verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ромските азиланти заслужни за враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани?

on 5 - 12 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Azilkerkuesit-rom-kthejne-vizat-per-Maqedonine-Republika-Shqip-crop-resize

Барателите на азил главно се припадници на ромската заедница, но, сепак, никогаш не го добиваат статусот што го посакуваат.  Нивните барања се отфрлаат со образложение дека не ги исполнуваат условите предвидени со закон за загрозени граѓани.

Ромите од Maкедонија и Балканот одат во Германија, пред сѐ, од економски причини и за подобар живот. Еден дел од нив после забрзана постапка се депортираат во нивните земји.

Неоснован напис кој се повикува на невистинити информации. Во целата вест се забележува тенденција за повторно актуелизирање на поранешните проблеми и хиперболизација на вистината. Прашањето на враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани на почеток од страна на медиумите беше третирано во овој контекст. Меѓутоа, написот објавен во овој портал, се чини, само копа по медиумските архиви и повторно актуелизира некои премолчени прашања. Но, тоа се прави на не многу непрофесионален начин, не наведувајќи извори кои би ги поткрепиле наводите што се пласираат преку ова вест. Демонизацијата на една етничка група во оваа вест е уште еден загрижувачки елемент, која прилогот го оддалечува од професионалните принципи.

Azilkerkuesit rom  kthejne vizat per Maqedonine    Republika ShqipЛинк до оригиналниот напис: Ромските азиланти заслужни за враќањето на ЕУ визите за македонските граѓани? (Преводот на веста на македонски јазик можете да го најдете овде).

Датум и време на објавување: 12.11.2013

Датум на рецензија: 24.11.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Вистинитост:  Никаде во написот не можеме да наидеме на информации што би ги потврдиле наводите. Се гледа дека сите констатации се само обид за повторно актуелизирање на вестите, кои во овој контест беа многу чести во минатото. Сепак, ова никако не смее да се сервира како аргумент за вести и информации денеска без да се направи непосредно истражување на моменталната ситуација. Недостатокот на официјални изјави води до тоа да се доведе во прашање вистинитоста.

Извори на информации: Во овој текст се не се наведени извори. Информациите не се базираат на наведени извори и тие личат на непромислено коментирање. Во написот наидуваме на статистички податоци кои не се потврдуваат од ниту еден надлежен орган. И останатите информации изгледаат како да имаат тривијална позадина. Евидентен е недостатокот на изворите што доведува до пренебрегнување на принципот на сеопфатност и соочување на ставовите.

Сорджајност: Содржината е некомплетна и конфузна. На почетокот се споменува тнр. „заштитен механизам“, кој се актуелизираше кон средината на годинава, а веднаш потоа се наведуваат информации кои не соодветсвуваат со времето и изјавите на компетентните лица за процесот на либерализација на визите. Написот ја коментира и практиката на депортирање на азилантите и начинот на кој тие се третираат, но без да се обезбеди некоја потврда за тоа.

Пристрасност: Пристрасноста е јасно присутна, обидувајќи се да влијае врз имиџот на одредена етничка група. Текстот им ја припишува одлуката за враќање на визите на неодмерените барања на азил од страна на припадници на ромската заедница, етикетирајќи ги на тој начин како главна причина за евентуалното исклучување на Македонија од земјите со либерализиран режим на визите.

Оригиналност/Плагијат: Истиот напис се појавува и во други медиуми, како во земјата, така и во регионот.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички и дезориентирачки. Тој информира во претпочитаната насока, нудејќи привид на вистинитост, но од самиот текст може да се констатира дека насловот е резултат на празни наводи.

Фотографија: Фотографијата, на која се прикажани неколку обични патници во аеродром, не е соодветна на написот.

Заклучок: Недостатокот на извори, коментирањето и обидот за сензационализам се негативните атрибути кои што го дефинираат овој напис. Овој текст лиферува информации кои немаат тежина, а се обидува да постигне поголема читаност преку провокативен наслов. За дел од текстот дури може да се каже и дека има елементи на етничка дискриминација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести