verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Излезе на виделина скриената агенда на професорскиот и студентскиот пленум

на 13. 01. 2015 | |
  Преку неименувани и анонимни извори, кои се претставедни како „упатени“ и „познавачи на состојбата“, се дава квалификација дека дејствувањето на пленумите е за да се поддржат политиките на СДСМ. Оваа констатација е дополнета со онаа дека пленумите имаат скриена агенда. Сево ова се прави без да се чуе втората страна како што налага новинарскиот кодекс. Не е земена изјава ниту од „Студентски пленум“, ниту од „Професорски пленум“ за да се презентираат нивните ставови, односно зошто не влегоа во Собранието. Линк до оригиналниот напис: Излезе на виделина скриената агенда на професорскиот и студентскиот пленум Датум и време на објавување: 6.1.2015 3:58 Датум на рецензирање: 10.1.2015 Рецензент: Мирослава Бурнс Во поглед на вистинитоста, во текстот се тврди дека двата пленуми настапуваат

Рецензија: Професорите од регионот со десет пати повеќе научни трудови од нивните македонски колеги

на 13. 01. 2015 | |
  Професорите блиски до СДСМ имале нула научни трудови. Можно ли е професорите блиски на ДОМ, ДУИ, ДПА, ВМРО итн., итн., да имаат нула научни трудови? Можно ли е тоа да не зависи од партиската поддршка? Зарем е коректно да не се наведе за која база на податоци се пишува? На начин претставен како овој, се добива впечаток дека овие професори немаат ниту еден научен труд со импакт фактор, но не се наведува многу важен податок, а тоа е разгледуваната база, за која претпоставуваме дека е „Веб оф сајенс“ (Web of science), но сосема е можно да биде и некоја друга. Значи, ако професорите немаат научен труд во „Веб оф сајенс“, тоа не значи дека немаат научен труд со импакт

Рецензија: Против државниот испит со препишани текстови финансирани од Сорос

на 3. 01. 2015 | |
  Се остава впечаток дека се прави обид за дисквалификација на релевантно истражување на тема „Истражувања во општествените науки во Македонија“, спроведено многу пред власта да ја обзнани идејата за државен испит. Споменатиот документ е анализа на состојбите во високото образование од повеќе различни агли. Публикацијата е објавена многу пред власта да ги објави реформите во високото образование, односно во 2013 година. Оттука, тврдењето дека „Освен професорите со нула импакт фактор, против државниот испит длабоко е инволвирана и СДСМ, заедно со Сорос кои креираат незадоволство и погрешна перцепсија за реформите во високото образование“ е неточно и недокажано. Публикацијата не е по повод обзнаната за државен испит, туку e изработена претходно. Линк до оригиналниот напис: Против државниот

Рецензија: Најгласните професори против државниот испит со нула објавени научни трудови

на 3. 01. 2015 | |
  Станува збор за обид за дискредитација и за спинување на основната причина поради која академската заедница претставувана од „Студентски пленум“ и од „Професорски пленум“ се противи на измените на Законот за високо образование. Главно споменуваната причина од нивна страна не се објавените трудови, туку воведувањето на државниот испит, кршење на автономијата на универзитетот и оценување на целосното знаење спротивно на Болоњскиот систем, односно со квантитативна метода (еден тест). Линк до оригиналниот напис: Најгласните професори против државниот испит со нула објавени научни трудови Датум и време на објавување: 28.12.2014, 13:18 Датум на рецензирање: 01.01.2015 Рецензент: Мирослава Бурнс „Новите законски измени за високо образование го нарушија комодитетот на дел од професорите, па токму истите се причина тие да се противат.“ Кој

Рецензија: Лекот за рак пронајден пред 65 години!

на 25. 12. 2014 | | sq
  Не е етички медиумите да шират информации за „медицински откритија“ што создаваат лажна надеж. Тоа може да има далекусежни последици врз пациентите, па дури и да ги натера да престанат со својата од лекар препишана терапија. Одговорното новинарство се базира на факти кои се докажани. За жал, формулациите користени во ова четиво не му даваат на читателот основана причина да поверува во нивната веродостојност. „Сe погласно се зборува помеѓу пациентите заболени од рак дека со зголемено внесување на витаминот Б17 во организмот, канцерот се намалува и шансите за целосно исцелување се огромни.“ Во овој текст нема извори и, наспроти тоа се користат, формулации кои се неверодостојни а, кои треба да глумат извор. Таква формулација е „се зборува меѓу пациентите“.

Рецензија: ФОТО Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протест

на 23. 12. 2014 | |
  Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и на вонредна состојба. Ова е член број 21 од Уставот на Република Македонија, кој на граѓанинот му го гарантира правото на јавен протест без ничија дозвола. Линк до оригиналниот напис: ФОТО Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протест Датум и време на објавување: 22.12.2014 Датум на рецензирање: 23.12.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс „Лицата кои протестираа со земјоделците, тутунарите, средношколците, стечајците и студентите денес повторно излегоа да ги бараат своите права во функција на “хонорарци“.“ Формулацијата „во функција на хонорарци“ може да остави

Рецензија: Есма Реџепова итно префрлена во болница

на 20. 12. 2014 | | sq
  Да се провери точноста на информацијата е основна новинарска должност. Членот 1 од кодексот на новинарите налага новинарот да објавува точни, проверени информации. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. Меѓутоа, освен цитирањето на медиум кој претходно ја објавил информацијата, во случајот не е направен обид да се провери истата. Линк до оригиналниот напис: Есма Реџепова итно префрлена во болница Датум и време на објавување: 18.12.2014 Датум на рецензирање: 19.12.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Рутинската, однапред закажана контрола на пејачката, во овој текст се претвора во „итно префрлање во болница поради

Рецензија: Кој се’ од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести

на 15. 12. 2014 | |
  Основната цел на дискурсот е недвосмислена – да креира корелација меѓу протестите и опозицијата. Тоа се прави со низа коментари и со фрагментација. Се двојат оние факти што некому му одговараат, се игнорираат сите останати факти и се креира слика од која човек што не бил учесник во маршот не може да се информира на точен начин. Линк до оригиналниот напис: Кој се од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести Датум и време на објавување: 10.12.2014 15:17 Датум на рецензирање: 11.12.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Студентскиот пленум на протестот повика на поддршка од сите граѓани. Зошто се сегрегираат само оние кои биле од СДСМ? Оттука, етикетирањето и спинувањето дека одредена група граѓани се појавила на маршот е

Рецензија: Драма во „Рамстор“: Непознати лица од Косово украле дете, пронајдено е во гаражата

на 15. 12. 2014 | |
  Новинарскиот кодекс налага новинарот да ги проверува информациите кога тоа е можно, а кога не е, да наведе дека станува збор за шпекулација. Изнесената невистинита информација пред објавата морала да подлежи на елементарна проверка или во споменатиот трговски центар или во Министерството за внатрешни работи, но тоа не е направено. Линк до оригиналниот напис:  Драма во „Рамстор“: Непознати лица од Косово украле дете, пронајдено е во гаражата Датум и време на објавување:13.12.2014 23:10 Датум на рецензирање: 14.12.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Информацијата не е вистинита. Демант пристигна од трговскиот центар „Рамстор“. „Преку ова соопштение официјално ја информираме јавноста дека содржината на веста од 13.12.2014 за киднапирање во трговскиот е неточна и невистина. Според увидот, единствен извор за објава за оваа

Рецензија: Како малцинството ЛГБТ го тероризира мнозинството

на 15. 12. 2014 | |
  Станува збор за грубо манипулативно неиздржан текст, кој во својата содржина има и комплетни бесмислици. Како, на пример, употребата на зборот „ксенофобија“ во дадениот контекст не е соодветна и предизвикува чудење. Ксенофоб е човек кој мрази странци, оттука е нејасно што бара овој збор во реченицата: „Ксенофобијата и раздразливоста на припадниците на ЛГБТ заедницата не им дава за право да ја ускратат слободата на слободно мислење која е и уставно загарантирана.“ Меѓутоа, има и низа други проблематични елементи, меѓу кои и тоа што непотпишаниот автор изоставува да сопомене дека има и ограничувања на слободата на изразување, ако на пример, тие се спротивни на законите. Оттука говорот на омраза не е слобода на изразување, иако се прави обид тој така

Претплатете се за најнови вести