verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ЕЕЗ и од Бугарија и од Хрватска барала да ги објаснат договорите со Русија

on 7 - 10 - 2013       

juzen-tek-ja-nervira-opozicijata_gazprom_crop_resize

„Енергетската заедница побара од македонската Влада појаснувања за одделни делови од договорот за кои сака да види дали се во согласност со Третиот енергетски пакет, односно со обврските што земјава ги има преземено со него. Во Владата одговорија дека го добиле писмото од ЕЕЗ и дека ќе го анализираат и ќе се изјаснат за сите моменти“.

Една од потенцијално најкоруптивните активности на Владата, за која се подигна прав во Собранието,  по повод изјаснувањето Спогодбата со „Газпром“, дневниот весник се обидува да релативизира и тоа го прави на два начини: се минимизира интересот на ЕУ за оваа Спогодба и се дозволува портпаролот на Владата да ги толкува чекорите на Брисел. ЕУ тука е присутна само рутински, а опозицијата стои дури во насловот, за да изгледа „осамено“ во својот скептицизам кон Спогодбата, дури и кога на него се придружува Унијата. Имаме спинувана сторија која до својата цел доаѓа со структурно измешани факти и ставање акцент на банализација на отпорот кон овој документ.

Линк до оригиналниот напис: ЕЕЗ и од Бугарија и од Хрватска барала да ги објаснат договорите со Русија

ЕЕЗ и од Бугарија и од Хрватска барала да ги објаснат договорите со РусијаДатум и време на објавување:03.10.2013, 18:28

Датум на рецензирање: 04.10.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Во текстот нема да го сретнеме зборот монопол. А, токму тој не е дозволив според енергетските правила во земјите кон кои се стремиме да се придружиме. Тој факт никаде не е ставен на пиедесталот кој го заслужува, уште со насловот, ако сакаме да го објасниме „ненадејниот“ интерес на Унијата кон договорот кој сме го потпишале со руски „Газпром“. Дури на крајот на текстот можете да забележите, ако сте концетрирани, дека „Газпром“ се соочува со глоба од 15 милијарди долари!

Извори на информации: Авторката, која е искусна во третирањето на теми од енергетиката, има вистински соговорник од Унијата  Јанез Копач од Енергетската заедница на Унијата, потоа го има Алумња од антимонополската комисија при Унијата, но централна позиција добива портпаролот на Владата Александар Георгиев, кој треба да го даде клучното толкување на иницијативата од европскиот Запад. И тој вели ваква процедура и комуникација со ЕЕЗ е стандардна и, според нашите информации, за оваа тема се реагира со барање за дообјаснување до сите земји низ кои поминува Јужен тек меѓу кои се и земји-членки на ЕУ. Ние го имаме добиено писмото од ЕЕЗ, го анализираме и ќе се изјасниме за сите моменти. Договорот што Македонија го има потпишано со Русија за Јужен тек суштински не се разликува од договорите што ги потпишале и другите земји низ кои поминува Јужен тек“.Туш!

Содржајност: Написот целосно ги прескокнува ставовите на опозицијата во Парламентот, кои не добија никакво медиумско внимание, бидејќи така читателот ќе види дека нешто се случува во „бриселската грмушка“, односно ќе се согледа логичната трансверзала меѓу македонските скептици и  нивните аргументи и оние кои сега се појавуваат во  Унијата по истото прашање за гасоводот. А, се работи за монополизација на пазарот, за исфрлувањето на конкуренцијата и во иднина (!) и за пенетрација во другите фази на користење на гасот преку формирање на заедничко претпријатие со македонските интересенти.

Пристрасност: Во текстот спинот лежи во структурата на изнесените факти. Имено, функционерите на Унијата се „задолжени“ да ја објаснат процедурата со која тие настапуваат „на теренот“ и изворот на нивното овластување, фактите за вмешувањето ги објаснува портпаролот Георгиев, а нема ниту збор за тоа дека во Белград и Софија, на пример, во моментов се бара преиспитување на веќе потпишаните спогодби! И тоа со аргументи кои можеа да се слушнат  и во нашиот Парламент, а кои во медиумите се игнорирани, дури и во тематски написи како споменатиов.

Квалитет на насловот: Насловот на текстот е, што се вели, извлечен од ракав! Имено, после толку аргументи за скепса кон тоа дека рускиот гас ќе донесе само еднонасочна добивка и дека енергенсот нема да биде веројатно така евтин, преку наднасловот и насловот се сугерира дека од сето тоа само опозицијата се нервира. Сите други фактори во земјата се чувствуваат како на „теферич“.

Втор проблем е контраверзата меѓу насловот и наднасловот каде незадоволството на ЕУ се трга од земјава, а се насочува кон трети земји (Хрватска и Бугарија)!

Фотографија: Текстот има само една фотографија која прикажува работник на гасоводот, со што акцентот се става на „нормалната состојба“. И таа е дел од спинот.

Заклучок:  Европа се тресе заради начинот на кој рускиот гас добива монополска позиција во голем дел од континентот. Македонија е мал играч и таа секако може малку да стори за да добие поповолна позиција на енергетскиот пазар. Проблемот е што таа се согласи да влезе во игра со тајни клаузули пред сопствениот народ, дури и пред народните претставници – парламентарците. Тука ужива комплетна логистика од медиумите и низ вакви текстови.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести