verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ХОЛАНДИЈА: Педофилите бараат легализација на секс со деца од 12 години

on 8 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Pedofili Holandija crop resize

Холанѓаните се држава во која педофилијата ќе биде дозволена! Ова е заклучок кој неупатен читател ќе го извлече од текстот на порталот „Телеграф“, чиј што наслов тврди дека во Холандија постои партија која се залага за легализирање на сексуални односи со деца од 12 години, како и можноста тие да користат лесни и тешки дроги.

“Во Холандија групата „Мартјин“, која во периодот од 2006 до 2010 година дејствувала и како регистрирана политичка партија, се борела за легализирање на сексуалниот однос со деца, како и да можат да користат лесни и тешки дроги.»

Овој поднаслов е шокантен со цел да ја прикаже во негативно светло Холандија, земјата каде употребата на лесните дроги како марихуаната се легализира.  Здружението “Мартејн”, иако навистина се залага за легализација на сексуални односи со деца, не е ниту партија, ниту, пак, бара децата да користат дрога. Легализацијата на сексуалните односи со деца се разбира не може да се оправда, но авторот на текстот не се обидел да ја изнесе целата вистина за ситуацијата во Холандија и нејзиниот однос кон задружението “Мартејн”.

ХОЛАНДИЈА_ Педофилите бараат легализација на секс со деца од 12 години – TELEGRAF MK - 2013-10-06_13.08.25Линк до оригиналниот напис: ХОЛАНДИЈА: Педофилите бараат легализација на секс со деца од 12 години

Датум и време на објавување: 02/10/2013 – 14:32

Датум на рецензирање: 06.10.2013

Рецензент: Светлана Јовановска

Вистинитост: Текстот е полн со невистини.  Авторот на текстот не се потрудил да се направи барем кусо интернет истражување за да утврди дека, пред сѐ, „групата наречена „Мартејн“ која од 2006 до 2010 година дејствувала како регистрирана политичка партија“ не се групата „Мартејн“, туку „Партијата за добротворност, слобода и различност“ (ПНВД), која предлага аболицијата на сексуалната полнолетност. Партијата предлага и други невозможни мерки како легализацијата на зоофилијата. Еден од основачите на партијата е поранешниот претседател на здружението “Мартејн”.

Оваа партија секогаш била маргинална и осудувана од христијанските здруженија, политичките партии и 80 проценти од холандското население. Партијата никогаш не успеала да собере доволно потписи за да учествува на избори, како што предвидува законот, и таа престанува да постои во 2010 година.

Групата “Мартејн” е исто така укината во 2012 година, но потоа оваа пресуда е укината. Холандскиот апелационен суд оцени дека здружението навистина има активности кои се спротивни на јавниот ред, но, сепак, не се закана за распад на општеството, услов кој законски мора да биде исполнет за да се укине една организација во Холандија. Оттука групата “Мартејн” продолжува да постои, но нејзиниот претседател во 2011 година беше осуден на 3 години затвор поради поседување на педопорнографија.

Никаде во текстот на “Телеграф” не е наведена вистината за тоа како холандското општество ги третира овие групи и за отвореноста на опшеството кон слободата на изразување.  Земјата едноставно е обвинета дека ја легализира педофилијата.

“Холандија станува земја во која некои облици на педофилија се на некој начин легализирани, а постојат и групи што сериозно работат на тоа ова таканаречено сексуално привлекување да биде прифатено од општеството како нормална работа.»

Извори на информации: Во текстот не се наведни никакви извори на информации, нема изјави, ниту, пак, повикување на некој друг весник, емисија или било каков документ. Изворот на информации е веројатно некој сајт на интернет кој не може да се идентификува и не е наведен.

Содржајност: Текстот не го исполнува основното ниво на сеопфатност и прикрива информации. Изоставени се делови од информацијата со што се испраќа негативна слика за холандското општество. Пораката што се сака да се испрати е дека Македонија не смее да биде место каде што ќе има плурализам на изразување во ниту една смисла.

Коментирање: Целиот текст е еден вид коментар за тоа како холандското општество ја толерира партијата која се залага за легализација на педофилија и употреба на тешки други од страна на деца.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е преземен од интернет (невозможно е да се открие од каде). Очигледно е дека овој текст не е истражување на непотпишаниот автор.

Квалитет на насловот: Насловот е тенденциозен со намера да го шокира читателот.

Фотографија: Фотографијата е покажува едно дете кое оди на училиште и се гледа како една сенка на возрасен му се заканува. Идејата веројатно била да се покаже дека во Холандија возрасните им се закануваат на децата и ги тераат на сексуален акт.

Говор на омраза: Говорот на омраза не е директен, но буди негативни чувства кон Холандија.

Заклучок: Текстот е несеопфатен, без извор, без трошка професионалност во изработката. Тој буди негативни чувства кон Холандија, земјата која е еден од најголемите пријатели на Македонија во Европа и една од земјите кои и финансиски ја помагаат Македонија. Целта на овој текст е желбата да се покаже дека Македонија не смее да ја имитира Холандија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

фактите се манипулирани

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулативна фотографија

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

дискредитацијата е насочена кон Холандија

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести