verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: 400 вработувања во здравство, дали ќе има правично застапување

on 22 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Се работи за напиц кои што директно се коси со точката тринаесет (13) од Кодексот на новинарите, која што вели:

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот

Во овој напис се приметува обид за претставување на предвидувањата и личните ставови како факти. Aвторот прави фама од 400 нови вработувања во Министерството за Здравство, меѓутоа во контекст на правичното застапување, кое што тој го доведува под знак прашалник поради личните проценки на ситуацијата. Ова е една негативна појава кој што не треба да се толерира при известувањето.

ILIRIA NEWS AGENCY   400 punësime në shëndetësi  a do të ketë përfaqësim të drejtëЛинк до оригиналниот напис: 400 вработувања во здравство, дали ќе има правично застапување

Датум и време на објавување: 27.11.2013

Датум на рецензија: 02.12.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Веродостојност: Вердостојноста веднаш се отфрлува, бидејќи во овој случај се работи за настани кои што сеуште не се случиле. Авторот делува како некој „претскажувач на вистината„ кој што се обидува со своите проценки да влијае врз општиот квалитет на информацијата. Во текстот се приметуваат изјави и извори, кои се искористени само за да се пренесаат според претпочитањата на авторот.

Извори на информации: Во написот може да најдеме само еден извор, и тоа изјавата на министерот Никола Тодоров, која што претставува основа за најголемиот број на заклучоци кои се дадени во написот. Освен овој извор, не можат да се најдат други извори и текстот не успева да го исполни условот на сеопфатност.

Содржајност: Веднаш паѓа во очи дека сорджината повеќе се состои од коментари одколку од факти. Еден дел од информацијата се однесува на новините кои ги вовело Министерството за Здравство, а другиот интригантен дел, кој што го привлекува внимението на јавноста, не само што нема ништо заедничко со новините, туку натежнува кон намерна клевета и може да се квалификува како спин.

Пристрасност: Имајќи предвид дека авторот се служел со претпоставки и контексти за да ја критикува позицијата на албанскиот владин партнер, има знаци кои ни дозволуваат да се сомневаме дека има пристрасност и неизбалансирано известување.

Оригјиналност/Плагијат: Нема знаци на плагијат. Написот е оригинално дело.

Квалитет на насловот: Насловот е некреативен и несоодветен. Тој се обидува да создаде сензационализам и посетеност. Меѓу другото, насловот не успева да се придржи до основните правила на синтаксата, завршувајќи ја прашалната реченица со погрешен интерпункциски знак, но поврзувајќи две цели реченици во една без да се образложи ова со соодветен интерпункциски знак.

Фотографија: Фотографијата го прикажува натписот пред Министерството за здравство и на ниеден нашин не придонесува во описот на содржината.

Заклучок: Со прекршувањето на неколку основни принципи, овој напис не успева во обидот да се пласира како легитимен придонес на авторот. Коментарите и пласирањето на предвидувањата со цел да се влијае врз содржината, се практика која што не треба да се толерира. Лиферувањето на половични информации на овој начин, може да има последици по широката јавност, па затоа спречувањето на истите треба да е на прв план кај носителите на четвртата власт.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

Претплатете се за најнови вести