verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ВИДЕО: “Непатриотска„ агенда на ДУИ, „името„ единствена преокупација

on 22 - 04 - 2014       

Текст со малку или без никакви извори. Овој напис кој што е објавен како вест, ги исполнува условите за да биде солиден коментар од авторот. А сепак, во ниту еден слушај не ги исполнува условите за да биде вест и информација. Целата содржина, вклучувајќи го тука и „привлекувачкиот„ наслов, ја коментираат агендата на Демократската Унија за Интеграција, притоа не повикувајчи се на ниту еден извор. Некои факти кои се веќе познати, се сервирани ваму-таму, меѓутоа никаде не е пренесена некоја изјава со која би се поткрепиле наводите.

VIDEO   Shkombëtarizohet  agjenda e BDI së   emri  i vetmi preokupimЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: “Непатриотска„ агенда на ДУИ, „името„ единствена преокупација

Датум и време на објавување: 03.12.2013

Датум на рецензија: 03.12.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Веродостојност: Поради недостаток на извори, отежнат е процесот на мерење на вердостојноста на овој напис. Констатациите се изразени во форма на коментар и информацијата се состои целосно од лични ставови. Ова особено влијае врз објективната опсервација што треба да го направи написот на темата која што ја обработува. Затоа, потполно се компромитира основната задача на написот, која што согласно точка тринаесет од Кодексот на новинарите, бара да се направи јасна дистинкција помеѓу фактите и личните ставови.

Извори на информации:  Написот нема ниту еден извор. Коментарите и констатациите се повиккуваат на факти од минато време, но и за тие не се наведени извори кои би ги потврдиле.

Содржајност: Содржајноста создава дополнителни небулози кај читателот, кој што е поплавен со интригантни коментари и зајадливи прашања поставени од авторот. Сепак, способноста за привлекување на внимание не е некаков показател за легитимност и веродостојност. На ист начин, написот потфрлува и во одржување на континуитетот, отскокнувајќи на различни теми.

Пристрасност: Во написот е присатна тенденција за критикување на владата и албанскиот партнер во неа. Сепак, неможноста за обезбедување на изворите кои што би ги поткрепиле констатациите, прави сето ова да се земе со доза на резерва.

Оригиналност/Плагијат: Иако не многу оиригинален во категоријата во која што се обидува да е пласира – вест, написот нема видливи елементи на плагијат.

Квалитет на насловот: Нималку креативен и информативен. Се приметува намерата авторот за да создаде сензационален наслов да го привлече вниманието на јавноста.

Фотографија: Фотографијата е тука само како илустрација на написот. Таму е прикажано седиштето на Демократската Унија за Интеграција, на која што се однесува написот, но во еден мошне статичен контекст кој што не покажува ништо конкретно.

Заклучок: Уште еден неуспешен обид за пласирање на коментарите и согледувањата на авторот во текст кој што е лиферуван како информација. Брутален пример на прекршување на професионалните параметри.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести