Рецензии

Рецензија: Собранието расправа за законите за медиуми

на 26. 12. 2013 | |
Во сериозните новинарски производи се води сметка за јавниот интерес (интерес на сите граѓани без оглед на нивното политичко, верско и друго определување) и информациите или извештаите од теренот се подготвуваат имајќи го предвид токму јавниот интерес. Доколку се работи под притисок на одредена политичка клима или доминантна идеологија кои директно влијаат на начинот како одредена информација ќе се обработи и пласира во јавноста, добиваме неточни, некоректни и недовршени вести и извештаи. Такви новинарски производи оставаат многу отворени прашања и не придонесуваат за развојот на демократијата. Затоа им даваме негативна рецензија. Линк до оригиналниот напис: Собранието расправа за законите за медиуми   Датум и време на објавување: 25.12.2013  14:15 Датум на рецензирање: 25.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Освен со невистинит, ни

Рецензија: Проститутките бараат легализација

на 25. 12. 2013 | |
Начинот на известување за сексуалните работници е предизвик за одговорното новинарство. Освен стандардната ограда што новинарот треба да ја изѕида меѓу своите лични евентуални предрасуди и известувањето, тој, исто така, како прв чекор кон професионализмот, треба и да го сообрази речникот. Како помош при работата на новинарите, Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници изработи речник на термини поврзани со сексуална работа и ЛГБТ заедницата уште во 2008 година. Во него стои дека „Сексуални работници се жени мажи и трансродови лица кои добиваат пари или други материјални добра во замена за сексуална услуга, тоа го прават редовно или повремено и кои можат, но и не мораат таквите активности да ги дефинираат како единствен извор

РЕЦЕНЗИЈА: ВИДЕО: Граѓанска војна во Украина – заземен парламентот, ранети 100 полицајци!

на 25. 12. 2013 | |
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија – вели Кодексот на новинарите. Токму тоа не е испочитувано во овој текст, кој претставува голема дезинформација на публиката, која веднаш поитала да провери за т.н. „Почеток на граѓанската војна во Украина“. Недозволиво е да се информира дека на 23.12.2013 во Киев „350.000 демонстранти тргнале со багери, коктели, железни палки на кордонот полицајци“, а тоа воопшто не е така. Истиот ден кога е објавена оваа бомбастична вест, ниту еден светски сервис, регионална мрежа, или, пак, домашен медиум не пренесоа вести за „борбени“ настани во Киев. Зошто? Затоа што

Рецензија: Една година од црниот 24 декември

на 25. 12. 2013 | | en
Има многу новинарски текстови кои не заслужуваат внимание. Од најразлични причини. Но, оние што се служат со невистини, сериозни невистини, не смеат да се премолчат. Зашто, каков и да е, секој новинарски текст остава трага. Интернетот и новите дигитални технологии ги направија широко достапни и со можност да останат архивирани. Ако не се проговори за нив, ако не се укаже на невистините што ги шират, ја делиме одговорноста дека некој,

Рецензија: Заев лаже колку „тежи“

на 25. 12. 2013 | |
Текстот Заев лаже колку „тежи“ е обвиткан со тенденциозност од насловот, па сѐ до последниот ред. Во него со инсинуации и со конструкции се манипулира јавноста за имотната состојба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Преку класичен спин со делови од интервјуто на Заев,  дадено на националната телевизија, на читателите им се подметнува приказна дека претседателот на СДСМ, наводно, не ја кажува вистината за тоа колку е богат. Притоа, неименуваниот автор се повикува на анкетниот лист на Заев, но наменски ги толкува податоците во него. Линк до оригиналниот напис: Заев лаже колку „тежи“ Датум и време на објавување: 23.12.2013,  14.08 Датум на рецензирање: 23.12.2013 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Написот има проблем со вистинитоста. Одговорот на лидерот на СДСМ на

Рецензија: Психијатриско тестирање за несовесните возачи?

на 25. 12. 2013 | |
Авторот се обидува да ги пронајде и лоцира причините за сообраќајниот метеж во Тетотово. Во тоа „успева“ и констатира дека: „единствената причина за ова е зголемена раздвиженост пред новогодишните празници и голем број печалбари кои се дојдени во овој град за празниците, а не водат сметаката каде ги паркираат своите автомобили“…Решението го гледа во: „барањето на дел од експертите“ несовесните возачи да се упатуваат на психијатриски преглед и лекарот да им забрани управување со моторно возило. Линк до оригиналниот напис: Психијатриско тестирање за несовесните возачи? Датум и време на објавување: 22.12.2013,  18:09 Датум на рецензирање: 23.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Веројатно е вистина дека во Тетово има сообраќаен метеж, бидејќи тоа е вообичаена слика во сите градови пред новогодишните

Рецензија: Фатени на дело: Жерновски ги користи вработените во ЈП Паркинзи на општина Центар за партиски цели!

на 24. 12. 2013 | |
Силни констатации со многу слаби аргументи, тоа се главните карактеристики на овој текст, кој бомбастично најавува дека го „фатил“ видниот опозициски градоначалник со „рацете во медот“. Наводната потврда за тоа дека вработени во оштинско претпријатие се партиски злоупотребени како да е загубена во магливата фотографија која се нуди како крунски доказ за лошото дејание на првиот човек на Центар. Дополнително, написот изобилува се тези, на моменти со силни дисквалификации, кои не само што не се поткрепени, туку се засилени и со формулации кои доликуваат на партиско соопштение, а не на нешто што „претендира“ да биде новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Фатени на дело: Жерновски ги користи вработените во ЈП Паркинзи на општина Центар за партиски цели! Датум и време

Рецензија: Хрватска преплашена: жена стопира возачи пред тунел, влегува во нивниот автомобил, а потоа мистериозно исчезнува!

на 24. 12. 2013 | |
Текстот обработува тема за наводна мистерија во Хрватска, каде постојат приказни дека непозната убава девојка, која најверојатно била дух (!), автостопирала на Јадранската магистрала и на возачите, кои ќе ја качеле во колата, им ја претскажувала иднината, а потоа мистериозно исчезнувала од возилата! Иако е објавен уште пред повеќе од еден месец, овој текст сѐ уште се чита и споделува на социјалните мрежи. Претставува типичен пример на написи со кои во последно време се полнат рубриките ЗАНИМЛИВОСТИ, БИЗАРНИ ВЕСТИ, ПАРАНОРМАЛНО по домашните портали, иако е поместен во рубриката ЖИВОТ, која, вообичаено би требало да донесува посериозни и поиздржани теми. Според начинот на кој  ја обработува, поточно – ја преработува темата од хрватски медиуми – без критичка дистанца, без наведени извори,

Рецензија: Новогодишниот инает на Жерновски ќе ги чини граѓаните и до 100.000 евра!

на 24. 12. 2013 | |
Пред нас се наоѓа текст кој изобилува со коментари и со проценки за кои не е наведено од каде потекнуваат. Затоа, информацијата, дека новогодишната забава на општината Центар ќе чини околу 100.000 евра, остава впечаток како да е на авторот на текстот, кој, пак, е потпишан под псевдоним – „Вероника“. Кога ќе се провери импресумот на сајтот, се доаѓа до заклучок дека таму не фигурира автор со име Вероника. Ова во поглед на одговорноста е несериозно. Тезата во текстот дека Град Скопје има право да организира прослава, а Општината нема право е субјективна и небазирана на извор. Уште повеќе, авторот ја карактеризира новогодишната прослава на Општината како „удар врз традиционалната“, иако во истиот текст тврди дека и традиционалната ќе се

Рецензија: Само тројца сегашни пратеници ќе бидат на новите листи?

на 24. 12. 2013 | |
Весникот објавува два последователни текста во кои се говори за пратеничката група на СДСМ во македонскиот Парламент. Освен овој прилог, кој е предмет на рецензија, истиот ден, но во утринските часови (околу 8 часот наутро) излезе на интернет порталот (претходниот ден и во печатеното издание) и текстот од истата авторка со наднаслов „ПОДГОТОВKИ ЗА ИЗБОРИ“ и со наслов „Пратениците на Црвенковски нема да бидат на листите на Заев?“, со што добиваме третирање на една тема во низа. „Само неколку пратеници што имаат најдолг мандат во Собранието, најверојатно, ќе го поминат партискиот филтер и ќе ја добијат довербата на Зоран Заев за да се најдат на новите пратенички листи на следните парламентарни избори. Откако новиот лидер го зазема претседателското место во