verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Лавина негодувања поради верскиот ритуал во државно училиште

on 11 - 12 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

telmaa_00000000000_0000002345-crop-resize

Светол пример на новинарство кое може да биде и критичко и воспитано во исто време, во смисла на запазување на новинарските стандарди, етичкиот кодекс, како и професионализмот. Новинарот отвора тема од јавен интерес. За пофалба е и „стегнатиот“ дискурс и успехот во во кусо време, колку што дозволува просторот на телевизиското новинарство, да се сместат многу изјави, да се претстават гледиштата на повеќето засегнати страни или барем да му се покаже на гледачот дека постоел новинарски обид да се дознае ставот на сите засегнати, но тие одбиле да го дадат. Овој прилог е втор во низа, откако е отворена приказната за изведување верски обред во училиште.

telmaaЛинк до оригиналниот напис:  Лавина негодувања поради верскиот ритуал во државно училиште

Датум и време на објавување: 07.12.2013

Датум на рецензирање: 07.12.2013

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Фактите изнесени во прилогот оставаат впечаток на вистинитост токму поради завршената новинарска работа, односно извршените проверки, контактирањето на повеќе извори, како и поради предноста на телевизиската продукција споредено со весниците, а тоа е да се понуди видео снимка од обезбедените изјави, што дефинитивно оди во прилог на веродостојноста и вистинитоста. Новинарот ги атрибуира своите информации што е професионално.

Извори на информации: Бројот на застапени извори е за пофалба, како и постапката новинарот да ѝ соопшти на јавноста кои извори што ги контактирал одбиле да го искажат својот став. Користени се исклучиво официјални извори, а има и анкета со родителите на учениците, што е ретка прилика да се застапени нивните ставови на почетокот на текстот.

Содржајност: Текстот е содржаен од аспект на информациите што се изнесуваат, односно дава нови детали за развојот на состојбата откако во училиштето се изведувал обредот на верска слава. Се држи тензијата, се бара одговорност, се соопштува законската рамка во која може да се делува, со што на гледачот му се предочуваат повеќе страни од проблемот.

Пристрасност: Не може да се воочи пристрасност од страна на новинарот.

Коментирање: Во прилогот нема коментари. Сите изјави се уредно атрибуирани, односно припишани на извор.

Оригиналност/Плагијат: Станува збор за изворно создаден прилог, во кој е воочлив трудот на новинарот да ги пренесе ставовите на многу инволвирани страни за ситуација која е од јавен интерес и предизвикува внимание кај јавноста.

Квалитет на насловот: Насловот е коректен, но некреативен. Во секој случај, тој суштински го отсликува она на што текстот се однесува.

Фотографија: Поставената фотографија е коректна, поставена е комплементарно за да го надополнува текстот и видеото.

Заклучок: Станува збор за примерен медиумски производ, создаден според критериумите на професионалното новинарство, што подразбира дискурс кој не препознава коментар, консултација со сите засегнати страни, соодветна видео-поткрепа и стегнат дискурс. Новинарот со сериозен пристап третира прашање од јавен интерес, го систематизира текстот околу јасно лоцирање на проблемот, со што ја извршува својата општествено-одговорна улога професионално. Авторот на критички начин третира прашање кое е важно за македонското општество, соодветно црта црвена линија, но не преминува на теренот на пристрасноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести