Рецензии

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ : Заев е нехуман – не сака да вработи 11 социјално загрозени лица

на 13. 12. 2013 | |
Препукувања на двете најголеми спротиставени политички опции во Република Македонија се секојдневие во македонскиот медиумски простор.  Од тој аспект, извештајот за проследената прес-конференција на претставник на ВМРО-ДПМНЕ, на која тој го критикува претседателот на СДСМ е сосема коректно изработен: дадени се поентите од пресот на едната, дадени се и контра-изјавите на другата страна, насловот ја содржи оградата дека искажното обвинување е цитат од говорникот од ВМРО-ДПМНЕ, нема коментирање на авторот, туку се е оставено на судирот на аргументите на двете страни. Па, сепак, написот содржи елементи на политичка пристрасност, бидејќи исказот на претставникот на владеачката партија, даден во насловот и во самиот текст, не е пренесен како што бил искажан, туку авторот употребил посилни и подискредитирачки фрази што не биле

Рецензија: Граѓаните веруваат во Владините политики за справување со корупцијата

на 13. 12. 2013 | |
Пред нас е еден пристрасен новинарски прилог во кој се претерало со величењето на Владата и нејзинита определба за борба против корупцијата. „Граѓаните веруваат во Владините политики за справување со корупцијата. Од година в година се повеќе граѓани се вклучуваат и соработуваат со полицијата во борбата со овој вид криминал. Полициската бескомпромисност и граѓанската свест се повеќе даваат резултати,и оттука не треба да чуди што Македонија и оваа година напредна

Рецензија: Лани спречени кражби на 500 артефакти

на 13. 12. 2013 | |
„Канческа-Милевска информира дека координација со МВР и со Царинската управа во изминатиот период спровело многу акции, а само лани биле евидентирани обиди за нелегална трговија со преку 500 културни добра. Додаде дека со Царинската управа отвориле информативно катче на аеродромот „Александар Велики“ за да ги информираат граѓаните и царинските работници да распознаваат оригинал и копија“. Агенцијата МИА информираше деновиве за регионалната конференција за улогата на царината во заштитата на културното наследство. Во веста недостасува бројката која ќе ја открие реалната опасност од нелегалниот износ на културните добра од земјата, други податоци за учесниците на собирот кој е наречен регионален, кој е нивниот метод за борба против шпекулантите со културни вредности и други податоци кои се очекуваат од вака амбициозно насловена

Рецензија: Згодната Марјана продолжува да провоцира (фото)

на 13. 12. 2013 | |
Речиси невидлива е линијата, или линиите, што ги раздвојуваат приватноста на јавните личности, (особено оние од шоу бизнисот), нивниот скриен пи-ар и правото на медиумите да ѕиркаат и да преземаат дел од таа приватност заради интересот на нивната публика. Заради таа „пропустливост“ на границите новинарите се соочуваат со искушението да ја преминат и границата на дозволеното. Ова е уште еден осврт на темата користењето на фотографии од приватни профили на Фејсбук. Иако во овој случај се работи за јавна личност од шоу бизнисот, поентата која со оваа рецензија сакаме да ја потврдиме е дека, дури и тогаш новинарите треба да внимаваат што земаат од „самопослугата“ на естрадните ѕвезди. Во ред е селебрити личностите да имаат посебна стратегија за медиумите. Но,

Рецензија: Тодоров: Преку СМС пораки до сериозно подигнување на квалитетот на здравствените услуги

на 13. 12. 2013 | |
Новинарскиот производ што е предмет на нашата рецензија е типичен пример на незантересирано покривање на настани на кои се говори за јавни политики со голем импакт врз голема група група граѓани – пациенти. Еден од основните новинарски стандарди е и сеопфатното информирање, т.е. покривање на сите аспекти на темата за која се пишува, макар и во вест, која кај нас обично се сфаќа како нешто што не е толку вредно, споредено со коментарите, анализите, колумните, интервјуата… Линк до оригиналниот напис: Тодоров: Преку СМС пораки до сериозно подигнување на квалитетот на здравствените услуги
Датум и време на објавување: 04.12.2013 Датум на рецензирање: 09.12.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Информациите изнесени во текстот се вистинити. Ако ги споредиме со примерите наведени во другите

Рецензија: Јадете слободно: откриени 10 најголеми нутриционистички лаги!

на 13. 12. 2013 | | sq
Текстот потпишан само со името Емилија не заслужува да најде место во новинарскиот жанр. Во него нема, всушност, текст, туку само набројување на повеќе прехранбени производи за кои авторот тврди дека знае дали се добри или лоши за организмот. Во овој текст можете или да му верувате на авторот или едноставно да го затворите сајтот и да го заборавите во неубедливите интернет искуства. Тој нема да ви открие ништо ново околу вашиот начин на исхрана и, и покрај претензијата дека ги знае тајните на здравата исхрана, нема добро да ве посоветува. „Лага број 3: Животинските масти се нездрави! Истражувањата покажале дека се целосно здрави.“ Да, секој од нас прочитал или слушнал какво е влијанието на животинските масти. Овде читателот нема

Рецензија: Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници приведени на граница

на 11. 12. 2013 | |
Веста за приведувањето на градоначалниците на Виница и на Кончани, Емил Дончев и Ратко Димитровски на преминот „Станке Лисичково“ на  бугарско-македонската граница, порталот ја презел од бугарски медиум. И тоа воопшто не е спорно. Впрочем, сите македонски медиуми што ја објавија веста тој ден се повикаа на бугарски агенции. Главниот проблем во текстот што го рецензираме е во тоа што оригиналот е само ставен на Google translate и објавен без никакво дополнително јазично дотерување. Своевиден куриозитет претставува „преводот“ на името на Весела Стоилова, обвинител и портпарол на Окружното обвинителство во Благоевград. Во македонската верзија на веста таа е практично „прекрстена“ во Среќен Стоилов! Линк до оригиналниот напис: Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници приведени на граница Датум и време

Рецензија: Ја заборави ли Заев изјавата дека патриотизмот не му прилега на СДСМ?

на 11. 12. 2013 | |
Бидејќи овој текст не содржи нови факти, туку користи изјава „извадена од нафталин“ и комбинирана со актуелна изјава, а за да се покаже дека Зоран Заев е „непатриот“, неговата основна цел не е да информира, туку да контекстуализира, т.е. да создаде база на наводни „докази“ дека одредена политичка фигура низ времето покажувала тенденција на „непатриотизам“. Она кон што се цели за да му се наметне заклучок на читателот е дека Заев нема право да зборува за патриотизам. Овој текст нема новинарска вредност, во смисла на тоа дека не открива нови информации, не информира, туку е ад-хоминем коментар, преку кој партијата треба да се квалификува како „непатриотска“. Во исто време, во текстот се поистоветува патриотизмот со етничката припадност на градоначалникот на

Рецензија: Лавина негодувања поради верскиот ритуал во државно училиште

на 11. 12. 2013 | | sq
Светол пример на новинарство кое може да биде и критичко и воспитано во исто време, во смисла на запазување на новинарските стандарди, етичкиот кодекс, како и професионализмот. Новинарот отвора тема од јавен интерес. За пофалба е и „стегнатиот“ дискурс и успехот во во кусо време, колку што дозволува просторот на телевизиското новинарство, да се сместат многу изјави, да се претстават гледиштата на повеќето засегнати страни или барем да му се покаже на гледачот дека постоел новинарски обид да се дознае ставот на сите засегнати, но тие одбиле да го дадат. Овој прилог е втор во низа, откако е отворена приказната за изведување верски обред во училиште. Линк до оригиналниот напис:  Лавина негодувања поради верскиот ритуал во државно училиште Датум и

Рецензија: Дончев: Бугарите ме задржаа како сведок

на 11. 12. 2013 | |
„Градоначалниците на Кочани и на Виница, кои завчеравечер беа задржани на граница во Бугарија поради, како што информираа од тамошната полиција, недозволено пренесување куршуми, тврдат дека не биле приведени туку биле само сведоци…Вештачки е создадена фама за недозволено пренесување муниција, бидејќи инцидентот не соодветствува со реалната ситуација. Имено, при рутинска контрола на возилото со кое патувавме кон Македонија, бугарската полиција ја забележа муницијата што се наоѓаше во касетата на истото возило. Таа е сопственост на бугарски државјанин, наш пријател со кого поминавме неколку часа. Мора тој да ги заборавил во касетата бидејќи куршумите не беа скриени – велат двајцата градоначалници“. Една од пожешките афери во земјава – приведување на двајца градоначалници во полициска станица во Благоевград заради обид да се