Рецензии

Рецензија: ШОК, ПРОТЕСТИ И БЛОКАДИ: Девојче жртва на монструмите – Стајковци на нозе по стравотното претепување на осум деца

на 19. 11. 2013 | |
Станува збор за вест која пренесува информација за реакциите на жителите на Стајковци по инцидент во кој се инволвирани, засега непознати, маскирани напаѓачи и средношколци, кои биле предмет на нападот што се случил во автобус број 45, на релација Транспортен центар-Село Стајковци. Иако, на прв поглед веста само информира за настанот, елементите кои таа ги поседува: наслов со пренагласена драматика („ШОК, ПРОТЕСТИ И БЛОКАДИ:  Девојче жртва на монструмите –

Рецензија: ФОТО: На дрво во Струга се појави и ликот на Богородица и девојче со шамија

на 19. 11. 2013 | |
Ако се суди според искуствата од медиумското покривање на „чудата“ со фреските во црквата Свети Димитрија во Скопје, може да се заклучи дека вестите поврзани со натприродното и мистичното се атрактивни за медиумите и за нивната публика. Македонското новинарство нема некое посериозно искуство во однос на овие појави, но, кога се известува за овие деликатни прашања треба да се имаат предвид два многу важни аспекти: Прво, поради тоа што верското убедување и определување за припадност кон одредена вера е едно од најприватните и многу лични сфери на човекот и, второ, заради тоа што кај нас, во македонското новинарство степенот на стручна подготвеност на новинарите за овие прашања е многу ниско. Заради второто, медиумските извештаи на овие теми, на темите „религиозни

Рецензија: За 4 години бугарското малцинство може да го достигне прагот од 25 отсто

на 19. 11. 2013 | | sq
Текстот опфаќа една тема која во континуитет била цел на разни манипулации.  Оттука, од самиот почеток нејзиниот потенцијал за дезориентација е значителен. Меѓутоа, загрижува фактот што кон проблематиката не е пристапено согласно стандардните норми во новинарството. Една од главните мани на оваа информација, која никако не смее да избегне од леќите на медиумот, е непроверувањето, или пак парцијалното сервирање на изворите. Затоа, може да се констатира дека овој напис, а посебно еден негов интегрален дел, не ги исполнува потребните стандарди и не успева да се класифицира како сериозен новинарски прилог. Дури, фокусирајќи се на овие пропусти, информацијата има основа да се смета како да ја занемарува разликата меѓу фактите и мислењата, што јасно е дефинирано во точка 13  од Новинарскиот

Рецензија: Изјава на инспектор од УЈП: Со сила не тераат да им пишуваме казни на фирмите бидејќи буџетот е празен

на 18. 11. 2013 | |
Вовед: Една од основните задачи на новинарот е да ја провери информацијата, да се обиде да ја атрибуира (ако не целосно, барем поблиску) и да го увери читателот во веродостојноста на фактите. Оваа проширена вест не ги исполнува базичните критериуми наведени погоре, а прикриено промовира и теза дека законот во Македонија се спроведува селективно зависно од етничката припадност на сопствениците на бизнисите. Иако ова не е експлицитно кажано, сепак може да се почувствува. Притоа авторот, криејќи ја својата скептичност кон тоа дека Албанците се казнувани пред законот, настапува и со прашање во последниот параграф „А која е причината?“. Линк до оригиналниот напис: Изјава на инспектор од УЈП: Со сила не тераат да им пишуваме казни на фирмите бидејќи буџетот е

Рецензија: Саше Политико ги изнесува валканите работи на СДСМ

на 18. 11. 2013 | |
Веста со наслов „Саше Политико ги изнесува валканите работи на СДСМ“ просто зрачи од задоволство дека, наводно, се случува некаква поделеност во најголемата опозициска партија. Текстот, практично, се потпира само на пишувањата на друг портал: „Во најновата колумна на Саше Политико повторно на тапет е уредникот на Плусинфо и Слободен печат, Бранко Героски, но овој пат се спомнуваат и некои колумнисти за Плусинфо. Во своите претходни колумни Политико остро се спротистави на некои новинари и функционери на СДСМ, а во критиките на Политико место си најде и Ивор Мицковски, колумнист на Плусинфо кој Саше Политико милува да го вика “татино синче”“. И потоа врз основа на непроверени информации се прави една тенденциозна проценка за односите во СДСМ. Линк

Рецензија: Се продлабочува јазот во СДСМ, популистите на една, елитистите на друга страна

на 18. 11. 2013 | |
Нов текст за „изгубената македонска опозиција“, кој за разлика од своите претходници овојпат нуди „свежа“ интерпретација за состојбата кај социјалдемократите, за кои од порано сме бомбардирани со информации дека се поделени, ама овојпат, според тазе класификација, на популисти и елитисти. Според политичката теорија популизмот и елитизмот стојат еден наспроти друг. Популистот тврди дека се залага за обичниот граѓанин, а елитизмот пак, според дефинициите, претставуваа владеење на елитата. Поделбата „ние сме од народот за народот, а вие ги заборавивте граѓаните“ се формулации многупати повторени од политичките говорници во изминатите години. Вообачен политички декор за земјава, би рекле. Но, што ако во позиција на класификатор се појави медиум? Е тогаш за такво нешто потребни се цврсти аргументи, поткрепени со релевантни извори и

Рецензија: Урнат споменикот на стреланите скопјани

на 18. 11. 2013 | |
Репортажа како новинарска форма, според дефиниција, претставува највисок домет во новинарството, во која автор, низ автентичниот, сопствен креативен агол, ја посматра и прикажува  конкретната ситуација.
Пред нас имаме занаетски одлично изработена репортажа на општествена тема. Авторот укажува на проблемот, предупредува, покажува, пренесува порака и се бори за јасно поставената цел. „Потомците немат каде да го одбележат убиството на предците“, „Урнат е споменикот на стреланите скопјани“, „во општината не знаат кој го сторил ова“. Од само три реченици, кои се меѓусебно поврзани, ја имаме приказната. Браво! Погоден е и мигот кога е објавена сторијата, воочи одбележувањето на денот на ослободување на Скопје 13 ноември. Линк до оригиналниот напис: Потомците нема каде да го одбележат убиството на предците Датум и време

Рецензија: Вилма Трајковска бара комунизмот да се казнува

на 15. 11. 2013 | |
Намерни или ненамерни, заради немарност или со умисла, медиумските конструкции се пречесто и во голем број присутни во македонското новинарство. Навистина е неверојатна оваа појава. Еве ја најновата, еден портал пренесе/преведе текст од интернет страницата на „Форбс“, а еден друг македонски портал ја презеде. Токму таа вест, што ја рецензираме, како главната поента во насловот најавува дека сопругата на починатиот македонски претседатал Борис Трајкоски, Вилма, застапувала закон со кој „промовирањето и величењето на комунизмот ќе бидат санкционирани како казниво дело“. И се распишаа колумни, се разгореа дебати на интернет, заради нешто што не постои. Воопшто не е така како што беше објавено. Но, ајде да го видиме уште еднаш патот на оваа фикција. Линк до оригиналниот напис: Вилма

Рецензија: Македонско-грчки дуел на Собранието на ЕПП во Брисел

на 15. 11. 2013 | |
Едностран текст во кој е застапена само една страна на учесниците во настанот и се базира врз вест на агенцијата МИА. Текстот ни најавува дуел, а од дуелот го дознаваме само монологот. За време на Собранието на Европската народна партија, во која членуваат најголем дел европски демо-христијански партии, присуствувал и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев. За време на состанокот тој ги информирал учесниците од другите земји дека Македонија добила препорака за почеток на преговори за членство со ЕУ, но дека оваа препорака нема да донесе преговори поради тоа што се очекува грчко вето на самитот на ЕУ во декември. На ова, претставникот на Грција, кој не е именуван, „жестоко реагирал„, а во „заштита на македонските политики застанале поголемот дел

Рецензија: Македонците се трет најглупав народ во светот-интернет анкета на американски психолози

на 15. 11. 2013 | | sq
Пред нас имаме сензационалистичка вест која не потекнува од македонската медиумска кујна, но медиумот ја прави поблиска на македонскиот амбиент, зашто ја доближува и ја претставува како важна, како и зашто фокусот се става врз Македонците. Истото се прави и во верзијата на веста која е преземена, каде се објаснува дека Србите се „најглупавиот народ во светот“. Истражувањето на кое се повикува порталот не е кредибилно и има недоволно информации за воопшто да се потврди неговото постоење. Ако се продре во минималните критериуми кои едно истражување треба да го има за да стане вредно за објавување, ќе се дојде до заклучокот дека треба да има одговор на прашањата колку испитаници со него се опфатени, кој го спровел и во кој