verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Пејачот Наум Петрески предизвикал сообраќајка и побегнал?

on 1 - 10 - 2013       

ФОТО  Пејачот Наум Петрески Press24 crop resize

Пример за манипулативен текст, посебно во потенцирањето „фото“ дека покрај текстот се понудени фотографии кои би го поткрепиле тврдењето дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувал фолк пејачот Наум Петрески, а по несреќата побегнал. Понудените фотографии, сообраќаен полицаец со палка в раце и полициско возило со ништо не покажуваат дека се фотографирани на местото каде што се случила несреќата ниту има детали од неа, со што, на најбрутален начин се манипулира со читателот. Текстот е преземен од локален портал кој веста ја пласирал во прашална форма во насловот „Дали пејачот предизвикал несреча и побегнал“, но ниту авторот, ниту копирајтерите не се обиделе да добијат потврда од пејачот, кога во самиот текст наведуваат дека охридската полиција не го потврдила идентитетот на учесниците, туку само кои возила учествувале во сообраќајката.  

ФОТО  Пејачот Наум Петрески Press24Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Пејачот Наум Петрески предизвикал сообраќајка и побегнал?

Датум и време на објавување: 29.09.2013

Датум на рецензирање: 30.09.2013

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: не може да се потврди вистинитоста на приказната, бидејќи истата се повикува на неофицијални информации, а од официјалниот извор, полицијата не се добиени податоци. Авторот на текстот не се обидел да добие изјава од посочениот учесник, позната јавна личност, па од тука, неможе да се добие потврда за вистинитост од презентираното.

Извори на информации: Неофицијални, кои без официјална потврда можат да бидат само шпекулативни и во оваа фаза на информирање за случена сообраќајна.

Содржајност:  Текстот е содржаен, но содржината е без потврда дека  вистинита.

Коментирање: Нема  коментирање, но вака пласираната неофицијална информација отвора простор за коментари од читателите кои се со навредувачка и вулгарна содржина, прифаќајќи ја веста како апсолутно вистинита.

Оригиналност/Плагијат: Посочениот текст е копија на информација пренесена од локален охридски сајт, за која апсолутно не е направен напор да се провери, пренесувајќи ги дури и фотографиите кои не може да се утврди дека се релавантни за да се тврди дека се однесуваат на конкретниот наслов.   

Квалитет на насловот: Слаб, неуверлив и непотврден

Фотографија: Несоодветна и манипулативна

Заклучок: Класичен пример на пренесување, копирање на информации, каде што нема обид за  елементарна проверка на веста. Непотврдената информација на локалниот сајт, со прашална форма во насловот, кај вториот веќе станува факт, кој му се нуди на читателот како вистина, но содржината не упатува на такво нешто. Уште еден текст кој мора да го вклучи алармот за проверка на фактите од страна на порталите, кои функционираат по системот на препишување, со апострофирање на изворот на информацијата и со тоа од себе се обидуваат да ја оттргнат одговорноста. Независно што со интервенции во опремата на текстот нудат поубедлива слика од самиот автор кој дознал неофицијално!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

2 извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор и извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести