verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ида Протугер

Рецензија: Ќерката на Цеца во блага порнографска фотографија (ФОТО)

на 4. 10. 2013 | |
Се работи за куса вест, која всушност е опис со коментар на фотографија каде е прикажана малолетна девојка за која медиумот пишува дека е ќерка на познатата српска пејачка Цеца. Веста е куса, несеопфатна, со сензационалистички наслов кој навестува дека целта на овој напис е дискредитација на личноста, а не информирање на јавноста. Целта на рецензијата е да се посочи на етичките норми при ваков вид известување и објавување на фотографии на малолетници, како и да се потенцира одговорноста на медиумот, кој обелоденува идентитет на малолетно лице (чија фотографија е споделена со нејзини пријатели), а прикажана е во контекст на коментар јавно достапен за сите. Во веста се посочува на сексуалниот аспект, со што малолетничката се става под ризик од

Рецензија: Денес околу 11.00 часот почина Дуле од дуото “Дуле и Коки”!

на 25. 09. 2013 | | sq
Овој напис е куса вест која нуди информации за трагичен настан, односно причините за смртта на музичарот Душан Љубисављевиќ – Дуле, од дуото „Дуле и Коки“. Во неа, без да се наведе извор, се шпекулира со болест (рак на црниот дроб) како причина за смртта, а на фотографијата што го придружува текстот е прикажано малолетно девојче без да се замагли неговиот лик. Со оглед на тоа што на овој напис

Рецензија: Македонија гради, Македонци сакаат да рушат

на 23. 08. 2013 | | sq
Написот е новинарски извештај од прес-конференцијата во Oпштина Центар каде поранешните антикорупционери Слаѓана Тасева и Драган Малиновски (ангажирани од градоначалникот Андреј Жерновски да извршат ревизија на проектот “Скопје 2014”), ги изнесоа прелиминарните наоди. Како “втора страна” во написот е презентиран ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ чиј кандидат беше поранешниот градоначалник Тодоровиќ кој трошел дел парите за овој проект, но партијата според законите не располага со парите на граѓаните, туку со нив управува Владата. Недостасува став од Владата која префлрала на Oпштината значајни суми од буџетот и практично таму, како и кај Тодоровиќ, би требало да се бара “втората страна”. Исто така, со насловот се прави манипулација во однос на темата на прес-конференцијата која се однесува на тоа дали во трошењето на

Враќање на истражувачките прашања

на 23. 08. 2013 | | sq
Додадената вредност на новинарскиот текст (или прилог во електронски медиум) е повеќестраноста, објективноста и одговорени што поголем број прашања што една информација ги отвора.   Пишува: Ида Протугер Вељковиќ   ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ. Значењето на овој термин во економијата е “зголемувањето на вредноста што компанијата го дава на својот производ пред да го понуди на пазарот.” Тоа значи дека што е поголема додадената вредност на некој производ, толку е поголема неговата

Рецензија: Детали од досието за Божин Павловски: спремен сум секого да уништам

на 26. 07. 2013 | |
Текстот се базира на актуелни документи објавени на интернет страницата на Државната комисија за верификација на фактите, претставен со сензационалистички наслов – изјава на лустрираниот Божин Павловски, која е пренесена од трето лице (информатор), за која не постојат докази дека е автентична. Исто така, извадена е од контекст со што остава сомневање дека постои тенденција за дискредитација на Павловски. Текстот еднострано и несеопфатно известува за актуелностите поврзани со контроверзниот процес на лустрација, со што не дава придонес за објективно и непристрасно информирање на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Детали од досието за Божин Павловски: спремен сум секого да уништам Датум и време на објавување: 22.07.2013, 16:07 Датум на рецензирање: 23.07.2013 Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ Вистинитост: Текстот се темели на документи

Рецензија: Анализа: Заев политичар на иднината, додека власта се закопува во минатото

на 23. 07. 2013 | |
Се работи за објавена содржина што не ги задоволува основните елементи на она што треба да биде новинарски напис (проверени информации, објективно и непристрасно информирање на јавноста). Наведено е дека се работи за анализа, но самиот текст не содржи елементи што би го оправдале овој термин. “Аанализата” не се базира на релевантни информации, изјави, споредби и опсервации, туку за субјективен ракурс на авторот, непоткрепен со факти, така што посоодветен наслов би бил коментар. Линк до оригиналниот напис: Анализа: Заев политичар на иднината, додека власта се закопува во минатото Датум и време на објавување: 15 Јуни 2013 19:27 Датум на рецензирање: 19 јули 2013 Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ Вистинитост:Едиствен веродостоeн факт е дека Зоран Заев е лидер на СДСМ. Остатотокот

Рецензија: Македонија го доби кракот од „Јужен тек“

на 11. 07. 2013 | |
Написот е пренесена вест од медиум за кој не се наведени ниту детали, ниту линк, а кој објавил документ според кој, како што тврди Курир.мк, „Македонија го добила кракот од ’Јужен тек’“. Од пренесената содржина не може да се утврди што точно стои во документот затоа што се прераскажани делови, кои наводно се пренесени од медиум (недостасува линк до веста), а исто така недостасува официјален извор. Ако преку сопствено истражување (пребарување на сајтот на руската влада) се прочита оригиналниот документ, евидентно е дека содржината не одговара на вистината, а деловите прераскажани на Курир се вон контекст, веројатно за да се оправда насловот кој, исто така, тврди нешто што не е вистина и не постои. Накусо, веста не информира туку спинува

Претплатете се за најнови вести