verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Јанкуловска признава: Има нерасветлени случаи! Побогу, навистина ли?

on 15 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

ALMAKOS Jankullovska pranon Ka incidente te pa zbardhura Allahile njemend-crop-resize

Во овој напис не се разделени личните коментари на авторот од информацијата и телото на текстот. Сите се пласирани како една хомогена целина без јасна дистинкција помеѓу фактите и субјективното. Самиот наслов отвора можност за еден таков непрофесионален начин на известување, пристапувајќи, од самиот почеток, со една доза на иронија, која понатаму е интегрирана со пласираните факти. Со ова, на еден притаен начин, на информацијата ѝ се придава еден контекстпредодреден од самиот автор и како таков ѝ се пренесува на јавноста.

ALMAKOS   Jankullovska pranon  Ka incidente të pa zbardhura  Allahile  njëmend aЛинк до оригиналниот напис:  Jанкуловска признава: Има нерасветлени случаи! Побогу, навистина ли? (Преводот на веста на македонски јазик може да се прочита овде.)

Датум и време на објавување: 27.11.2013

Датум на рецензија: 29.11.2013

Рецензент: Gент Мехмети

Веродостојност:  Наjголемиот дел од пласираните информации во овој напис се вистинити. Не се забележува некој сомнителен податок. Заклучоците се повикуваат на изјавите на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Извори на информации: Во текстот може да се увиди присуство на само еден извор. Тоа е изјавата на министерката Јанкуловска, на која што се заснива целиот напис. Изјавата е пренесена во целост и е извадена од контекст.

Сорджајност: Написот обработува тема која долго време беше актуелна во домашните медиуми, особено албанските. Тој само го продолжува она што е почнато во другите вести, без да се дадат останати ретроспективни информации. Некои коментари, кои не се јасно разделени од написот, придонесуваат кон неговиот квалитет, оквалификувајќи го како нејасен и тенденциозен.

Оригиналност/Плагијат: Написот е објавен во повеќето новински портали. Некои од нив имаат подолга верзија не текстот, што раѓа сомнеж дека обработениот текст е позајмен. Инаку, сите медиуми ја објавија веста во исто време. Авторот не навел дека текстот е позајмен.

Квалитет на насловот: Насловот излегува од нормите на новинарската коректност. Тој е придружен со еден јасен коментар кој се обидува на читателите да им го наметне мислењето на авторот.

Фотографија: Од сликата не може да се разбере ништо конкретно. На неа е прикажана министерката Гордана Јанкуловска, но таа многу заедничко со инцидентите што се споменуваат.

ПристрасностKоментарите што се присутни во насловот и во последниот параграф прават овој напис да се погледне низ лупата на сомнежот. Во последниот параграф јасно се наведува дека министерката често ги обвинила медиумите и опозицијата за конкретната ситуација со што може да се заклучи дека написот на латентен начин ја држи страната на опозицијата.

Заклучок: Коментарите и личните ставови не треба да се вклучат во информацијата. Тие треба да се навестуваат јасно, не оставајќи простор за погрешна интерпретација од јавноста. За жал, овој напис не само што не успева во таквата намера, туку упорно се обидува да ги интегрира ставовите на авторот во информацијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести