verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ставрески ги советува координаторите на ДУИ и ВМРО

on 23 - 12 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Portalb-Stavreski-i-këshillon-koordinatorët-e-BDI-së-dhe-VMRO-së-crop-resize

Некомплетен напис, надвор од контекстот што го наведува насловот и составен целосно од кометнари на авторот. Ова информација се потпира само на фотографски извор, од кој не може да се утврди што говорат протагонистите. Написот повеќе наликува на коментар, имајќи ја во предвид неговата слободна и субјективна природа. Во него се толкуваат неколку обични фотографии, што не мора да го содржат контекстот што им е даден од страна на авторот.

Portalb   Stavreski i këshillon koordinatorët e BDI së dhe VMRO sëЛинк до оригиналниот напис: Ставрески ги советува координаторите на ДУИ и ВМРО (Преводот на македонски јазик на оваа вест можете да го најдете овде.)

Датум и време на објавување: 30.11.2013

Датум на рецензија: 02.12.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Вистинитост: Невозможно е да се провери дали написот е вистинит, бидејќи тука станува збор за начин на коментирање. Ниту еден дел од текстот не е напишан според правилата на информирање и затоа е невозможно да се потврди дали текстот има легитимитет или не. Сепак, коментарите кои не се поткрепени со извори, не треба да се сметаат за вистинити.

Извори на информации: Сите констатации се донесени врз база на личната перцепција на авторот, кој во написот ги опишува фотографиите со еден остар коментаторски стил. Некои фотографии, интегрирани во текстот со намера за илустрација, се сосема обични за да ги поткрепат наводите на авторот. Би се рекло дека сите констатации се слични без разновидност на ставови.

Содржајност: Веста обработува една активност што се случила меѓу министрите и пратениците на Демократската унија за интеграција и ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, овој осврт е само една сува констатација на авторот, кој се обидел да добие сензационалситички поени на сметка на неговите коментари. Поставените фотографиите, што потоа се коментирани, дури и не се меѓусебно поврзани.

Пристрасност: Се чини дека коментарите на авторот се непристрасни и успеале да останат неутрални. Од друга страна, инфериорниот стил на пишување ни оневозможува да разбереме дали пристрасноста е избегната целосно.

Оригиналност/Плагијат: Во овој напис нема плагијат. Тој е оригинален прилог на новинарот.

Квалитет на насловот:  Насловот е тенденциозен и некреативен. Се обидува на јасен начин да навести за интригантната содржина на написот, служејќи се со сензационализам.

Фотографија: Фотографиите имаат многу малку заедничко со она што се вели во текстот. Тие се важен дел од написот, бидејќи авторот ги поставил на таков начин за да служат како опис за неговиот текст. Сите негови коментари авторот ги засновал на тие фотографии, земајќи си слобода да ги коментира и да им даде значење по желба.

Заклучок: Ова е еден класичен пример за тоа како не треба да се напише еден напис. Речиси секој елемент што доминира во овој текст е во спротивност со новинарските норми. Почнувајќи од коментарите, кои не само што не се одвоени од информацијата, туку создаваат една целина, па сѐ до недостигот на неопходните извори, написот нe успева во неговата мисија да служи како информатор на јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор и извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести