verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Влатко Ѓорчев: СДСМ најави истополови бракови и посвојување деца

on 1 - 10 - 2013       

Влатко Ѓорчев СДСМ најави истополови бракови

Ова е уште еден пример за текст во кој она што го има во излогот (насловот) го нема во продавницата (текстот). Текстот, кој бил замислен како краток извештај од собраниска седница, завршил како проширена вест со коментаторски елементи, пред сѐ, конфузна, нејасна и неточна вест.

Влатко Ѓорчев СДСМ најави истополови бракови и посвојување децаЛинк до оригиналниот напис:  Влатко Ѓорчев: СДСМ најави истополови бракови и посвојување деца

Датум и време на објавување: 24.09.2013

Датум на рецензирање: 1.10.2013

Рецензент: Катерина Блажевска

Вистинитост: Текстот не се темели на факти, туку на редакциска интерпретација (а не цитирање на клучниот став од кој, наводно, е извлечен насловот) на изјава на пратеникот Ѓорчев, со што се извртува вистината и се создава поинаква перцепција за настанот. Единствената цитирана изјава на Ѓорчев гласи: „Нашиот став е дека не треба да има насилство и дискриминација, но бракот да биде меѓу маж и жена“.
Каде е во текстот изјавата на Ѓорчев, што е децидно пренесена во насловот? Нема такво нешто. Но, има интерпретација на негово излагање:

„Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека огромно мнозинство од граѓаните или 97 отсто го поддржува овој Предлог и се за традиционалните вредности. Побара да се спречи обидот во иднина опозицијата преку измени во Законот за семејство тоа да го промени и да ги признае хомосексуалните бракови.“

Каде е во текстот изјавата од СДСМ дека (сега или „во иднина“) ќе бараат истополови бракови и посвојување деца (се мисли на посвојување деца од хомосексуални двојки)?

Извори на информации: Во текстот се цитира само еден извор, пратеникот Влатко Ѓорчев, а како втор (колективен) но пасивен извор, се спомнуваат „предлагачите“ на законот, односно пратеничката група на која и припаѓа тој, со што аргументацијата на текстот се квалификува како еднострана.

Содржајност: Веста е несеопфатна и ги прикрива информациите дека во овој момент никој не бара легализација на хомосексуални бракови, вклучително ни лицата од ЛГБТ заедницата.

Пристрасност: Не е почитувано правилото да се праша втората страна. Во веста нема потврда на основното тврдење од насловот, дека опозицијата бара легализација на хомосексуалните бракови. Недостигот на таква потврда преку изјава од пратеник или од пратеничката фгерупа на СДСМ е заменет со спин:

„Предлагачите се уверени дека опозиционерите со гласањето ги покажале своите намери, да ги легализираат хомосексуалните бракови кога ќе дојдат на власт“.

Квалитет на насловот: Насловот е неточен, несоодветен, тенденциозен и целосно ги дезинформира читателите. Во новинарската практика дури и најекстремните претставници на жолтиот печат не цитираат во насловот нешто за што не постои елементарна аргументација во текстот.

Говор на омраза: Текстот во преден план поттикнува на сексуална дискриминација, но и на политичка дискриминација на оние кои не се согласуваат бракот да биде дефиниран во Уставот како „заедница меѓу еден маж и една жена“.

Заклучок: Овој текст без авторски потпис не ги задоволува елементарните професионални и етички стандарди. Ги извртува фактите, ги манипулира и дезинформира читателите и поттикнува на сексуална и политичка дискриминација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не ја прикажува вистината

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

дезинформира

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

алиби фотографија

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести