Новинарски лекции

Намибија, земјата која е на врвот по слободата на медиумите во светот

на 6. 02. 2016 | |
Намибиски весници . Фото: namibiatourismexpo.wordpress.com, 2015  

Во Намибија со Устав се гарантира и се заштитува слободата на печатот. Општо земено, медиумите во Намибија се послободни отколку во многу други африкански земји, иако судирите се зголемени меѓу владата предводена од партијата Југо-западна африканска народна организација (СВАПО) и четвртата власт.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Неодамна објавениот индекс за слобода на печатот во светот, откри дека Намибија е меѓу првите 20

Новинарството е мртво, да живее гласот на народот?!

на 4. 02. 2016 | | sq
Фото: Nicolas Alejandro, 2013

Новиот дигитален формат е фиксиран за телефонски екрани, се мери во зборови, слогови, малечки икони и заразни видеоисечоци, а не во пасуси. Во тој „новинарски“ свет проверката на фактите и на изворите на вестите се прави ретко, ако веќе не е и практично невозможно. Контекстот, таа круна на доброто новинарство, повеќе не е толку важен – се бара брзина и атрактивност.

  Пишува: Сашо Орданоски  

Пропаганда или новинарство: што предлагаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Ванхауте за медиумите

на 2. 02. 2016 | |
Медиумите растргнати меѓу пропагандата, Договорот од Пржино и изборите. Фото: „Мета“, колаж: СПФМ  

Слободни и независни медиуми. Ова е еден од главните критериуми за фер и демократски избори, наведени во Договорот од Пржино, кој го потпишаа лидерите на четирите најголеми партии. Но, преговорите за медиумите веќе неколку месеци се во ќор-сокак. ВМРО-ДПМНЕ даде свој предлог за регулација на медиумската сфера, СДСМ излезе со свои решенија, речиси слични на оние

Македонскиот кризен вител повторно интересен за руската пропаганда

на 2. 02. 2016 | | sq
  Туркање на Македонија под руска капа под диригентска палка на А. Дугин. Фото: скриншот  

Зголемен руски интерес за Македонија имаше минатата пролет, особено во пресрет на крвавата полициска акција во Куманово и на протестите во мај. Потоа, со воената интервенција во Сирија, интересот на Русија во регионот спласна, за сега повторно да се активира како што наближува датумот на изборите.

  Пишува: Борис Камчев   На руската црковна

Поделени мислења за начинот на финансирање на МРТВ

на 2. 02. 2016 | |
Финансирање на МРТ: буџет или претплата, односно колку од буџет, колку од претплата. Фото: ФОСИМ, 2015  

Според новинарите, преку медиумските кампањи власта во име на заштита и на унапредување на информирањето на јавноста, во суштина, изразува огромен страв и недоверба кон работата на медиумите.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за имплементација на Договорот од Пржино излезе со предлог за кој вели дека ќе претставува

ТВ-дневник: Спинувани главните политички настани

на 30. 01. 2016 | |
Дај им збор на амбасадорите, ама прескокни ја нивната најважна порака. Фото: скриншот
 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“  во 18 часот на 29.01.2016 година]

 

Овој ТВ-дневник ги обработи главните политички настани, но тие, главно, беа спинувани, необјективни и несеопфатни. Освен политиката и пофалбите за ВМРО-ДПМНЕ, други позначајни настани од јавен интерес не беа опфатени.

  Пишува: Ана Анастасовска   ТВ-дневникот почна со јавување во живо од пред

Медиумите во политичката војна и триумфот на пропагандата

на 26. 01. 2016 | | sq
Плакатот за филмот „The War You Don’t See“. Извор: Wikipedia  

Како застрашувачко исполнување се остварува предвидувањето на таткото на пропагандата Едвард Бернајс, кој одамна ја најави оваа ситуација – пропагандата не е „невидлива влада“. Пропагандата е – владата!

  Пишува: Зоран Бојаровски   Зошто новинарството ѝ подлегна на пропагандата? Зошто цензурата и искривоколчувањето станаа секојдневна медиумска практика? Зошто младите новинари не ги учат високите доблесни новинарски принципи и не ги препознаваат наменското „новинарство“ и сопствената улога во пропагандистичкиот журнализам? Ова се прашања што бараат итни одговори зашто вистината во оваа земја е превртена наопаку благодарение токму на едно големо мнозинство новинари и медиумски тимови со промоција на лаги и со груби манипулации. Времето во кое живееме, денес и тука,

Зошто е препорачливо да се преведат странските скратеници акроними?

на 25. 01. 2016 | |
Странски скратеници, домашни правописни маки. Фото: Википедија/СПФМ
 

Кога скратениците се преземаат од туѓи јазици, особено од англискиот, покрај тоа да се транскрибираат, препорачливо е да се преведе целосниот назив што го претставуваат зашто непреведувањето на нивното основно значење предизвикува да се употребат погрешно и да се изгуби смислата на реченицата.

  Пишува: Лилјана Петрушевска, лектор по македонски јазик   Скратениците, особено акронимите од имиња на институции, во новинарскиот стил

Како консумираме вести во денешното технолошки богато време

на 24. 01. 2016 | | sq
Во тек е битката меѓу традиционалните и новите медиуми за приматот во вестите. Фото: pixabay/СПФМ  

Паметниот телефон граби кон позицијата најважен уред за следење вести, а социјалните мрежи стануваат сè поважна порта на патот кон вестите и со тоа ја зголемуваат важноста на овој уред.

  Пишува: Владимир Петрески   Најдобар начин да се открие како и преку кои уреди и софтверски алатки консумираме вести во денешниов технолошки богат

ТВ-дневник: Браво за Груевски, уа за Јанева

на 21. 01. 2016 | |
Удри на пропаганда и уживај. Фото: скриншот колаж

 

[Критички осврт врз првиот ТВ-дневник на „Сител“ на 20 јануари 2016 година (среда) во 19 часот]

 

Како и другите досега и ова може да се каже дека беше „нормално“ издание на ТВ-дневник на оваа телевизија. Во него, стандардно, доминираат прилози со омаловажување, недостига објективност, а царува пристраност.

  Пишува: Владо Ѓорчев   ТВ-дневниците треба да бидат објективни, содржајни и вистинити.