Новинарски лекции

Димитровски: Обвинителот бараше од новинарот да го открие изворот за фалсификуваните лични карти

на 18. 01. 2016 | |
„Зошто цела година МВР и Обвинителството не спроведоа истрага за т.н. фабрика за пасоши?“ Зоран Димитровски, одговорен уредник на „Фокус“. Фото: лична колекција
 

Новинарот Љубиша Арсиќ беше на распит, како што велите, во својство на сведок, одговараше на прашања на обвинителот неколку часа, и, колку што знам, обвинителот сè уште не завршил со распитот, ќе има и продолжение кое беше одложено. Скандалот е што обвинителството барало од нашиот новинар

ТВ-дневник: Малку извести, повеќе прокоментирај за Пржино и потоа удри на пропаганда

на 16. 01. 2016 | |
Микс на вести каков што би посакала секоја власт. Фото: скришот  

[Критички осврт врз првиот ТВ-дневник на МТВ на 15 јануари 2016 година во 17.30 часот]

 

Обврската да се плаќа радиодифузна такса создава обврска народните пари да се користат за информирање на јавноста за теми од широк јавен интерес. Наместо тоа, имаме дневник на МТВ кој дава предност на навидум комерцијални текстови за приватни субјекти и промовира владини

Авторизацијата на текстот, деавторизација на новинарот

на 16. 01. 2016 | |
Актерите во контроверзното интервју: Шон Пен, Хоакин Гузман, викан Ел Чапо и Кејт дел Кастиљо. Фото: скриншот
 

Интервјуто на актерот и активист Шон Пен со најпознатиот криминалец во светот, Ел Чапо, подигна многу прав. Мејнстрим медиумите му забележаа на авторот дека на „наркобосот“ му дозволил да даде авторизација на интервјуто, премолчувајќи дека тоа е речиси вообичаена практика и кај најголемите новинарски имиња.

  Пишува: Љубомир Костовски   Најпознатиот нарко-криминалец

Екологија за новинари

на 15. 01. 2016 | | sq
Peeing statues in Kiev (From Wikimedia Commons, the free media repository)
 

Многу е важно да ја истакнеме неподносливата леснотија со која толку неодговорно се однесуваат некои медиуми кога се во прашање отчетноста, професионалните стандарди, одговорноста за вистината, респектот кон сопствената публика и кон јавниот интерес.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Ако некој воопшто се прашува дали фер пристапот и однесувањето во новинарството се важни, тогаш треба да се потсетиме

Вистинското истражувачко новинарство секогаш е под „Spotlight”

на 12. 01. 2016 | |
Злоупотреба на деца од страна на католички свештеник – графит во Лисабон. Фото: Wikipedia.org  

Во 2003 година, по серија написи, „Бостон глоуб“ доби Пулицерова награда. Весникот ја доби наградата за својата храброст, комплетна покриеност, напор кој предизвикал да биде откриена тајна, да испровоцира локална, национална и меѓународна реакција, како и тоа што текстовите произведоа промени во Римокатоличката црква

  Пишува: Владе Ѓорчев   Филмот „Spotlight“ (слободен превод: рефлектор, центар

Извештај на ИКС: МТВ, „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“ ја фаворизираат ВМРО-ДПМНЕ, а го демонизираат СДСМ

на 12. 01. 2016 | |
Сите провладини телевизии известуваат исто – од збор до збор. Фото: Mr.TinDC, Newseum Interactive Newsrooms, 2009  

Анализата на Институтот за комуникациски студии покажува дека постои голема сличност во врамувањата кои се конструирани во вестите од јавниот сервис и од комерцијалните медиуми „Сител“, „Алфа“ и „Канал 5“. Постои големо совпаѓање во изборот на темите, изворите и во аголот на обработка на темите. Може дури и да се забележи синхронизирано емитување

Новиот Етички кодекс на МРТВ: Поважна формата и габаритот од содржината

на 29. 12. 2015 | |
МРТ Кодекс. Фото ефект: photofunbox  

Гломазен и не докрај јасен, Етичкиот кодекс на МРТВ нема да биде функционално и оператвно применлив во секојдневната динамична работа на новинарите. Тој, во ваква форма во каква што е сега, отвора широки можности за статус кво во телевизијата и во општеството, а покрај тоа не ги упатува новинарите преку својата професија да бидат совест на заедницата.

  Пишува: Александар ПИСАРЕВ   За да се

ТВ-дневник: Владата најдобра, опозицијата не чини, граѓаните ги нема никаде

на 24. 12. 2015 | |
Да живее власта! Фото: скриншот, фото ефект: photofunbox.com   [Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ во 18 часот на 23.12.2015 година]   Аферата „Фабрика за личните карти“ беше главна тема во овој ТВ-дневник. Дневникот во целина  претставуваше манипулативна и шпекулативна критика на опозицијата и голема пофалба за власта. Опозициските изјави и активности ги немаше никаде, освен во негативна конотација, а немаше ниту збор за некој од проблемите на граѓаните.

Вест во низа – да се заинтересира неинформираниот без да се изгуби упатениот

на 22. 12. 2015 | | sq
Сторија во низа: малку по малку, ама пак цела и пак за исто. Фото: скриншот, Fox29  

Афери, сканадали, природни непогоди и тековни процеси создаваат потреба од континуирано информирање на јавноста во подолг временски период. Обврска на професионалниот новинар е да обезбеди доволно информации за неинформираните делови од својата публика, воедно задржувајќи го трпението на гледачите или читателите кои се добро информирани за текот на настаните. Токму во тоа се

Чаусидис: Новинарите не треба да бидат алатки за останување или симнување од власт на одредена партија

на 21. 12. 2015 | |
Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ. Фото: лична колекција   Не можете да имате квалитетни новинари за 4.000 денари плата. Од професијата бегаат младите, талентирани луѓе, а таа се „ослободува“ од искусните, образованите затоа што тие се, нели, „скапи“. На крајот на денот, останувате со лош кадар или со кадар кој е комплетно деморализиран, умртвен и се води од максимата „купи ден продади“, вели претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис. Во интервју