verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев лаже колку „тежи“

on 25 - 12 - 2013       

kurir_mk_makedonija_vesti_142003-Zaev-laze-kolku-tezi-crop-resize

Текстот Заев лаже колку „тежи“ е обвиткан со тенденциозност од насловот, па сѐ до последниот ред. Во него со инсинуации и со конструкции се манипулира јавноста за имотната состојба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Преку класичен спин со делови од интервјуто на Заев,  дадено на националната телевизија, на читателите им се подметнува приказна дека претседателот на СДСМ, наводно, не ја кажува вистината за тоа колку е богат. Притоа, неименуваниот автор се повикува на анкетниот лист на Заев, но наменски ги толкува податоците во него.

FireShot Screen Capture #138 - 'Заев лаже колку “тежи“' - kurir_mk_makedonija_vesti_142003-Zaev-laze-kolku-teziЛинк до оригиналниот напис: Заев лаже колку „тежи“

Датум и време на објавување: 23.12.2013,  14.08

Датум на рецензирање: 23.12.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Написот има проблем со вистинитоста. Одговорот на лидерот на СДСМ на едно од прашањата во инервјуто за националната телевизиска куќа е точно пренесен.

„Зоран Заев истакна дека неговиот имот вреди од 60 000 до 80 000 евра“.

Но, тврдењето што следи потоа не е целосно вистинито.

„Вредноста на имотот кој Зоран Заев ја истакна во вчерашното излагање, не е ни малку слична или блиску со вредноста во анкетниот лист кој го има доставенп до антикорупциската комисија. Зоран Заев во анкетниот лист пријавил вредност на имот во висина од 46 502 000 милиони  денари или 758.597 илјади евра.“

Имено, се прави споредба со податоците од анкетниот лист, меѓутоа  воопшто не се споменува дека поголемиот дел од наведениот имот е семеен, а не лично на Заев, како што стои во написот.

Извори на информации: Текстот се потпира на фрагмент од интервјуто дадено за друг медиум, на кој потоа се „налепуваат“ конструкциите од анкетниот лист (посочен е и линк до него). Во таа функција се користи и стара изјава на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески, од изборен партиски митинг во Струмица. На овој собир Груевски го обвинува Заев дека политиката ја искористил за зголемување на личното богатство.

Содржајност: Текстот е целосно едностран. Наспроти, критиките упатени на сметка на Зеев, нема ниту обид да се побара став од другата страна.

Пристрасност: Начинот на кој е обработен и пласиран овој материјал, вклучително и насловот, покажува јасна интенција да се нападне Заев. Во написот се препознава отворена наклонетост кон партијата на власт.  

Коментирање: Материјалот содржи коментаторски елелменти како:

„Вредноста на имотот кој Зоран Заев ја истакна во вчерашното излагање, не е ни малку слична или блиску со вредноста во анкетниот лист…“

Заклучокот на крајот од текстот, исто така е во коментаторски стил:

„Останува нејасно дали Зоран Заев направи ненамерна грешка или сакаше да ја изманипулира јавноста и да се претстави како човек кој е дел од средната класа во Македонија“

Оригиналност/Плагијат: Тесктот не е потпишан, па веројатно е  редакциски. Вакви написи со некои варијации во насловот,  беа пласирани во повеќе медиуми. Некои како извор го посочија порталот, а некои се повикаа на националната телевизија.

Квалитет на насловот: Насловот ја искажува главната поента од текстот. Тој е претенциозен и содржи големо обвинување на сметка на Заев.

Фотографија: Текстот е илустриран со снимки од интервјуто на претседателот на СДСМ и од говорот на Груевски во Струмица. Даден е и скриншот од анкетниот лист, но на него не се гледа делот каде се опишува типот на сопственоста, туку само графите за имот и за вредност. Ова треба да го долови впечатокот дека „Заев лаже“!

Говор на омраза: Непримерниот речник во  насловот и интонацијата на текстот,  јасно укажуваат на намерата да се дискредитира  личноста на претседателот на СДСМ.

Заклучок: На читателите им е понуден  целосно неизбалансиран и политички некоректен напис. Порталот  истиот ден објави серијал текстови  со делови од пренесеното интервју и сите со критичка интонација кон Заев. Тесктот што го рецензираме, пак, со мали измени, но со истите тези, проциркулира низ поголем број информативни сајтови. Ова остава впечаток за намерите да се креира случај околу имотот на Заев, со цел да се оцрни лидерот на опозицијата и градоначалник на Струмица.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести