Рецензии

Рецензија: НАСИЛСТВО – Стравот од различноста ги прави младите агресивни

на 16. 07. 2013 | |
Написот е убав пример како треба да се следи и да се известува за темата поврзана со насилството меѓу младите. Верно се пренесени повеќе заклучоци од анализата на истражувањето спроведено во рамки на проектот „Мировно образование (2011-1012)“ на Првата детска амбасада „Меѓаши“. Без намера да дискредитира одредени личности или институции, написот говори и за причините и за  последиците од употребата на насилството кај малолетниците. Линк до оригиналниот напис: НАСИЛСТВО – Стравот од различноста ги прави младите агресивни Датум и време на објавување: 04.07.2013, 10:00 Датум на рецензирање: 06.07.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Написот е базиран врз факти од полициските билтени, компаративната анализа на Првата детска амбасада „Меѓаши“ и изјави на стручни лица. Дадена е можност со линк да се пристапи

Рецензија: Владата со евтини кредити ќе го стимулира самовработувањето

на 15. 07. 2013 | | sq
Во еден поширок контекст, ова е вест што може да се смета за добро пресметан владин спин. Таа се базира само врз еден владин извор и е пласирана преку конференција за печат. Насловот може да се смета како пристрасен во корист на Владата, бидејќи ја насочува веста кон „евтините кредити“ што ќе им служат на граѓаните за да аплицираат за самовработување. Веста спаѓа во редицата такви што медиумите ги објавуваат само со мала промена на насловот и со стилски интервенции во текстот, но не и со присуство во конференцијата, со прашања и дополнително истражување, кое би создало една пореална слика за ова владина иницијатива. Линк до оригиналниот напис: Владата со евтини кредити ќе го стимулира самовработувањето Датум и време на

Рецензија: „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“ им пишуваат програми на факултетите

на 15. 07. 2013 | |
Ако во рецензиите на новинарските текстови најчесто укажуваме „што и како не треба“, ова е пример за текст „како треба“. Тој е актуелен, објавен во време кога матурантите го прават изборот на студиски програми и е одличен пример за текст поткрепен со релевантни извори, но и со содржина што нуди нови и корисни информации за читателите, особено за споменатата целна група.  Линк до оригиналниот напис: „Џонсон Мети“ и „Џонсон контролс“ им пишуваат програми на факултетите Датум и време на објавување: 05.07.2013, 17:39 Датум на рецензирање: 10.07.2013 Рецензент: Катерина Блажевска Вистинитост: Текстот се темели на факти, произлезени од истражувањето на новинарот преку разговор со повеќе извори – деканите на Машинскиот, Техолошко-металуршкиот и на Факултетот за електротехника и информациски технологии, но и

Рецензија: Македонија го доби кракот од „Јужен тек“

на 11. 07. 2013 | |
Написот е пренесена вест од медиум за кој не се наведени ниту детали, ниту линк, а кој објавил документ според кој, како што тврди Курир.мк, „Македонија го добила кракот од ’Јужен тек’“. Од пренесената содржина не може да се утврди што точно стои во документот затоа што се прераскажани делови, кои наводно се пренесени од медиум (недостасува линк до веста), а исто така недостасува официјален извор. Ако преку сопствено истражување (пребарување на сајтот на руската влада) се прочита оригиналниот документ, евидентно е дека содржината не одговара на вистината, а деловите прераскажани на Курир се вон контекст, веројатно за да се оправда насловот кој, исто така, тврди нешто што не е вистина и не постои. Накусо, веста не информира туку спинува

Рецензија: Интензивно се гради автопатот Демир Капија – Смоквица

на 10. 07. 2013 | |
. „Работите околу изградбата на новата делница од автопатот Демир Капија – Смоквица се одвиваат интензивно. Со изградбата на оваа модерна делница ќе се комплетира оската од Коридор 10, која поминува низ Република Македонија а нè поврзува со Европа и Солунското пристаниште.“ Ова е рутински вовед во текстот за посетата на премиерот Груевски, потпретседателот на Владата, Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски на Демир Капија, каде е ископана една четвртина (!) од едниот од двата предвидени тунели на оваа делница. На социјалните мрежи имаше полно коментари за изјавата на премиерот дека „станува збор за најголем проект на Балканот, тежок 220 милиони евра“, што од поголем дел од медиумите, кои објавија информација за оваа посета

Рецензија: Пратеници Македонци се залагале за Голема Албанија

на 10. 07. 2013 | |
Написот е етноцентристичен, националистички, го дискриминира правото на некого да се залага за ставови и вредности во кои верува. Текстот не ги задоволува професионалните стандарди затоа што не е следено едно од основните начела, да се праша „втората страна“. Така, текстот е со тенденција да обвини некого дека „не се залагал за македонска кауза“, туку за албанска, која е претставена како нешто погрешно, но „обвинетиот“ не е ни прашан за што, всушност, се залага. Линк до оригиналниот напис: Пратеници Македонци се залагале за Голема Албанија Датум и време на објавување: 16.05.2013, 09:53 Датум на рецензирање: 10.06.2013 Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ Вистинитост: Во написот се споменуваат имиња на пратеници за кои се изнесуваат тврдења дека се залагале за Голема Албанија, на

Рецензија: Никола Наумовски – Граѓани кои мислат дека се повредни од другите граѓани?

на 9. 07. 2013 | |
Навредлив текст насочен кон лична дискредитација на граѓански активист кој пријавил недозволено однесување од страна на полицијата. Линк до оригиналниот напис: Никола Наумовски – Граѓани кои мислат дека се повредни од другите граѓани? Датум и време на објавување: 03.07. 2013 Датум на рецензирање: 04.07.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Текстот е мешаница од интерпретации, манипулации и информации од анонимни и ненаведени извори. Единствен цврст факт во написот е тоа дека настанот всушност се случил.
Извори на информации: Покрај изјавата на Наумовски, авторот на написот се повикува на „очевидци“ и неименувани „експерти од областа на казненото право“. Во текстот се среќаваат и наводи што се совпаѓаат со верзијата на СВР Скопје во врска со инцидентот, но никаде не

Рецензија: Стопанската комора прогласена за најкомора во регионот

на 9. 07. 2013 | |
Ова е вест од која многу малку се дознава. Напротив, повеќе се прикрива, отколку што се информира. Таа отвора повеќе прашања отколку што нуди информации. Стопанската комора на Македонија добила признание (од кого точно, врз основа на кои критериуми, во што се состои признанието) за „најкомора“ (што точно значи тоа) на некоја средба во Сараево на комори од југоисточна и средна Европа за која не се знае точно кој учествувал (може да бидат од неколку до неколку десетици комори – регионални, национални или локални, трговски, индустриски и слично). Се употребуваат куп позитивни епитети за засилување на пораката: „упорност“, „професионалност“, „позитивност“, „извонредни резултати“, „горд на резултатите“ и слично, но повторно не е јасно на што тие се однесуваат – кои се

Рецензија: После се жали дека го бркаат од Собрание

на 8. 07. 2013 | |
Фото-веста се занимава со еден банален детаљ од секојдневието на новинарската галерија во македонското Собрание, каде колегата Насер Селмани си ги собул патиките за да си ги одмори нозете, додека ја следеше седницата. И додека ваквата фото вест, со соодветен наслов и легенда, ќе делуваше дури и симпатично (и новинарите се луѓе, да речеме, и тие се изморуваат или ги мачи горештината, итн…), наднасловот и насловот во овој случај се во функција на лична дискредитација и исмејување на Селмани на верска и национална основа, како и врз основа на неговиот претходен професионален настап (алузија на настаните од 24 декември 2012). Авторот успеал во само две реченици да се потсмева на името, националната и верска припадност и професионалниот ангажман на Селмани

Рецензија: Тито Петковски подготвен за попустливост пред грчките уцени

на 8. 07. 2013 | |
Написот пренесува поенти од интервјуто на Тито Петковски, дадени за ТВ станицата „24 Вести“ на тема грчко-македонскиот спор околу името. Но, авторот, кој не е потпишан, не останува само на пренесеното, туку коментира нешто што Петковски не го изговорил и од тоа извлекува заклучоци. Тие го наведуваат читателот да заклучи дека Петковски би направил нешто што инаку е неприфатливо и непопуларно кај пошироката јавност, што индиректно го оцрнува. Дополнително, Петковски се дискредитира и со паушална и преувеличена констатација дека за своите ставови тој и претходно бил „осуден од целата македонска јавност“. Пристрасноста можела да биде избегната доколку беа изоставени коментаторските елементи и фокусот бил само на она што Петковски навистина го изјавил.   Линк до оригиналниот напис: Тито