verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Gent Mehmeti

Рецензија: ВИДЕО: “Непатриотска„ агенда на ДУИ, „името„ единствена преокупација

на 22. 04. 2014 | |
Текст со малку или без никакви извори. Овој напис кој што е објавен како вест, ги исполнува условите за да биде солиден коментар од авторот. А сепак, во ниту еден слушај не ги исполнува условите за да биде вест и информација. Целата содржина, вклучувајќи го тука и „привлекувачкиот„ наслов, ја коментираат агендата на Демократската Унија за Интеграција, притоа не повикувајчи се на ниту еден извор. Некои факти кои се веќе познати, се сервирани ваму-таму, меѓутоа никаде не е пренесена некоја изјава со која би се поткрепиле наводите. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: “Непатриотска„ агенда на ДУИ, „името„ единствена преокупација Датум и време на објавување: 03.12.2013 Датум на рецензија: 03.12.2013 Рецензент: Гент Мехмети Веродостојност: Поради недостаток на извори, отежнат е

Рецензија: 400 вработувања во здравство, дали ќе има правично застапување

на 22. 04. 2014 | | sq
Се работи за напиц кои што директно се коси со точката тринаесет (13) од Кодексот на новинарите, која што вели: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот Во овој напис се приметува обид за претставување на предвидувањата и личните ставови како факти. Aвторот прави фама од 400 нови вработувања во Министерството за Здравство, меѓутоа во контекст на правичното застапување, кое што тој го доведува под знак прашалник поради личните проценки на ситуацијата. Ова е една негативна појава кој што не треба да се толерира при известувањето. Линк до оригиналниот напис: 400 вработувања во здравство, дали ќе има правично застапување Датум и време на објавување: 27.11.2013 Датум на рецензија: 02.12.2013 Рецензент: Гент Мехмети Веродостојност: 

Рецензија: Јанкуловска признава: Има нерасветлени случаи! Побогу, навистина ли?

на 15. 01. 2014 | | sq
Во овој напис не се разделени личните коментари на авторот од информацијата и телото на текстот. Сите се пласирани како една хомогена целина без јасна дистинкција помеѓу фактите и субјективното. Самиот наслов отвора можност за еден таков непрофесионален начин на известување, пристапувајќи, од самиот почеток, со една доза на иронија, која понатаму е интегрирана со пласираните факти. Со ова, на еден притаен начин, на информацијата ѝ се придава еден контекстпредодреден од самиот автор и како таков ѝ се пренесува на јавноста. Линк до оригиналниот напис:  Jанкуловска признава: Има нерасветлени случаи! Побогу, навистина ли? (Преводот на веста на македонски јазик може да се прочита овде.) Датум и време на објавување: 27.11.2013 Датум на рецензија: 29.11.2013 Рецензент: Gент Мехмети Веродостојност:  

Рецензија: Ставрески ги советува координаторите на ДУИ и ВМРО

на 23. 12. 2013 | | sq
Некомплетен напис, надвор од контекстот што го наведува насловот и составен целосно од кометнари на авторот. Ова информација се потпира само на фотографски извор, од кој не може да се утврди што говорат протагонистите. Написот повеќе наликува на коментар, имајќи ја во предвид неговата слободна и субјективна природа. Во него се толкуваат неколку обични фотографии, што не мора да го содржат контекстот што им е даден од страна на авторот. Линк до оригиналниот напис: Ставрески ги советува координаторите на ДУИ и ВМРО (Преводот на македонски јазик на оваа вест можете да го најдете овде.) Датум и време на објавување: 30.11.2013 Датум на рецензија: 02.12.2013 Рецензент: Гент Мехмети Вистинитост: Невозможно е да се провери дали написот е вистинит, бидејќи тука станува

Рецензија: Се зголемува бројот на украдени артефакти во Музејот на Македонија

на 17. 12. 2013 | | sq
Напис со наслов кој дезинформира и кој воопшто не соодветствува со содржината на текстот. Тоа што се наведува во насловот останува само да се претпостави понатаму. Никаде не се споменува дека е зголемен бројот на украдени артефакти. Во информацијата од полицијата само се наведува вкупниот број на украдени артефакти во одреден период, исто така не спомнувајќи дека има зголемување. Линк до оригиналниот напис:  Се зголемува бројот на украдени артефакти во Музејот на Македонија (Преводот на веста на македонски јазик можете да го најдете овде.) Датум и време на објавување: 19.11.2013 Датум на рецензија: 03.12.2013 Рецензент: Гент Мехмети Вистинитост: Проблемот со вистинитоста е проблем со насловот. Она што се тврди во него со ништо не е поткрепено во текстот.

Рецензија: Градоначалникот на Атина ќе го посети Скопје

на 6. 12. 2013 | | sq
Текстот пренесува една изјава на градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, кој зборува за дипломатските односи помеѓу двете соседни земји и демократскиот дух во кој овие односи треба да се развиваат. Дополнително, во текстот се наведуваат и изјавите на Каминис во врска со политичките збиднувања во Македонија. Сепак, во ниту една од интегралните изјави во овој напис, не се споменува она што стои како столб на текстот – посетата на атинскиот градоначалник на Ма кедонија. Оттука, написот може да го сметаме за несоодветен и некохерентен. Линк до оригиналниот напис: Градоначалникот на Атина ќе го посети Скопје. (Преводот на веста на македонски јазик можете да го најдете овде.) Датум и време на објавување: 20.10.2013 Датум на рецензија: 25.11.2013 Рецензент: Гент

Рецензија: Ромските азиланти заслужни за враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани?

на 5. 12. 2013 | | sq
Барателите на азил главно се припадници на ромската заедница, но, сепак, никогаш не го добиваат статусот што го посакуваат.  Нивните барања се отфрлаат со образложение дека не ги исполнуваат условите предвидени со закон за загрозени граѓани. Ромите од Maкедонија и Балканот одат во Германија, пред сѐ, од економски причини и за подобар живот. Еден дел од нив после забрзана постапка се депортираат во нивните земји. Неоснован напис кој се повикува на невистинити информации. Во целата вест се забележува тенденција за повторно актуелизирање на поранешните проблеми и хиперболизација на вистината. Прашањето на враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани на почеток од страна на медиумите беше третирано во овој контекст. Меѓутоа, написот објавен во овој портал, се чини, само копа по

Рецензија: Џемали Мехази, овој вистински полиглот

на 28. 11. 2013 | | sq
Тоа што институцијата на Џемали Мехази, кој е кадар на ДУИ, зборува само „македонски“ се подразбира. Управниот одбор на ФЗО (според официјалниот сајт) се состои од овие членови: Aнгел Митевски, Елена Трпковска, Елизабета Србиновска, Љубиша Каранфиловски, Илија Глигоров и Горан Коевски. Значи и во Управниот одбор се забележува дека Албанците не се вработени во оваа важна државна институција ни за „иљач“. Еден од главните недостатоци на овој напис е токму неговата коментаторска природа, што сосема ги прекршува предвидените норми за еден новинарски прилог (информација) од овој вид. Во рамките на овој текст, кој се обидува да се претстави како информација, наиудваме на низа субјективни мислења кои суштествено влијаат врз неговиот контекст. Згора на тоа, тие се присутни како во

Рецензија: За 4 години бугарското малцинство може да го достигне прагот од 25 отсто

на 19. 11. 2013 | | sq
Текстот опфаќа една тема која во континуитет била цел на разни манипулации.  Оттука, од самиот почеток нејзиниот потенцијал за дезориентација е значителен. Меѓутоа, загрижува фактот што кон проблематиката не е пристапено согласно стандардните норми во новинарството. Една од главните мани на оваа информација, која никако не смее да избегне од леќите на медиумот, е непроверувањето, или пак парцијалното сервирање на изворите. Затоа, може да се констатира дека овој напис, а посебно еден негов интегрален дел, не ги исполнува потребните стандарди и не успева да се класифицира како сериозен новинарски прилог. Дури, фокусирајќи се на овие пропусти, информацијата има основа да се смета како да ја занемарува разликата меѓу фактите и мислењата, што јасно е дефинирано во точка 13  од Новинарскиот

Рецензија: Анкета на Журнал: Има дискриминација врз албанските медиуми

на 22. 10. 2013 | | sq
„За една недела, од читателите е побарано да одговорат на прашањето: Дали македонската влада ги дискриминира албанските медиуми? Апсолутното мнозинство, вкупно 1.202 гласови се изјасниле дека постои таква дискриминација во медиумскиот пазар во земјата. „Во меѓувреме, привремено беше затворен и дневниот весник Журнал Плус во знак на протест за дискриминацијата за доделувањето на владините реклами и други неправилности. Иако главниот мотив на овој напис и порано, одвреме-навреме, бил предмет на интерес, при што можеби е откриена или не „дискриминација на албанските медиуми“, пристапот по ова прашање овде несомнено е придружен со голема доза на застранување во однос на новинарските стандарди. Сензационализмот се дефинира како еднострано и контраверзно известување со склоност за преувеличување

Претплатете се за најнови вести