Рецензии

Рецензија: Стара вест за починато бебе пред три години го потресе Балканот

на 20. 12. 2013 | |
Новинарската сторија што ја рецензираме тука, почнувајки од насловот, а потоа и во еден дел на текстот, го проблематизира објавувањето на стари вести кое во последно време зачести, особено во онлајн медиумите во Македонија. Тоа, би рекле, е добра новинарска тема, но авторката на текстот освен во насловните напомени и првите два пасуси каде што се задржува на оваа тема, потоа веднаш отвора нова тема: дали вакцините се корисни или штетни. Една исклучително важна тема, тема која допира сериозен број родители, деца и нивни роднини, во овој текст станува второстепена. Линк до оригиналниот напис: Стара вест за починато бебе пред три години го потресе Балканот Датум и време на објавување: 18.12.2013 Датум на рецензирање: 19.12.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Интересно,

Рецензија: Се бараат 29 службеници во Министерството за образование – плата 34.000 денари

на 19. 12. 2013 | |
Во дел од членот 6 од Кодексот на новинарите се вели: „Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“. Како ќе се направи разлика меѓу маркетингот и новинарството, ако не се одвојат рекламите од медиумските содржини? Медиумот вербатим пренесува оглас од Министерството за образование без да ја издвои оваа содржина во посебен оддел за рекламирање. Не е наведено дали за ова се добиени пари од огласувачот (како што е обичај кај печатените медиуми) или, пак, медиумот решава да вклучи оглас како дел од уредувачката политика за да ги информира невработените читатели. Исто така, стои забелешката дека редакцијата не се држи на професионална дистанца од содржината на текстот, бидејќи го пренесува и повикот „Аплицирај!“. Написот е сосема ослободен

Рецензија: Сом од 95 килограми уловен во Преспанско Езеро

на 19. 12. 2013 | |
Вест, која е на границата помеѓу вистината и лагата. Се нуди информација дека е уловен сом во Преспанското Езеро, се илустрира со фотографија преземена од интернет, технички обработена, на која не се гледа ликот на рибарот, што треба да нѐ убеди дека фотографијата е автентична, бидејќи фаќачите наводно се анонимни, бидејќи ловот на овој вид на риба е забранет. Но, мало пребарување на интернет нѐ носи до следниов текст за рибар од Италија кој уловил сом од 113,5 килограми, од каде што македонскиот медиум ја презел фотографијата и се обидел неумешно да ја илустрира сопствената вест. Дополнително, сериозен проблем е и податокот, дали медиумот ги знае рибарите, но не го објавил нивниот идентитет, останале анонимни, како што се вели во

Рецензија: „БИ-БИ-СИ“ признава: Ја бомбардиравме Србија со осиромашен ураниум – од рак ќе умрат уште 10.000 луѓе

на 19. 12. 2013 | |
Многу работи во овој текст некако не „штимаат“ – од актуелноста која не е до крај јасна, бидејќи неразбирливо се испреплетуваат сегашноста и минатото, до изворите кои се користат бидејќи и во тој сегмент има серизони непрецизности, па се до насловот кој е до таа мерка невистинит што дури е и смешен. Дека човек учи додека е жив, потврдува насловот, според кој сериозна медиумска куќа, јавен сервис, признава дека ја бомбардирала Србија со осиромашен ураниум. Работава е: да умрев немаше да знам дека светски познатиот BBC има ракети, бомби, војска. Значи BBC напаѓала во 1999-тата, а не Велика Британија?! Барем така произлегува ако се чита насловот. Добро е да има нешто што ќе ја продаде веста, што ќе го скокотне

Рецензија: Како да препознаете нарко зависници

на 19. 12. 2013 | | sq
Основен проблем на написот е што ги генерализира симптомите поврзани со корисниците на дроги и истовремено врши стигматизација врз група граѓани. Написот нема форма на новинарски текст, туку со повеќе точки, групирани во три групи, дава одговори на прашањето – како да осознаете дали вашето дете или пријател користи дрога? Нема извор од каде се преземени објавените одговори. Линк до оригиналниот напис: Како да препознаете нарко зависници Датум и време на објавување: 05.12.2013, 11.30 Датум на рецензирање: 18.12.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Генерализацијата по која било основа секогаш треба да се избегнува. Во овој случај, симптомите што се карактеристични за користењето на еден вид дрога не мора да се појавуваат кај корисниците на друг вид дрога. Оттаму, наводите што се

Рецензија: ВИДЕО-Феминистки и хомосексуалци нападнаа црква и христијани

на 18. 12. 2013 | |
Станува збор за фотовест преземена од странски медиум и објавена со  наслов: „ВИДЕО-Феминистки и хомосексуалци нападнаа црква и христијани“. Иако во оригиналниот текст е наведено дека се работи за протест на феминистки пред катедарлата San Juan Batista во Аргентина  и никаде не се споменуваат хомосексуалците . Исто така, веста што ја рецензираме  нема назнака за тоа каде се случува настанот, туку на крајот од текстот има линк до оригиналниот видео материјал.  Така што,  дури откако ќе се погледне видеото станува јасно дека се работи за Аргентина. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО-Феминистки и хомосексуалци нападнаа црвка и христијани Датум и време на објавување: 6.12.2013, 11:40 Датум на рецензирање: 17.12.2013 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Оваа куса вест во еден дел

Рецензија: Нашите политичари имаат подобро CV од светските лидери

на 18. 12. 2013 | |
„Рускиот претседател Владимир Путин уште на дваесетгодишна возраст бил разузнавач, Обама ја преиспитувал својата духовност, а Ангела Меркел се омажила и била шанкерка. Македонскиот премиер Никола Груевски пред да стане политичар, бил брокер, шефот на државата Ѓорѓе Иванов бил новинар 7 години, собранискиот спикер Трајко Вељаноски десетина години работел адвокатура, а вицепремиерот Зоран Ставрески за да стане министер во македонската влада, го напушти работното место во Светската банка“. Ова е воведот на рецензираниот текст, кој амбициозно се нарекува „истражување за минатото на македонските државници,“ а во кој треба да ни се допаднат биографиите на четири наши политичари – претседателот на државата, претседателот на владата, првиот парламентарец и вицепремиерот Ставревски. Иако биографиите се многу куси, како да излегле од некоја скудра

Рецензија: Двајца Македонци на листата на најзначајни личности во историјата на човештвото

на 17. 12. 2013 | | sq
Разбирањето на новинарството како средство за одбрана на национални интереси и натаму често се среќава во македонскиот, но и во балканскиот медиумски простор. Според оваа „школа“, кога се брани националната кауза дозволени се сите средства – па и манипулацијата со читателите. Ваквата пропаганда, маскирана како објективна информација, е спротивна на сите основни новинарски принципи. Линк до оригиналниот напис: Двајца Македонци на листата на најзначајни личности во историјата на човештвото
Датум и време на објавување: 10 декември 2013 Датум на рецензирање: 15 декември 2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Факт е дека книгата, односно листата на која се повикува авторот на текстот постои, односно дека е објавена. Сепак, кусо пребарување на интернет открива дека книгата „Кој е поголем? Како навистина се рангирани

Рецензија: Се зголемува бројот на украдени артефакти во Музејот на Македонија

на 17. 12. 2013 | | sq
Напис со наслов кој дезинформира и кој воопшто не соодветствува со содржината на текстот. Тоа што се наведува во насловот останува само да се претпостави понатаму. Никаде не се споменува дека е зголемен бројот на украдени артефакти. Во информацијата од полицијата само се наведува вкупниот број на украдени артефакти во одреден период, исто така не спомнувајќи дека има зголемување. Линк до оригиналниот напис:  Се зголемува бројот на украдени артефакти во Музејот на Македонија (Преводот на веста на македонски јазик можете да го најдете овде.) Датум и време на објавување: 19.11.2013 Датум на рецензија: 03.12.2013 Рецензент: Гент Мехмети Вистинитост: Проблемот со вистинитоста е проблем со насловот. Она што се тврди во него со ништо не е поткрепено во текстот.

Рецензија: Порака до СДСМ: Ова не е „Х Фактор”, ова се избори

на 17. 12. 2013 | |
Овој телевизиски новинарски прилог, за жал, има многу слабости: има проблеми со вистинитоста; на неа се надодава концептот на користење на анонимни извори без да има причина за тоа. Текстот е, вусшност, полн со коментари, почнувајки од насловот и пристрасен без ниту најмал обид да го скрие тоа. Но, да ги видиме аргументите за еден ваков категоричен вовед. Линк до оригиналниот напис: Порака до СДСМ: Ова не е „Х Фактор”,