Рецензии

Рецензија: Од денеска 1600-те на работа

на 5. 12. 2013 | |
Простете, но ова не може да се игнорира. Овој текст ги уништува и последните надежи и на најбрутален начин ја потврдува медиумската (не)култура и (не)писменост за која зборува Европската Комисија во својот извештај во однос на еден дел од медиумите во Македонија. Ова, што го рецензираме тука, е навреда за новинарството. Овде нема само медиумска неписменост, туку и елементарна неписменост. Линк до оригиналниот напис: Од денеска 1600-те на работа Датум и време на објавување: 02.12.2013 12:56 Датум на рецензирање: 04.12.2013 Рецензент: Зоран Бојаровски Вистинитост: Дури и сето ова да е вистинито и неспорно, вака како што се известува за оваа „вистина“ е навреда и за таа вистина, потсмевање, непочитување на проектот, на луѓето кои се споменуваат. Прво тоа, а второ

Рецензија: Ромските азиланти заслужни за враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани?

на 5. 12. 2013 | | sq
Барателите на азил главно се припадници на ромската заедница, но, сепак, никогаш не го добиваат статусот што го посакуваат.  Нивните барања се отфрлаат со образложение дека не ги исполнуваат условите предвидени со закон за загрозени граѓани. Ромите од Maкедонија и Балканот одат во Германија, пред сѐ, од економски причини и за подобар живот. Еден дел од нив после забрзана постапка се депортираат во нивните земји. Неоснован напис кој се повикува на невистинити информации. Во целата вест се забележува тенденција за повторно актуелизирање на поранешните проблеми и хиперболизација на вистината. Прашањето на враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани на почеток од страна на медиумите беше третирано во овој контекст. Меѓутоа, написот објавен во овој портал, се чини, само копа по

Рецензија: Трговската размена во првите девет месеци со раст од 20 отсто

на 5. 12. 2013 | |
Скопје, 4 декември 2013 (МИА) – Република Македонија и Унгарија, оваа година во услови на криза за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена, која изнесува некаде околу половина милион долари. Македонија бележи и раст воопшто на извозот за посочениот перид од 20 отсто. Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини  на втората седница на Мешовитата македонско-унгарска меѓувладина комисија за економска соработка што денеска се одржа во Скопје. – Ова мора да се потенцира затоа што во услови на криза кога во земјите во регионот паѓа трговската размена во РМ имаме навистина сериозно зголемување и не само со Унгарија. Извозот на РМ за првите девет месеци во 2013 за разлика од првите девет месеци во 2012 расте за

Рецензија: СДСМ пука по сите рабови

на 4. 12. 2013 | |
Целосен паралелизам се случува во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Поделеноста на два табори станува секојдневние во сите општински организации на СДСМ“. Веќе извесен период двете струи, едната блиска до поранешниот лидер, Бранко Црвенковски и втората до актуелното раководство, предводено од Зоран Заев, речиси секојдневно по општинските организации држат состаноци. Групата која ги обиколува општинските организации, блиска до Црвенковски ја сочинувале Емилијан Станковиќ, Горан Минчев и Благоја Стојановски. Таборот на Зоран Заев го предводат, Оливер Спасовски и Марјанчо Николов.“ Порталот излегува со претенциозен  текст дека во СДСМ се случува драматична поделба на две групи, но не нуди ниту еден аргумент  за да се поткрпи таквото тврдење. Тезата од насловот „СДСМ пука по сите рабови“,  се потпира исклучиво на

Рецензија: Годинава најмногу новозаболени со ХИВ

на 3. 12. 2013 | |
Бенџамин Дизраели, британски премиер од втората половина на 19 век, засекогаш ќе остане запаметен по својата изрека дека постојат три вида лаги: лаги, големите лаги и статистика. Пред нас имаме текст со сериозни статистички податоци за бројот на заболените, умрените, инфицираните од СИДА во Македонија и начинот на кој ја добиле оваа опасна болест. За да не се сомневаме во бројките, очекувано е да го знаеме изворот на оваа статистика. Во спротивно, ќе се согласиме со Бенџамин Дизраели и ќе го рецензираме овој напис за да утврдиме во кои делови не се почитувани домашните и меѓународните стандарди за коректен новински текст. Линк до оригиналниот напис: Годинава најмногу новозаболени со ХИВ
Датум и време на објавување: 02.12.2013 Датум на рецензирање: 02.12.2013

Рецензија: СДСМ повторно со старите методи, ќе ги вади тутунарите на улица

на 3. 12. 2013 | | sq
Низа констатации – непоткрепени, без соодветни аргументи, ниту, пак, јасно прецизирани извори, а сето тоа дополнето со коментари, кои на моменти добиваат форма на лична дисквалификација. Тоа се главните обележја на овој текст, кој за сметка на споменатите „епитети“, пак, не ги нуди основните новинарски начела според кои, барем во теоријата, треба да се води еден производ што има амбиции да биде професионален. Оттука, прашањето е дали воопшто и се имало намера за создавање професионален текст. Линк до оригиналниот напис: СДСМ повторно со старите методи, ќе ги вади тутунарите на улица Датум и време на објавување: 29.11.2013,  17:46 Датум на рецензирање:  01.12.2013 Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост: „Ја барам, но тешко да ја најдам“ – накусо би се кажало. Матна е

Рецензија: Колкава количина на марихуана е потребна за да се предозирате?

на 3. 12. 2013 | | sq
За волја на вистината, документот на кој се повикува авторот на текстот постои и преводот е извршен точно. Но, се изнесува на површина доста контроверзен факт, кој е потврден само од еден судија и затоа е прашање дали може да се третира како генерална вистина. Спорно во текстот е тоа што афирмира „препорачлива доза“ на марихуана потребна за предозирање врз основа на сознанија кои се однесуваат на медицинската употреба на марихуаната. Заклучокот од текстот е дека за да се предозира, човек треба да испуши 20.000-40.000 џоинти, што навидум е сензационалистички заклучок, но е поткрепен со извор. Потребно е да се нагласи дека овој сензационализам не е поради тоа што документот на кој се повикува авторот не постои, туку поради тоа

Рецензија: Влегувањето на „Ѓуро Ѓаковиќ“ во МЗТ ќе ја наполни државната каса

на 3. 12. 2013 | |
„Доколку се оствари најавата за влегување на хрватскиот гигант во одбранбената индустрија „Ѓуро Ѓаковиќ“ во бизнис-зделка за производство на оружје со македонската фабрика „Металски завод Тито“, во земјава би можела да ја заживее оваа гранка на индустријата и дополнително да ја наполни државната каса. Вистина или не, но судејќи според објавените информации во текстовите на македонските медиуми, постои реална можност хрватскиот гигант во одбранбената индустрија „Ѓуро Ѓаковиќ“ да влезе во бизнис-зделка за производство на оружје со македонската фабрика „Металски завод Тито“. Токму оваа информација наводно ја потврдил и првиот човек на хрватската компанија, кој објаснил дека преговорите со македонската влада биле во завршна фаза“. Написот ја отвора темата за враќање во форма на нашата воена индустрија, преку ангажман на МЗТ

Рецензија: Пандев сврте грб кога е најтешко, големите спортисти не го прават тоа

на 3. 12. 2013 | |
Пред нас се наоѓа текст од кој професионалните стандарди на новинарството се превртуваат во гроб. Ова би можело да се избегне, доколку под текстот се потпише автор, а истиот се смести во графата „колумни“ или „ставови“. Бидејќи тоа не е направено, експлицитно е дека основната функција на овој текст, во формата во која е создаден е да информира, а не да го соопшти ставот на авторот. Но, доколку го гледаме овој текст како информативен жанр (како што е претставен) ќе ги забележиме основните проблеми: не е контактиран Пандев, има низа непроверени факти („бидејќи наводно бил разочаран што публиката во Скопје го исвиркувала“, „Македонската јавност е согласна, повлекувањето на Горан Пандев од репрезентацијата во моменти кога селекцијата е

Рецензија: Тежнеат да ја кројат нашата судбина, ама од кафеана

на 2. 12. 2013 | |
Тежнеат да ја кројат судбината, ама од кафеана“ е исклучително пристрасен текст со тенденциозен наслов. Уште од самиот старт е видлива  идејата е да се оцрни опозицијата. „Денес опозицијата не се појави во Парламентот. На закажаната седница на дневен ред беа пратеничките прашања, ама некому очигледно поважни му беа гастрономските. Пратеничката група на Социјалдемократскиот Сојуз реши пред  да влезе во салата да се загрее во италијанскиот ресторан „Кај Џино“.“ Овој материјал има сериозни проблеми со релевантноста. Имено, тој се повикува на друг сајт и е целосно преземен вклучувајќи го и насловот. Текстот се потпира на еднострани анонимни извори, без притоа да се направи најмал обид за да се надгради содржината – да се побара став од опозицијата. Впечаток