Рецензии

Рецензија: Тепачка во скопски Чаир

на 17. 12. 2013 | | sq
Брзината во пласирањето на информациите секако е исклучително важна, но дали за сметка на „трката по ексклузивност“ треба да се заборави на другите елементи во информирањето: точност, вистинитост, доследност и, секако, на крајот автентичност? Одговорот е не. Можеби некому му наликува на мала грешка или пропуст, но како и да е станува збор за  прекршок кој го забележа не новинарско, туку око на читател. Кога се пренесува вест за сериозен инцидент, како во случајов тепачка и тоа која можеби претендира да биде „ударна,“ бидејќи информацијата што ја содржи навистина привлекува внимание, тогаш таа мора да биде поткрепена со соодветна, а не подметната фотографија, како што нотира читателот. Линк до оригиналниот напис: Тепачка во скопски Чаир Датум и време на објавување:  

Рецензија: СДСМ се враќа на своите стари навики за организирање протести

на 17. 12. 2013 | |
Нов текст во низата за кој е очигледно дека нема за цел да информира, туку да го напаѓа политичкиот неистомисленик. Повторно се среќаваме со терmини „експерти“, секако неименувани, повторно наидуваме на непоткрепени констатации, повторно читаме за „црни сценарија“ од опозициската кујна! Значи, во оваа своевидна „турли-тава“ имаме сѐ освен вистинско новинарство. Текстот не успева да одговори речиси на ниту еден професионален стандард, а за особен предизвик при неговото обликување воопшто и не треба да зборуваме. Едноставно, овде се работи за класична грешка – политички памфлет кој „некако“ се протнал како медиумски производ. Линк до оригиналниот напис: СДСМ се враќа на своите стари навики за организирање протести Датум и време на објавување:  11.12.2013   13:18 Датум на рецензирање:  14.12.2013 Рецензент:  Владимир Мирчески

Рецензија: Жерновски се закани: Почнувам да рушам споменици од Скопје 2014

на 16. 12. 2013 | |
Проблемот во оваа  вест е насловот: „ Жерновски се закани: Почнувам да рушам споменици од Скопје 2014“, кој е пресилен и тенденциозен. Станува збор за текст од неколку реда во кој е пренесена изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, дадена за телевизијата Ал Џезеира Балканс . Потоа, со класичен спин во насловот се употребува терминологија која делува премногу провокативно, а тие зборови  (почнувам да рушам) всушност ги нема во изјавата на Жерновски. „Ќе мора да се отстрани сè што е незаконски поставено во општина Центар. Нема да ги третирам спомениците како нешто посебно. Само ако работиме принципиелно можеме да ја избегнеме замката и кукавичкото јајце што власта сака да го снесе во општината“ Изјавата тој ден ја

Рецензија: Министерот Ивановски заглавен на аеродромот во Истанбул

на 16. 12. 2013 | |
Онлајн платформите на кои се пласираат медиумски производи нудат специфични технички можности за мултимедијални „авантури“ достапни за новинарите и тоа, инфографици, поврзување со линкови, поставување видео-материјали, фотографии и комбинирање на сите нив. Преку овие методи новинарот се труди да ги направи содржините подостапни, попримамливи за читање сѐ со цел да го задржи читателот на интернет што подолго на својот сајт. Да се познава оној на кого му се обраќате како новинар е клучно. Секоја публика има специфични очекувања и критериуми, па затоа е од клучно значење новинарот да ја познава својата целна група. Поради ова, но и поради современите текови во новинарството, поголемиот дел новинари на интернет чувствуваат дека нивната присутност на социјалните мрежи е и повеќе од корисна, па

Рецензија: Комисијата верификува факти пред кои не молчат ниту боговите ниту партиите

на 16. 12. 2013 | |
„Во извештајот за својата работа што комисијата му го достави на Собранието се вели дека во последнава година, откога е во сила новиот закон за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, бројот на лустрирани лица се зголемил од 12 на 73. Нејзиниот прв човек Томе Аџиев објаснуваше дека тоа е поради технички причини. Со новото законско решение членовите на комисијата можат самите да истражуваат, да одат во институциите, да отвораат досиеја и да собираат податоци, а порано морале да чекаат тие да им ги испратат документите што им биле потребни, па тоа траело подолго време. Забрзувањето на процедурата воопшто не се одразило врз квалитетот на работата,

Рецензија: Уништени пластеници во с. Грчец

на 16. 12. 2013 | |
Во услови на нагласено изострена атмосфера во поглед на меѓуетничките односи, етичкиот и професионалниот кодекс на однесување, на новинарите им налага посебна одговорност за јавно искажаниот збор. Нивните ставови се важни фактори во обликувањето на јавното мислење поради што говорот на омразата е неспоив со новинарската етика. Во таа смисла членот 10. од Кодексот на новинарите нагласува: „Новинарот нема … да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација врз која било основа” Оттаму, медиумите и новинарите имаат посебна одговорност и да внимаваат кога треба да објавуваат материјали (информација, слика, мислење, коментар), кои во себе кријат непријателство или омраза, или доколку постои голема веројатност дека објавениот материјал ќе предизвика дополнителни тензии кон друга етничка заедница

Рецензија: И Македонци настрадаа при „падот“ на албанската авиокомпанија „Бел ер“

на 15. 12. 2013 | |
Во случајов рецензираме текст со сензационалистички наслов кој може да ги наведе гледачите, а особено читателите на порталот, на погрешно толкување и да ги манипулира. Во иста реченица како метафора се користи комбинацијата на зборови „пад“, „авиокомпанија“, „Македонци“ и  „настрадаа“, што асоцира на авионска несреќа. Ова во никој случај не е содржината на текстот, односно, насловот наведува на погрешно толкување и го мами читателот. Веста сама по себе е доволно импактна и без да се користи наслов што мами. Линк до оригиналниот напис:  И Македонци настрадаа при „падот“ на албанската авиокомпанија “Бел ер“ Датум и време на објавување: 09.12.2013; 14:15 Датум на рецензирање: 12,12,2013 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Сите факти изнесени во текстот се проверливи и точни. Она што  зачудува

Рецензија: Поддржувачи на опозицијата поттикнуваат тензии

на 15. 12. 2013 | |
Написот е посветен на последните настани околу споменикот на Цар Душан. Цитирани се и коментирани ставовите и мислењата на групи, поединци, новинари и експерти, изкажани на социјалните мрежи. Медиумот ги доведува во директна колерација со опозицијата и некои други структури. При тоа, ги стигматизира, етикетира, цензурира и се обидува да им го ограничи нивното право да имаат свое мислење и слободно да го искажат, наметнувајќи го своето мислење како единствено исправно. Линк до оригиналниот напис: Поддржувачи на опозицијата поттикнуваат тензии
Датум и време на објавување: 07.12.2013, 16:09 Датум на рецензирање: 10.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост:  Во овој новинарски текст лагата е начин на комуницирање со јавност за на спротивната страна да ѝ обезбеди  „преживување“, сметајќи на тоа дека стопати изречената

Рецензија: Од Кавадарци никој не си отишол со празно шмркалче

на 15. 12. 2013 | |
Убаво е кога се има можност да се прочита квалитетна репортажа, бидејќи овој новинарски жанр сѐ помалку е застапен во македонските медиуми, а и кога го има често се случува да не е со добар квалитет. Во овој случај го имаме спротивното: добро четиво поткрепено со кредибилни извори и соговорници, со фина нарација која покажува дека текстот навистина се „работел“ на терен, со издржана фактографија на моменти интересно испреплетена со локалниот фолклор и традиција и сето тоа зачинето со квалитетна фотографија. Значи, присутни се елементите потребни за добар новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Од Кавадарци никој не си отишол со празно шмркалче Датум и време на објавување: 10.12.2013 Датум на рецензирање:  11.12.2013 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: При создавањето на

Рецензија: Порталите блиски до опозицијата веќе не знаат што прават!

на 15. 12. 2013 | |
Нотирајќи медиумска „утка“, се согласувам не мала, овој текст влегува во друга грешка – ја презема улогата на новинарски обвинител, судија и на крајот егзекутор. Паралелно со самопромовирањето во „највисока професионална инстанца“, а би рекле неаргументирано, овој текст им ја налепува етикета на своите конкуренти и колеги од другите портали дека се финансирани од опозицијата и дека, како што се вели, ја исполнуваат обврската да “плукаат“. Ајде да видиме, кој во дадениов случај, плука. Линк до оригиналниот напис: Порталите блиски до опозицијата веќе не знаат што прават! Датум и време на објавување:  09.12.2013    11:37 Датум на рецензирање:  10.12.2013 Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост:  Ја има, но забележително е дека е намерно искривена. Пропустот околу информирањето за тоа дали средбата на премиерот