Рецензии

Рецензија: МАКЕДОНИЈА НА ОСКАР: Филмовите се избираат без критериуми

на 20. 09. 2013 | | sq
Субјективниот суд на членовите на Комисијата бил пресуден за неиспраќањето на ниту еден македонски филм во трката за „Оскар“, коментираат филмските работници Ниту еден од четворицата членови на Националната комисија, кои вчера донесоа одлука да не се испрати ниту еден од двата македонски филма за кандидат за „Оскар“, не сакаат официјално да коментираат за одлуката. Ова е вовед во темата – номинирање за наградата Оскар во Македонија. Најдалечниот дострел на текстот, кој добро ги расчленува механизмите за селектирање на домашни филмови, е што покажува дека и досега таа транбулина била поставувана случајно и по личен вкус на некого во телото (органот) на ДФРМ што во мигот ја имало таа привилегија. Линк до оригиналниот напис:МАКЕДОНИЈА НА ОСКАР: Филмовите се избираат без

Рецензија: Имала секс со куче додека сопругот ја снимал

на 20. 09. 2013 | | sq
Следејќи го трендот на значителен дел од западните медиуми за објавување на бизарни вести со вознемирувачка содржина, и дел од домашните информативни гласила ја пренесоа веста дека е уапсен млад брачен пар од Северна Каролина, САД, кој сексуално ги злоупотребувал своите кучиња и снимките ги објавувале на Интернет. Веста е објавена во сосема куса форма на, со фотографија само на жената, која е обвинета за содомија. Онака како што е сублимирана и пласирана оваа вест, очигледно е дека намерата не била деталното информирање на јавноста за случајот, бидејќи во неа недостасуваат бројни детали и елементи кои останатите медиуми во светот ги пренесуваат, туку веста е тукс за да шокира и да привлече внимание. Линк до оригиналниот напис: Имала секс со

Рецензија: Информациите ѝ се доставувале на служба од една соседна земја

на 20. 09. 2013 | |
„Полицијата за мегаслучајот “Шпион” поднесе кривични пријави против дваесет лица. За злосторничко здружување, шпионажа, за злоупотреба на службената положба и овластување, уцена и измама пријави се поднесени против М.Е.(52) од Скопје, поранешен вработен во Агенција за разузнавање на Македонија, И.А.(55) и А.А.(46), двајцата од Скопје, исто така, вработени во Агенцијата за разузнавање, потоа против З.К.(48) од Скопје, вработен во Управа за безбедност и контраразузнавање, М.З.(44) од Куманово, поранешен вработен во АРМ, Б.П.(52) од Велес, Б.Ц.(49) од Скопје, вработен во Министерството за одбрана …“ Ова е вовед во информацијата која пласираше скопски Вест од апсењето на поголема група на македонски државјани во рамки на полициската акција „Шпион“. Оваа редакција остана доследна на заштитата на имињата на приведените, за кои после три

Рецензија: Која блондинка ја урна цената на ајварката?

на 18. 09. 2013 | | sq
Во серијата написи кои се занимаваат со „ликот и делото“ на косовската министерка за трговија Мимоза Кусари во време кога е се уште актуелна затегнатоста на трговските односи помеѓу Македонија и Косово, се појави и напис во чијшто наслов министерката е наречена „блондинката“ и кој се занимава со нејзиниот сексапил, афинитетот кон високата мода и со тоа кој се ја сакал, а кој не. Без оглед што е во прашање материјал поместен во рубриката ЖИВОТ, ваквиот третман на политичар од соседна земја е манифестација на невкус и сексизам, кој тешко дека може да се оправда со лежерниот третман на теми во оваа рубрика. Потенцирањето на нејзините физички карактеристики (блондинка) за сметка на останатите обележја на нејзината личност и функција, има

Рецензија: Сите ќе умрете, некои после, некои сега!

на 18. 09. 2013 | | sq
Прикриената намера за цензура на уметничко дело може да се открие дури и при најповршно читање на објавениот текст. Место да трага по причините кои го иницирале создавањето на делото, авторот на текстот трага по начините со кои поставеното дело најлесно и најбрзо ќе може да се тргне од јавните површини. Притоа, како заклучок, во текстот е посочен пример на веќе цензурирано уметничко дело. Линк до оригиналниот напис: Сите ќе умрете, некои после, некои сега! Датум и време на објавување: 17.09.2013 Датум на рецензирање: 18.09.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите користени во написот се точни и веродостојни. Нема обид за извртување на нивната вистинитост, но сомнеж може да предизвика  пристрасниот избор на „вознемирените“ граѓани, чии реакции се повод за објавување

Рецензија: СДСМ подготвува кампања „Сечи мајсторе”, а Шекеринска е одговорна

на 18. 09. 2013 | | sq
Напис заснован на озборувања во кој авторот се обидува на духовит начин да пишува за сериозна политичка тема, но успева само да исмева и дискредитира. Линк до оригиналниот напис: СДСМ подготвува кампања „Сечи мајсторе”, а Шекеринска  е одговорна  Датум и време на објавување: 06. 09. 2013 Датум на рецензирање: 12. 09. 2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Написот се темели врз изјави на станарите од зградите во близина на седиштето на СДСМ , чија веродостојност не може да се утврди. Понатаму, се спомнуваат „пишувањата на некои македонски медиуми“, без да се спомнат конкретните написи и изворите во нив. Извори на информации: Авторот на текстот се потпира главно врз кажувањата на анонимни жители на зградите на „Павел Шатев“. И покрај тврдењето: „нашите

Рецензија: Македонија е европски лидер во здравството

на 17. 09. 2013 | | sq
„Ми беше многу драго да бидам во Скопје за инаугурацијата на Секретаријатот на мрежата на Југоисточна Европа. На овој начин Македонија има водечка улога во регионот меѓу земјите од ЈИЕ во врска со здравството. СЗО во целост ќе ја поддржува Македонија со техничките капацитети за оваа улога ефикасно да ја заврши“. Оваа изјава на директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Сузана Јакаб, дадена на средбата со македонскиот министер за здравство Никола Тодоров во турскиот град Чешме, веднаш e претворена во констатација дека ние сме најдобри во Европа! Тоа е, се разбира, недозволена градација и згора мешање на категории за оценување, начин да се промени, преку сопствено и недозволиво редефинирање на изречен став, оценка за еден технички чекор на

Рецензија: Пропуши ли Радмила Шеќеринска?

на 17. 09. 2013 | | sq
Оваа фото-вест е сликовит пример на квази-новинарска вест, која, под изговор дека го информира читателот за релевантни информации од сферата на јавниот интерес, всушност, е во функција на дискредитација на одредена личност, групација или политичка опција. Написот има две димензии – поставувањето на дилемата дали потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шеќеринска, пропушила, како и таа дали пуши, спротивно на Законот, во јавни простории, а прашањата се темелат на фотографијата на која Шеќеринска седи на маса на која има и кутии со цигари. И на двете прашања во написот не е даден одговор, но, затоа е проблематизирана и нејзината искреност и нејзиното почитување на важечките закони. Написот е така формулиран што обидот за дискредитација е објавен во форма на јавно искажана

Рецензија: Др. Софијанова најдобра на Балканот

на 13. 09. 2013 | | sq
„Директорката на Клиниката за Детски болести во петок заминува во Јапонија. Два месеци ќе биде на обука за здравствени системи, раководење со здравствените ресурси. Како што стојат работите др. Софијанова е најдобра на Балканот бидејќи ниту од Србија ниту од другите соседни земји нема лекар кој ќе оди на оваа обука. Софијанова го доби грантот JICA од македонската Влада од која и лично била номинирана а прифатена од Јапонија“. Ова е почетокот и воедно целосното објаснување зошто едно стручно списание ја прогласува актуелната директорка на Клиниката за детски болести за најдобра на Балканскиот полуостров.
Доделувањето на таква позиција дури и за една директорка на клиника секако претпоставува широко и добро образоложено оценување, како во однос на непосредното опкружување, така и

Рецензија: УНХЦР: Снимките од жртвите на хемискиот напад се лажни!

на 12. 09. 2013 | | sq
На читателите им е понудена вест, многу конфликтна со новинарските стандарди и општи правила по повеќе основи: од несоодветноста на насловот со содржината на веста во смисла на тоа кој што заклучил, преку неможноста да се утврди веродстојноста на другите факти, па сѐ до тоа кој е изворот на веста. Читателот, во најмала рака, останува збунет околу основните факти, што е доволен показател дека станува збор за лош новинарски производ