verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Саше Димовски

Јавност во тајната истрага

на 4. 02. 2015 | | sq
Судски чекан . Фото: ssalonso, 2009   За новинарите, ограничувањата се содржани во самиот Кодекс, да не известуваат сензационалистички за судските постапки и да ја почитуваат презумцијата на невиност. Секој обид за ограничување на известувањето од државни органи, институции или поединци за судските постапки, е обид за цензура, заплашување и страв од гонење, спротивно на јавниот интерес и на слободата на информирање.   Пишува: Саше Димовски   Истрагата, по „дифолт“ е

Како се изигрува Законот за слободен пристап дo информации од јавен карактер

на 26. 11. 2014 | | sq
 

Според искуствата на новинарите, министерствата за финансии и за внатрешни работи се најзатворените институции во земјава. МВР, речиси во сите случаи се повикувало на класифицирани информации, а Министерството за финансии или не одговара или, пак, прави сè да го одбие барањето. Министерството за финансии крие колку пари им исплатило на неосновано притворените или судени луѓе во Македонија, за тајна го смета и бројот на луѓе кои исполнија услов за

Рецензија: Галерија – двојно убиство во Охрид во Хотел Император

на 1. 09. 2014 | |
Предмет на оваа рецензија е кратка вест, која, вклучувајќи го и насловот, е објавена во 10 реда. Но, на толку мал простор има толку грешки кои неопходно е да бидат потенцирани. Првенствено правописни грешки, кои толку паѓаат во очи што секој читател би бил во дилема дали чита вест објавена на медиум, од новинар или станува збор за нечиј статус преземен од Фејсбук во кој не се внимавало на јазичните и технички грешки. Факт е дека лекторите за најголем дел од медиумите се мислена именка, иако се задолжителни, но вакви грешки не би можело да му се простат на било кого, кој пишува или објавува содржини во јавност. Употребата на наводници, на сврзници во реченицата, употреба на мали и големи

Користење фотографии

на 28. 08. 2014 | | sq
 

Фотографијата како илустрација на текстот, не смее да манипулира, непотребно да го привлекува вниманието или да предизвикува вџашеност кај читателот, доколку за тоа нема исклучителни околности, кои би ја оправдале таквата пракса. Користењето архивски фотографии секогаш треба да биде јасно означено.

  Пишува: Саше Димовски   Читателка на Сервисот за проверка на факти од медиумите, реагирала до неколку медиуми и барала да отстранат фотографијата на која се гледало

Рецензија: Агим Красниќи прободел затвореник со нож во Идризово

на 8. 08. 2014 | |
Уште еден пример за погубноста на копирачкото новинарство, каде што не се води сметка за основните постулати во професијата: да се провери веста, изворот или едноставно да се направи обид да се добие нешто повеќе како информација од таа на која се повикувате или ја препишувате, а станува збор за информација од земјава. Главниот проблем во случајов е што порталов ни нуди вест која е стара 13 месеци и 3 дена и која, за жал, како таква била објавена и во септември 2013 година на истиот портал, но сега ни се нуди како „нова“, овој пат под формата дека наводно истата ја објавиле порталите на албански јазик. Ваквиот начин на ретуширање на стари вести, го покажува непрофесионализмот во новинарството и

Новинарот не смее во исто време да биде и „експерт“ и навреден гласач, коментатор, известувач…

на 25. 04. 2014 | |

[Рецензија: Пендаровски од Приштина со навреди за Македонија]

Цени го мислењето на другиот, дури и кога не се согласуваш со него! Ако имаш аргументи, спротивстави се со нив, но не напаѓај, дискредитирај или омаловажувај. Ова се животни правила кои се бонтон за примерно, човечко и демократско однесување и нив не е етички да ги прекршува човек ниту во секојдневната комуникација. Нивно прекршување најмалку се очекува од медиумите, чиј кодекс на однесување е насочен токму кон елиминирање на ваквите слабости. Но, во посочениов пример, авторот не се кара со аргументите на говорникот преку спротивставување на аргументи, туку проблематизира настап, начин на комуникација и како тоа, некој да се дрзе од Приштина да зборува против Македонија и нејзината Влада? Засега, нема закон

Неодговорни портали не значат и неодговорни новинари

на 24. 04. 2014 | |

Дали порталите, кои во најголем дел со објавување на содржини поврзани со изборите, го прекршија изборниот молк се одговорни за сторениот прекршок и кој е надлежен да ги санкционира?

  Пишува: Саше Димовски   Ова прашање, на кое деновиве немаат одговор ниту надлежните државни тела и институции, како Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги или Државната изборна комисија, ги покажа слабостите кои ни ги наметнаа решенијата што во последен

Рецензија: Расим го пречека претседателот Иванов

на 20. 03. 2014 | |
Расим го пречека претседателот Иванов? Првото прашање кое ви се наметнува кога ќе прочитате ваков наслов, е кој е Расим? Наслови од ваков тип би биле соодветни само доколку се користат за информирање од средби на државници, чии презимиња се доволно звучни и сами по себе да се информативни без дополнителни објаснувања. Ако насловот гласеше „Путин го пречека Иванов“ или „Јосиповиќ се сретна со Иванов“ очекувано ќе беше дека станува збор за државничка средба, за протокол, но во нашиов случај, медиумот во поднасловот објаснува дека: „Осумдесет годишниот Расим во кичевска Пласница попладнево го пречека претседателот на државата Ѓорге Иванов“. И толку. Расим (само за медиумот најверојатно) е толку познат што новинарите покрај описот дека има 80 години и со насмевка

Фејсбук не е простор за новинарско самопослужување

на 25. 02. 2014 | | sq
 

Медиумите можат да објават лични податоци или приватни фотографии на јавни личности само доколку докажат дека јавниот интерес преовладувал над приватниот. Секое друго преземање на податоци, во најголема мера фотогрaфии од социјалните мрежи, не е дозволено и се казнува. Новинарско самопослужување со туѓи фотографии, без дозвола е спротивно на закон.

  Пишува: Саше Димовски   „Какви приватни фотографии крие мобилниот телефон на една девојка“, „Погодете која спортска новинарка го

Рецензија: ПОГОДЕТЕ: Која наша спортска новинарка го поседува овој задник? ФОТО

на 19. 02. 2014 | |
За разлика од светските спортски новинарки, ние тука не можеме да се пофалиме со голем избор, но дефинитивно оваа новинарка може да им парира на своите колешки од другите земји“. Од вака пласираната информација, која е најавена и како „фото вест“, очекувате да прочитате за професионалниот успех на спортската новинарка во време кога се актуелни Зимските олимписки игри или за настан од домашниот спорт, па порталов решил да ја промовира колешката, но веднаш ве удира дамла на приземност и вулгарност, бидејќи нема ни „н“ од новинарство. На тацна ви се нуди новинарски задник, со кој замислете, како што пишува, спортската новинарка може да им конкурира на своите колешки од регионот?! А, притоа, понудени се неколку приватни фотографии „позајмени“

Претплатете се за најнови вести