации пред да објави било што, бидејќи наведената причина дека телефонските броеви не постоеле или не се јавувал никој, не се доволен доказ дека новинарот и

Рецензија: Никој не бега од часовите по сексуално образование

на 13. 10. 2013 | | sq
Кратка и површна информација за пилот проект со кој во Србија во средните училишта е воведено сексуално образование. Медиумот со блага иронија зборува дека од овие часови не се бега и нема препишување, а предавачите  и учениците имаат другарски однос и слободно разговараат на оваа тема. Во текстот нема подлабоко навлегување во причините за воведување на овој предмет. Во написот се вели дека  доколку проектот успее, ќе се применува во цела Србија. Линк до оригиналниот напис: СРБИЈА: Никој не бега од часовите по сексуално образование Датум и време на објавување:  6.10.2013 17:29 Датум на рецензирање: 10.10.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Точно е дека во Србија како пилот проект е воведено сексуално образование, тоа го знаеме и од другите медиуми. Но,

Рецензија: Што се подразбира под „медиумска култура“?

на 12. 10. 2013 | |
Според Даглас Келнер (“Media Culture”, Douglas Kellner, Routledge, 2003), „медиумската култура користи слики, звуци и претстави, кои ги формираат содржините на секојдневниот живот, доминираат со слободното време, ги оформуваат политичките гледишта, општественото однесување. Содржини што го обликуваат идентитетот на луѓето. Овие содржини преку филмот, радиото, телевизијата (електронските медиуми, м. з.) создаваат модели кои одредуваат како треба да изгледаат мажите, како жените, што е успех, а што неуспех. Со содржините на медиумската култура се формираат сфаќања за класите, етничката припадност, националност, сексуланост. Медумската култура ги формира општествените вредности, доминантните ставови – што е добро, а што е лошо, што е морално, а што неморално, позитивно или не. Сликите во медиумите се симболи или митови што ја прават општата културна клима. Со

Рецензија: Ова се најопасните антибиотици кои се продаваат во аптеките

на 10. 10. 2013 | | sq
„Ако го слушнете името ципрофлоксацин, гемифлоксацин, левофлоксацин, моксифлоксацин, норфлоксацин, офлоксацин бегајте! Тоа се шест антибиотици кои можат да предизвикаат трајни оштетувања на нервите, што потврдила и американската Агенција за храна и лекови (ФДА)“. Во последно време зачестија текстовите со кои се изразува скепса кон антибиотиците. Еден од нив, со сензационален наслов и содржина, го провлекува вниманието. Се работи за широка палета на лекови што ги употребуваат многу лица во овој миг и кај кои веста секако предизвикува шок. Но, од тоа произлегува и обврската со ваквите вести да не се биде „скржав“, туку да се дадат повеќе образложенија и да се види како кон неа се однесуваат нашите здравствени власти (Бирото за лекови, на пример). Но, затоа веста се презема

Рецензија: Македонските компании одговараат на предизвикот за заштита од загадување

на 10. 10. 2013 | |
Веќе самиот наслов на текстот и на телевизискиот прилог се доволни за да се постави дилемата од каде е извлечен еден таков заклучок за еколошките состојби во Република Македонија, кога медиумите, но и социјалните мрежи континуирано се полни со вести за неконтролирано загадување, кое потекнува токму од некои од најголемите индустриски капацитети во земјава. Тврдењето дека „Македонија е чиста земја“ и дека „фабричкото производство е на високо еколошко ниво„ е поткрепено со изјава од само еден соговорник, претставен како „експерт за заштита од загадување“. Експертот тврди дека големите компании со индустриско производство континуирано вложувале во системи кои го превенирале загадувањето и сериозно инвестирале во механизација и еколошка опрема, наведувајќи го како карактеристичен позитивен пример кавадаречки ФЕНИ. Меѓутоа, не само што

Рецензија: СДСМ конечно го кажа ставот за името

на 10. 10. 2013 | |
Текстот е „школски“ пример како не треба да се прави вест во новинарството. На почеток, таа има проблем со вистинитоста, а потоа се промашени и други професионални стандарди. Спинот и коментирањето се сеприсутни, а поради отсуството на факти овој текст е лош, дури и ако бил наменет за пропагандистички цели. Линк до оригиналниот напис: СДСМ конечно го кажа ставот за името Датум и време на објавување: 07.10.2013 (16:45) Датум на рецензирање: 09.10.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Веста е мешавина на еден факт со многу други тврдења, чија вистинитост или не може да се утврди или се неточни. Точно е само дека посоченото лице во веста го кажало тоа што го кажало. Сѐ останато, што всушност е главната содржина на веста,

Рецензија: ГАЛЕРИЈА Николина Пишек предизвика хаос во Загреб

на 9. 10. 2013 | |
Текст без поента и значење. Веста ја опишува во неколку зборови прошетката на хрватската водителка Николина Пишек низ Загреб со опис на нејзината облека. Кога ја отворате веста, насловена со “Галерија”, се надевате барем дека ќе видите повеќе фотографии на водителката. Но, таа надеж е изјаловена, бидејќи може да се види само една фотографија која не открива ништо друго освен облеката на Пишек. Целиот текст има вкупно четири реченици! Линк до оригиналниот напис: ГАЛЕРИЈА Николина Пишек предизвика хаос во Загреб Датум и време на објавување: 06.10.2013 во 10.37 Датум на рецензирање: 07.10.2013 Рецензент: Светлана Јовановска Вистинитост: Текстот се базира врз фактите на објавената фотографија и ја опишува гардеробата на водителката, мини здолништето, чорапите, очилата…. и тоа дека водителката, омажена пред