verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Џемали Мехази, овој вистински полиглот

on 28 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

ALMAKOS-Xhemali-Mehazi-ky-poliglot-i-vërtetë-crop-resize

Тоа што институцијата на Џемали Мехази, кој е кадар на ДУИ, зборува само „македонски“ се подразбира. Управниот одбор на ФЗО (според официјалниот сајт) се состои од овие членови: Aнгел Митевски, Елена Трпковска, Елизабета Србиновска, Љубиша Каранфиловски, Илија Глигоров и Горан Коевски. Значи и во Управниот одбор се забележува дека Албанците не се вработени во оваа важна државна институција ни за „иљач“.

Еден од главните недостатоци на овој напис е токму неговата коментаторска природа, што сосема ги прекршува предвидените норми за еден новинарски прилог (информација) од овој вид. Во рамките на овој текст, кој се обидува да се претстави како информација, наиудваме на низа субјективни мислења кои суштествено влијаат врз неговиот контекст. Згора на тоа, тие се присутни како во самата содржина, така и во насловот на наспиот, при што го одвлекуваат вниманието на читателот.

Овој транспарентен начин на сервирање на коментарите како суштина на информациајата не само што претставува грубо кршење на професионалните стандарди, туку располага и со капацитети да ја манипулира пошироката јавност. Меѓутоа, сагата за непочитувањето на новинарските стандарди не завршува тука. Во текстот, исто така, се детектирани и елементи на плагијат, и тоа во делот на изјавите, кои се позајмени од прилог во друг медиум.

ALMAKOS   Xhemali Mehazi  ky poliglot i vërtetëЛинк до оригиналниот напис: Џемали Мехази, овој вистински полиглот (преводот на веста на македонски јазик можете да го најдете овде)

Датум и време на објавување: 11.11.2013

Датум на рецензирање: 20.11.2013

Рецензент: Гент Мехмети

Вистинитост:  Немаме на располагање информации што би можеле да ја потврдат вистинитоста на овој напис. Сепак, јасна е тенденцијата за коментирање и непотпирање врз проверени извори, што во принцип е суштината на методологијата за проверка на фактите во новинарството. Оттука, ако се придржиме до овој принцип, со потполно право може да заклучиме дека стрелката на вистиномер се померува кон негативната страна.

Извори на информации: Никаде во рамките на овој напис не се наведени извори во врска со дадените искази. Написот не е поврзан ниту со трети извори што би ја потврдиле содржајноста. Еден единствен исказ, што е содржан во самиот напис, само накратко опишува една аномалија на државните институции, меѓутоа тој исказ не ја исполнува задачата да биде извор за она што е наведено во написот.

Содржајност: Се гледа дека соржината на написот гравитира кон претпоставката дека директорот на Фондот за здравствено осигурување, Џемали Мехази, не ги познава јазиците наведени во неговото портфолио во рамките на институцијата која ја претставува. Сепак, повеќе од јасно е дека има недостаток на проверени информации што ќе ги поткрепат овие наводи. Една од ретките информации наведени во овој контекст е онаа за двоумењето на Мехази да ѝ се спротистави на својата македонска колешка, бидејќи таа му забранила да го напише името со латинична азбука.

Пристрасност: Се забележува дека написот за цел ја има албанската партија што е на власт и нејзината политика. Тоа е евидентно во неколку точки, но станува очигледно во последниот пасус каде се вели дека институцијата водена од Мехази, како кадар на ДУИ, се состои само од македонски членови.

Оригиналност/Плагијатура: Во овој напис, исто така, може да се увиди и плагијатура. Единствениот евидентиран извор, изјавата на еден граѓанин, е позајмена од вест емитувана неодамна на телевизијата Алсат-М. Изјавата, интегрирана во објавениот текст, се пренесува како автентична, односно оригинална, а не како позајмена од „Алсат-М“.

Квалитет на насловот: Насловот е во линија со коментарите што ги соржи текстот. Со доза на иронија, тој ја прикажува субјективната страна на информацијата.

Фотографија: Фотографиите на коректен начин ја илустрираат содржината на текстот.

Заклучок:  Во новинарството постои јасна дистинкција помеѓу коментарот и веста, кои се посебни категории. Во повеќето случаи, не е досволена симбиоза помеѓу овие две категории кога прилогот се пласира како информација. Но, и во случаи кога тоа може да се толерира, фактите треба да бидат точно дефинирани, а коментарот да биде јасно одделен како субјективно мислење на авторот или уредништвото. Написот што го рецензираме не се придржува до таквите правила.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

донекаде

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, аноними

релевантни, нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести