verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Од Кавадарци никој не си отишол со празно шмркалче

on 15 - 12 - 2013       

vecer_mk__ItemID=5B7AFB7C031D074E8287E107D7673271-crop-resize

Убаво е кога се има можност да се прочита квалитетна репортажа, бидејќи овој новинарски жанр сѐ помалку е застапен во македонските медиуми, а и кога го има често се случува да не е со добар квалитет. Во овој случај го имаме спротивното: добро четиво поткрепено со кредибилни извори и соговорници, со фина нарација која покажува дека текстот навистина се „работел“ на терен, со издржана фактографија на моменти интересно испреплетена со локалниот фолклор и традиција и сето тоа зачинето со квалитетна фотографија. Значи, присутни се елементите потребни за добар новинарски производ.

vecer_mk__ItemID=5B7AFB7C031D074E8287E107D7673271Линк до оригиналниот напис: Од Кавадарци никој не си отишол со празно шмркалче

Датум и време на објавување: 10.12.2013

Датум на рецензирање:  11.12.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: При создавањето на репортажа една од главните цели кои треба да се постигнат е да се пренесат читателите на местото за кое се зборува. За тоа да се случи, исклучително е важно да постои елементот на автентичност, односно да се добие впечатокот дека напишаното авторот навистина и го доживеал. Тука во тоа се успеало, бидејќи читајќи станува јасно дека не е нешто пишувано од фотелја, туку за текст создаван на терен, а потоа само вообличен во редакција. Од наведената фактографија, како и од понудениот „историски бекграунд“, произлегува дека во ниту еден момент вистинитоста на текстот не е ставена под знак прашалник.

Извори на информации: Кредибилни – би сумирале за изворите. Користени се јасно наведени соговорници, со прецизни цитати. Текстот во голем дел се потпира на историски факти, но и на „пренесени“ приказни меѓу народот кои  добро се вклопени со што производот добива на квалитет.

Содржајност: Човек кога и да помисли дека знае многу за нешто, некого или некое место, најчесто бива изненаден дека, всушност, сознанијата и не му се толку големи. Така е и во овој случај. Од каде дошло името Кавадарци, за зачетокот на ривалството со Неготино, за почетоците на винарскиот бизнис во Тиквешијата, за името на реката Луда Мара, за јачината на кавадаречкиот афион. Ова се елементи што придонесуваат за високиот степен на содржајност на текстот.

Оригиналност/Плагијат: Оригинално дело со силен авторски печат потврден преку специфичната нарација и добрата структура на текстот.

Квалитет на насловот: Интересен наслов кој секако го привлекува погледот. Уште една новина – „шмркалче“ на кавадаречки било шише ракија. Ептен симпатично.

Фотографија: Сегментите од текстот се поткрепени со соодветни фотографии. Застапените „слики“ дополнително ја илустрираат содржината на репортажата. Мала забелешка е дека можеби добро би дошле уште фотографија или две.

Заклучок: Интересна репортажа, содржајна, добро раскажана, или кусо кажано: освежување во медиумското сивило.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

симпатичен

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести