verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Тепачка во скопски Чаир

on 17 - 12 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Тепачка во скопски Чаир-crop-resize

Брзината во пласирањето на информациите секако е исклучително важна, но дали за сметка на „трката по ексклузивност“ треба да се заборави на другите елементи во информирањето: точност, вистинитост, доследност и, секако, на крајот автентичност? Одговорот е не. Можеби некому му наликува на мала грешка или пропуст, но како и да е станува збор за  прекршок кој го забележа не новинарско, туку око на читател. Кога се пренесува вест за сериозен инцидент, како во случајов тепачка и тоа која можеби претендира да биде „ударна,“ бидејќи информацијата што ја содржи навистина привлекува внимание, тогаш таа мора да биде поткрепена со соодветна, а не подметната фотографија, како што нотира читателот.

Тепачка во скопски ЧаирЛинк до оригиналниот напис: Тепачка во скопски Чаир

Датум и време на објавување:  14.12.2013   20:26

Датум на рецензирање: 16.12.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Станува збор за вест преземена од друг портал што е јасно наведено. Текстот нема проблем со вистинитоста, бидејќи основата на информацијата, како што се вели, е потврдена од полициски извори. Проблемот е на друго место – во фотографијата, за која е јасно дека е „позајмена“ од некој друг инцидент. Значи, имаме поделена вистинитост – содржинската е коректна, но не и онаа во употребената фотографија. Дополнителна забуна кај читателите би можело да предизвика тоа што во оригиналната вест е искористена сосема друга фотографија со јасно наведен автор. Плус маана е и делот каде се вели дека „причините за нападот и сторителите се непознати“, ама на фотографијата со која се „илустрира“ настанот јасно се гледаат лицата на учесниците во тепачката.

Извори на информации: Изворите се прецизно нотирани: прво дека веста за тепачката ја пренел друг портал и второ дека инцидентот е потврден од полицијата.

Содржајност: Веста, ако ја изземеме „проблематичната“ фотографија, ги исполнува основните критериуми за содржајност. Информира за настан, прецизира каде се случил и пренесува дека има повредени, што е доволно за публиката да биде основно запозната со инцидентот.  

Оригиналност/Плагијат: Текстот е преземен и тоа е коректно наведено.

Квалитет на насловот: Насловот е кус и информативен, а притоа јасно кажува за што станува збор и каде тоа се случило.

Фотографија: Еве го проблемот. Сериозноста на информацијата која се обработува не дозволува импровизизации при нејзиното илустрирање, а токму тоа се случува во овој напис. Претпоставуваме, брзината за да се објави веста довела до несоодветна фотографија. Според мене, подобро би била никаква, отколку „фотка“ по секоја цена.

Заклучок: Коректен текст, јасно наведено дека е преземен, со базична информација, добро поткрепен со извори, но со „фабричка грешка“ – ептен промашена фотографија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

првична вест без многу детали

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

коректен наслов

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

преземена и несоодветна фотографија

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести