verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Фатени на дело: Жерновски ги користи вработените во ЈП Паркинзи на општина Центар за партиски цели!

on 24 - 12 - 2013       

ЈП Паркинзи на општина Центар за партиски цели-crop-resize

Силни констатации со многу слаби аргументи, тоа се главните карактеристики на овој текст, кој бомбастично најавува дека го „фатил“ видниот опозициски градоначалник со „рацете во медот“. Наводната потврда за тоа дека вработени во оштинско претпријатие се партиски злоупотребени како да е загубена во магливата фотографија која се нуди како крунски доказ за лошото дејание на првиот човек на Центар.

Дополнително, написот изобилува се тези, на моменти со силни дисквалификации, кои не само што не се поткрепени, туку се засилени и со формулации кои доликуваат на партиско соопштение, а не на нешто што „претендира“ да биде новинарски производ.

ЈП Паркинзи на општина Центар за партиски целиЛинк до оригиналниот напис: Фатени на дело: Жерновски ги користи вработените во ЈП Паркинзи на општина Центар за партиски цели!

Датум и време на објавување: 19.12.2013  03:40

Датум на рецензирање:  22.12.2013

Рецензент:  Владимир Мирчески

Вистинитост: Самото гледање на насловот веднаш тера на отворање на текстот.  Доказ дека политичар, независно дали е од власта или опозицијата, е фатен на дело подразбира илјадници кликови. Па, кој не би сакал да прочита такво нешто?! Но, токму тука доаѓаме до главниот проблем, бидејќи никаде во текстот нема јасен и недвосмислен доказ за тврдењето во насловот. Не само што понудените фотографии не ја поддржуваат пласираната информација, туку и содржината од кусиот текст само во еден дел се обидува да нѐ увери во „корумпираноста“ на градоначалникот, додека во преостанатото ја „колне“ опозицијата за нејзината непринципиелност и лошо практицирање на политиката. Треба силни аргументи за да се поверува дека:

„Веќе неколкупати имавме можност да видиме вработени во ЈП Паркинзи на Општина Центар се користат во политичките цели на Жерновски. Но, денес, имате можност да ја погледнете и фотографијата на која се гледа како се искористуваат вработените во ова претпријатие“.

Бидејќи нема „саглам“ аргументи, вистинитоста е ставена под сериозен знак прашалник.

Извори на информации: Нема јасно наведени извори на информации, исто како и соговорници. Сѐ се темели на двете фотографии, кои, сепак, не успеваат да понудат целосен кредибилет на текстот.

Содржајност: Би ја имало во „поголем“ степен, ако поинаку би ѝ се пристапило на темата и ако таа била соодветно поткрепена. Вака, гледаме една „фотка“, сликана на маса, од повик за опозициски собир и уште „фотка“ која „најверојатно“ треба да покаже дека вработен во паркинзи на Центар го дистрибуира тој партиски памфлет. Премалку да ги исполни основните услови за содржајност и да оправда зошто, всушност, е напишан овој текст.

Пристрасност: Не може да се избегне впечатокот за „силен дух“ на пристрасност. Целиот текст не се ни обидува да прикрие дека фаворизира една, наспорти другата страна, што доволно го покажува формулацијата:

„Имено, ова не е ни прв, ни последен случај, но е голем доказ за лошата политика која ја спроведува СДСМ“.

Коментирање: Станува збор за уште едно „кукавичко јајце“, односно некој подметнал коментар како дневна информација. Пример, и тоа само еден:

„Ова е уште еден доказ дека СДСМ и коалицијата се оние кои вистински ги малтретираат и искористуваат оние кои ги вработиле. Исто така е уште еден доказ дека изјавата на Заев дека ќе ги „отпуши од работа сите што не се партиски членови на СДСМ“ кога би дошле на власт, е вистина“.

Затоа, ајде повторно да се потсетиме на член 13 од Кодексот на новинарите на Македонија:

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.

Оригиналност/Плагијат: Порталот каде што е објавен текстот како да практикува написите само да ги потпишува со името, но не и со презимето на авторот. Таквиот пристап не само што не е професионален, туку остава и простор за сомневање дека можеби некој се крие зад (не)постоечки имиња. Тоа дополнително го отежнува утврдувањето на „оригиналноста“ на ова четиво.

Квалитет на насловот: Лош! Школски пример за бомбастичност која ги надминува прифатливите граници и „дебело“ навлегува во тенденциозност и „навлекување“ на читателите без поткрепа.

Фотографија: Потрошен е труд да се обезбедат две фотографии како главна поткрепа за „информацијата“ наведена во насловот. Но, тие фотографии не одговараат до крај на зададената задача да се докаже за реални злоупотреби на општински работници.

Заклучок: Накусо, овој текст е како народното: „Многу врева за ништо“. Забележливо отсуство на почитување на професионалната новинарска „игра“ за сметка на јасно присуство на партиски речник. Наликува на само еден во низата „координирани“ медиумски производи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

тешко е да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

требало да ја потврди содржината, но не успева во тоа

не може да се утврди

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести