verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: И Македонци настрадаа при „падот“ на албанската авиокомпанија „Бел ер“

on 15 - 12 - 2013       

5_00000000009876_9999999999988888888-crop-resize

Во случајов рецензираме текст со сензационалистички наслов кој може да ги наведе гледачите, а особено читателите на порталот, на погрешно толкување и да ги манипулира. Во иста реченица како метафора се користи комбинацијата на зборови „пад“, „авиокомпанија“, „Македонци“ и  „настрадаа“, што асоцира на авионска несреќа. Ова во никој случај не е содржината на текстот, односно, насловот наведува на погрешно толкување и го мами читателот. Веста сама по себе е доволно импактна и без да се користи наслов што мами.

5Линк до оригиналниот напис:  И Македонци настрадаа при „падот“ на албанската авиокомпанија “Бел ер“

Датум и време на објавување: 09.12.2013; 14:15

Датум на рецензирање: 12,12,2013

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Сите факти изнесени во текстот се проверливи и точни. Она што  зачудува е зошто коректноста на медиумскиот производ е засенета со сензационалистички наслов кој може да создаде чувство на недоверба кај читателот и гледачот ако се увери дека е „измамен“ во контекст на кохерентноста на она што му се нуди во насловот и она што му се нуди во текстот.

Извори на информации: Од текстот може да се заклучи дека на редакцијата ѝ е познато името на туристичката агенција за која известува дека ги рефундирала парите на клиентите и која според насловот ги претставува „Македонците кои настрадале“. Сепак, редакцијата одлучува да не го открие името на агенцијата и да ја користи како анонимен извор во текот на целиот дел од текстот. Се користи и веб-страницата на авио-компанијата како официјален извор.

Содржајност: Прилогот е содржаен со исклучок на тоа што гледачите и читателите не дознаваат за која туристичка агенција, што имала договор со „Бел ер,“ станува збор. Би можеле да се искористат и изјави од оштетени граѓани за да се добие поголема тежина на изнесеното. Сепак, информацијата дека компанијата „Бел ер“ е во стечај, е од значење за оние кои планирале да ги користат нејзините услуги.

Пристрасност: Во текстот не се евидентира пристрасност и главниот фокус е ставен на бројките и информативноста, со исклучок на насловот.

Оригиналност/Плагијат: Станува  збор за оригинален текст со прецизно наведено авторство. Информацијата не е ексклузивна, но е обработена самостојно во редакцијата и даден ѝ е авторски агол.

Квалитет на насловот: Ова е, всушност, и главната причина заради која овој прилог заслужи рецензија. Насловот е сензационалистички, залажува и можно е да предизвика паника кај читателите и гледачите. Особено поради тоа што прилогот се емитува на телевизија, проблемот е поголем, бидејќи спикерот кога би го употребил насловот како најава, не би можел да ги користи наводниците од кои би се насетило дека падот не е на авионот, туку дека станува збор за пропаѓање на авио компанија и нејзино одење во стечај. Дефинитивно ваквиот наслов би предизвикал поголемо внимание за да се прочита текстот, но, тој не е коректен.

Фотографија: Фотографијата прикажува авион од компанијата што отишла во стечај и со насловот формира погрешна слика. Со информативен наслов, таа би била коректна.

Заклучок: Особено кога во една реченица се користат зборовите „пад“, „авиокомпанија“ и „настрадаа“, а таа реченица е насловот, тешко е да се претпостави дека читателот нема да помисли на авионска несреќа. Текстот е коректен, а насловот несреќен. Неодговорно е тоа што се алудира на страање онаму каде што се известува за економија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

2 извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести